Откако ќе се омажиш / ожениш и ќе поднесете барање за дозвола за престој за тебе , зависи од државата во која се наоѓаш се чека од 6 до 18 месеци за првото интервју , ако успешно докажете дека вашиот брак е валиден и доволно се знаете со партнерот ви се издава зелена карта од 2 години , после тие 2 години ќе имате второ интервју каде исто ке треба да докажете дека вашиот брак е вистинит и докази за истиот ( заеднички фотографии , сметки ,дом, деца ... ) , ако го поминеш и тој чекор ти се издава зелена карта од 10 години , а за државјанство можеш да аплицираш откако ке поседуваш зелена карта 3 години ако си сеуште омажена / оженет или после 5 години ако се разведете после второто интервју без да направите 3 години .[DOUBLEPOST=1464532489]