Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.205
- Поени од реакции
- 34.441
Штотуку инсталиравте Ubuntu на вашиот компјутер, или пак имате shell пристап на некој Linux систем и сте желни да "правите бељи"?
Еве листа на 10-те основни команди кои секој Linux почетник треба да ги знае.
1) ls
Оваа основна команда е вашето "око" системот на податоци. Користете ја за да ја излистате целата содржина во одреден директориум.
За детален преглед на фајловите (пермисии, корисници, групи, последно модифицирано и сл.) додајте ја опцијата l - на пример:
ls -l
Исто така, може да ги излистате сите фајлови користејќи "џокери". На пример, ако сакаме да добиеме листа од сите фајлови што почнуваат на буквата f, пишуваме:
ls -l f*
2) find
Се чудите каде го сочувавте документот? Користете ја "find" командата за да го пронајдете фајлот што го барате. Може да пребарувате во кои директориуми сакате, по име, датум, последен пат пристапено, големина на фајлот и тн... Командата "find" има многу можности, а сите може да ги дознаете со типкање man find.
find / -name f*
3) man
Во погорниот текст го спомнавме "man find". Што значи тоа? "Man" значи manual (упатство), а со тоа "man find" би значело - упатство за пребарување. Речиси сите Linux команди имаат свое упатство кое го опишува начинот на користење на командата, а неговата употреба би изгледала вака:
man vi
4) vi
Текстуалниот уредувач (editor) за Linux корисници. Напишете "man vi" за да добиете детално упатство за овој уредувач - ние ќе ви прикажеме само дел од нив:
i - поместување на десно
h - лево
ј - долу
k - горе
YY - внесете Y двапати за да копирате цел ред
DD - внесете D двапати за да исечете (cut) цел ред
P - за пастирање на ред
:q! - излез без сочувување
:wq! - сочувај и излези
:w! - сочувај
5) cat
Како да ја прегледате содржината на одреден фајл?
Еве ја соодветната команда:
cat imetonafajlot.txt
6) more
Што се случува ако прегледувањето на некој фајл со cat "исполнува" повеќе од 1 екран? Тогаш може да ја поделиме содржината на овој начин:
cat imetonafajlot.txt | more
7) grep
Што доколку сакате да пребарувате низ одредени фрази/зборови во еден фајл? За таа намена, може да ја искористиме grep командата. Да речеме дека сакаме да ги пронајдеме сите фрази "passwd" во одреден фајл"
grep "passwd" imetonafajlot.txt
(ако постојат совпаѓања, сите редови кои го содржат зборот "passwd" ќе бидат прикажани)
8) chmod
Имате некоја скрипта што треа да ја стартувате, но - не се стартува. Со впишување на "ls -la" командата може да видите дали таа скрипта има execute пермиси. Доколку нема, веднаш може да и доделите впишувајќи ја следнава команда:
chmod +x imetonaskriptata
9) ps
Кои процеси ви работат во позадина? Како може да го видиме тоа? Со користењето на "ps" командата може лесно да утврдиме кои процеси се активни во одреден account.
10) cp, mv, rm
Како да копирате, преместите или избришете некој фајл? Всушност, за сите функции постојат 3 различни команди:
а) копирање
cp stariotfajl.txt noviotfajl.txt
б) преместување
mv stariotfajl.txt noviotfajl.txt
в) бришење
rm imetonafajlot.txt
Тоа се основните команди, со нив, отворени ви се портите за да ги научите и "покомплексните".