- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
Бидејќи поради презафатеност Господ не секогаш е достапен, корисниците на неговите услуги за ова прашање пожелно е да се обратат на неговите разни генерални застапници и овластени дистрибутери ширум планетава и низ вселената.има начин да се напрај ова?? како до отказ од верата? искрено прашвам?
Некогаш процесот на откажување од верата бил многу мачен и често подразбирал откажување од некои делови од телото или неретко, од целото тело. За среќа денес тоа не е така. Освен ако не си муслиман кој живе во Саудиска Арабија. Или на територијата на најновата исламска држава. Или во некоја друга муслиманска државна творба. Тогаш нештата стануваат покомплицирани, Алах се лути и ете ти непријатности и нервози.
Но овде кај нас не би требало да имаш проблеми. Процесот на апостазија може да се реализира на повеќе начини. На пример, можеш да се откажеш од Бог преку весник: Јас (тој и тој, со место и адреса на живеење тие и тие), се откажувам од Бога поради тоа и тоа (ќе наведеш тука причини). Кај нас мора да има некаква јавна установа или невладина организација која добива пари за да се грижи за вакви проблеми. Обрати се и кај нив. Или можеш да раздразниш некој поп или уште подобро, владика така што ќе го прашаш од каде 80.000 евра за нова кола и дали така Исус влегол во Ерусалим на Цветници. Така можеш, ако си доволно посветен, да добиеш и писмено уверение дека не си многу по верата.
Сепак, јас длабоко би размислил во врска со ова решение, затоа што тоа може да ги наруши твоите посмртни планови (види повеќе во темата живот после смртта), а и ја губиш гаранцијата која не е само доживотна. Ако тоа не те вознемирува, тогаш немаш гајле.