Основни Linux команди

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.227
Поени од реакции
30.853


Штотуку инсталиравте Ubuntu на вашиот компјутер, или пак имате shell пристап на некој Linux систем и сте желни да "правите бељи"? :)
Еве листа на 10-те основни команди кои секој Linux почетник треба да ги знае.




1) ls
Оваа основна команда е вашето "око" системот на податоци. Користете ја за да ја излистате целата содржина во одреден директориум.
За детален преглед на фајловите (пермисии, корисници, групи, последно модифицирано и сл.) додајте ја опцијата l - на пример:
ls -l
Исто така, може да ги излистате сите фајлови користејќи "џокери". На пример, ако сакаме да добиеме листа од сите фајлови што почнуваат на буквата f, пишуваме:
ls -l f*


2) find
Се чудите каде го сочувавте документот? Користете ја "find" командата за да го пронајдете фајлот што го барате. Може да пребарувате во кои директориуми сакате, по име, датум, последен пат пристапено, големина на фајлот и тн... Командата "find" има многу можности, а сите може да ги дознаете со типкање man find.
find / -name f*


3) man
Во погорниот текст го спомнавме "man find". Што значи тоа? "Man" значи manual (упатство), а со тоа "man find" би значело - упатство за пребарување. Речиси сите Linux команди имаат свое упатство кое го опишува начинот на користење на командата, а неговата употреба би изгледала вака:
man vi

4) vi
Текстуалниот уредувач (editor) за Linux корисници. Напишете "man vi" за да добиете детално упатство за овој уредувач - ние ќе ви прикажеме само дел од нив:
i - поместување на десно
h - лево
ј - долу
k - горе
YY - внесете Y двапати за да копирате цел ред
DD - внесете D двапати за да исечете (cut) цел ред
P - за пастирање на ред
:q! - излез без сочувување
:wq! - сочувај и излези
:w! - сочувај

5) cat
Како да ја прегледате содржината на одреден фајл?
Еве ја соодветната команда:
cat imetonafajlot.txt

6) more
Што се случува ако прегледувањето на некој фајл со cat "исполнува" повеќе од 1 екран? Тогаш може да ја поделиме содржината на овој начин:
cat imetonafajlot.txt | more

7) grep
Што доколку сакате да пребарувате низ одредени фрази/зборови во еден фајл? За таа намена, може да ја искористиме grep командата. Да речеме дека сакаме да ги пронајдеме сите фрази "passwd" во одреден фајл"
grep "passwd" imetonafajlot.txt
(ако постојат совпаѓања, сите редови кои го содржат зборот "passwd" ќе бидат прикажани)

8) chmod
Имате некоја скрипта што треа да ја стартувате, но - не се стартува. Со впишување на "ls -la" командата може да видите дали таа скрипта има execute пермиси. Доколку нема, веднаш може да и доделите впишувајќи ја следнава команда:
chmod +x imetonaskriptata

9) ps
Кои процеси ви работат во позадина? Како може да го видиме тоа? Со користењето на "ps" командата може лесно да утврдиме кои процеси се активни во одреден account.

10) cp, mv, rm
Како да копирате, преместите или избришете некој фајл? Всушност, за сите функции постојат 3 различни команди:
а) копирање
cp stariotfajl.txt noviotfajl.txt
б) преместување
mv stariotfajl.txt noviotfajl.txt
в) бришење
rm imetonafajlot.txt

Тоа се основните команди, со нив, отворени ви се портите за да ги научите и "покомплексните".
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
167
Ова ми личи ко основните команди во DOS
 
P

Princ

Гостин
Тоа се основни команди. Копирај, премести, отвори нов фајл/директориум... Што не е јасно?
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
167
Ништо кога ќе инсталирам Линукс на комјутеров здравје боже на лето тогаш, може ќе има повеќе прашања од моја страна.
 
Член од
3 август 2006
Мислења
76
Поени од реакции
1
Иако е добро да се научат
командиве се бесорисни денес
 

Ashley

بين الحياة والموت
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.043
Поени од реакции
34
Еве уште некои команди :

pwd-во кој тековен именик моментално се наоѓате.
env-за да се види кои променливи постојат и кои се нивните вредности.
who-да видите кој е најавен во системот.
write корисник-за да пишете на некој кој е најавен.
talk корисник-за да започнете интерактивен разговор.
mesg n-за да не добивате пораки или барања за разговор.

sed-линиски уредувач со кој се врши уредување на датотеки.​
[FONT=Times New Roman,Times New Roman]
[/FONT]
 
Член од
2 декември 2005
Мислења
21
Поени од реакции
0
Еве ви линк за подетално упатство на основните команди и нивното користење.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.521
Иако е застарена може да оди темава за важна, бидејќи без команди нема Линукс :helou:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Helppp
dali nekoj mozi da mi kazi sto pravi izrazov?
who | tr -s " "| cut -f 1,4 -d " " | grep"ii...." | grep "13:.." | cut -f 1 -d " "
 

Wizz.

TheBest
Член од
27 септември 2009
Мислења
250
Поени од реакции
67
Ова во училиште со su командата. После ќе викав кај ми отиде презентација!!!! :vozbud:
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Абе каков Линукс дај ваму ФЕЈСБУК да си напишам на другарката нешто на зидот.........:LOL:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom