ВМРО
Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
- Член од
- 12 септември 2005
- Мислења
- 1.863
- Поени од реакции
- 25
СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НАЈСКАПИОТ ТРАНСФЕР
Милан ја откри понудата за Роналдињо
Официјалниот претставник на калчо гигантот Милан за шпанската Примера дивизион, Ернесто Бронѕети, во наредните денови ќе има нов состанок со братот на Роналдињо, кој истовремено е и агент на најдобриот фудбалер на денешницата, Роберто де Асис. Клучниот разговор според италијанските медиуми ќе се одржи во Мадрид, а на состанокот Бронѕети ќе ја презентира официјалната понуда на "росонерите", кои се подготвени на Роналдињо да му понудат рекордни 12 милиони евра годишна плата.
Раководството на Барселона и Роналдињо веќе подолго време не преговараат за продолжување на соработката, а исто така финансискиот директор на Каталонците изјави дека Барса е подготвена да понуди годишна плата од 9 милиони евра.
Еден од виновниците за евентуалната продажба на Бразилецот, сигурно ќе биде репрезентативецот на Португалија и моментно најдобар играч на Манчестер Ј., Кристијано Роналдо.
За да ги осигура услугите на Роналдо, Лапорта е подготвен да издвои рекордни 85 милиони евра, кои најверојатно ќе бидат обезбедени со продажбата на бразилскиот "магионичар".