Ослободувањето на Битола во Втората светска војна (04.11.1944)

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Бидејќи не најдов ваква тема за Битола туку само за ослободувањето на Скопје во Втората светска војна, решив да ја отворам и да дознаеме што е можно повеќе за тоа кој и како ја ослободи Битола од фашистичкиот окупатор.
Сите учесници во НОВ заслужуваат почит, тие се бореа за нашата слобода!

Еве што јас успеав да најдам за овој многу битен настан...


Прва Егејска Бригада - Ослободувањето на Битола


Непосредни борби за ослободувањето на Битола

Седмата бригада која останала на теренот од Битолско и во текот на октомври не прекинала со нападите врз непријателските сили. Така имало повеќе напади од кои ги одбележуваме следните:
- 3 октомври: Седмата бригада во борби ги отфрлила две германски колони, извидувачкиот батаљон на 104-тата германска дивизија и др.
- 6-7 октомври: Бригадата во напад кај месноста Превалец уништила 4 камиони од колоната која броела 100 такви.
- 7-8 октомври: Врз колоната од камиони бил повторен напад и во ноќта меѓу 7-8 . Истоврмено била нападната и друга германска колона кај село Крклино.
- 13 октомври: Еден батаљон на Бригадата нападнала германска воена единица при село Кажани.-
- 29 октомври: Бригадата водела жестоки борби со германските сили кај селата Тополчани и Тројкрсти, германски моторизирани колони и еден оклопен воз. Сите германски сили покрај загубите на човечки жртви и материјали морале да се повлечат кон Битола не можејќи да се пробијат кон Прилеп.
Седмата бригада скоро цело време до октомври останала на подрачјето на Битолско, а нејзиниот штаб се наоѓал во битолското село Гопеш. Командант на Бригадата во ова време бил Лавчанецот Пецо Гудовски.

Ослободување на Битола

Германските сили уште во октомври беа зацврстиле непосредно до село Могила. Тука имале сконцентрирано околу 100 митролези, 25 минофрлачи, многу камиони, биле ископани и ровови. Фортикациониот систем ја опфаќал линијата Св. Недела - Монополот - Железничката линија - Француски гробишта како и зајакнати пунктови еврејските гробишта, земјоделско училиште и друго.
49-та дивизија на 2 ноември добила задача да ја ослободи Битола. Во градот била воведена опсадна состојба. насекаде имало запречни препреки, ограничено движење и слично.
На 3 ноември 1944 година Седмата и Деветтата бригада воделе борби со германските сили стационирани во близината на село Могила. Истиот ден Врховниот штаб ја испратил следната телеграма до Главниот штаб на Македонија: „Потребно е да развиете максимална активност. особено е важно да ги ослободите што побрзо градовите и граничниот појас кон Грција. Да бидат држени сите градови, премини и сообраќајници на границата кон Грција. Да не бидат пуштени ничии групи на наша територија без наше одобрение. Многу е важно да бидат заземенни што побрзо градовите Гевгелија, Дојран и Битола. Тито“
Согласно телеграмата на Тито борците од 49 југословенска дивизија ги засилила своите акции. Така борбата кај Могила продолжила и на 4 ноември, а во предпладневните часови единиците на Седмата бригада на чело со командантот Пецо Гудовски одушевено пречекани од населението влегле во Битола.
Така, по неполна четиригодишна окупација македонските борци го ослободија својот град Битола.

Пишете и вие што знаете, што повеќе факти, подобро да ја согледаме борбата за нашето денешно слободно живеење во независна Македонија!
--- надополнето: 17 февруари 2012 во 22:01 ---
Настани Јануари 1944 - Март 1944, што воделе до финалната битка...

6 Јануари 1944 година

Префрлање на Обласниот комитет на КПМ во Битола

Седиштето на Обласниот комитет на КПМ-Битола било во слободна Дебарца, но поради тешкотии во одржување на врските со теренот, на еден состанок било решено седиштето на Обласниот комитет на КПМ да се префрли во Битола. Во текот на декември 1943 година биле извршени сите подготовки, а на 6.I.1944 година во Битола влегле Трајче Грујоски - Павле, Лазо Хаџи Поповски - Јорго и Блаже Талески-Иван. Во ова време како инструктор на Обласниот комитет дејствувала и Вера Оровчанец - Лена дојдена уште во мај 1943 година.
20 Јануари 1944 година

Тодоровски / Петковски / Томев Димитар

Роден е на 23 Октомври 1923 година во селото Брусник. Основно училиште учел во селото, а потоа продолжил и гимназија во Битола каде завршил VII клас.

Во гимназијата припаѓал на СКОЈ. Кај него, во периодот од 1939 година како и за време на окупацијата, големо влијание извршил неговиот вујко Коле Канински, т.ш. Димитар со помош на Канински станал организатор на напредната младина во селото Брусник. Во зимата 1942 година станал секретар на една воспитна група во селото и се до неговото стапување во НОБ редовно работел со младинците.
На 13 Септември 1943 година се проклучил на НОБ. Учествувал во борбите кои се воделе на Кајмакчалан и Караџова. Загинал на 23 Јануари 1944 година кога бил во патрола и наишол на една бугарска стража.
Јануари 1944 година

Бегството од Битолскиот затвор на политички затвореници

Истражниот затвор во Битола бил мошне познат по лошоте постапки на „сослушувачите“. Во него многумина членови на КПЈ од Битола, Ресен, Прилеп и околните села биле подложени на инквизиторски мерки на иследување. Благодарение на својата решеност затвореникот Никола Николовски успеал преку хуман стражар по име Петко Петков од град Русе - Бугарија да се снабди со пила. Откако неколку дена работел ги пресекол железните решетки. Тогаш се договорил со уште некоку затвореници са избегаат. Така и направиле. Тоа биле Мустафа, Ристо Јанков, Панда Чеснова, Мишко Радосављевич и Никола Николовски. По извесно време сите се приклучиле на НОВ и ПОМ.
23 Февруари 1944 година

Последна блокада на градот

Бугарската окупаторска власт во Битола била сосем немоќна особено во 1944 година. Тогаш со градот веќе, иако илегално, раководела НОО помаган од Партијата. Наредбите на народната власт населението ги исполнувало беспрекорно. Прехрамбени артикли и други материјали (облека, чевли) парични средства и друго НОО и Париската организација ги снабдувала од скоро сите граѓани на Битола - за потребите на НОВ.

Окупаторските сили доследни на својата улога во Македонија за да го спречат сенародното ослободително движење на ден 23.II.1944 година извршиле блокада на градот барајќи ги првенците на партијата. Сето им било залудно. Тоа била и последната блокада на градот во четиригодишната окупација.
7 Март 1944 година

Дводневниот штрајк на работниците на „Момирок“

Во Битола за време на окупацијата постоело претпријатие за обработка на лискум, т.е момирок. Повеќе од политички, а помалку од економски причини, околу 300 работници организирани од членови на илегалните КПЈ стапиле во дводневен штрајк, т.е се дотогаш не им биле исполнети барањата. Тоа биле редовна исплата и зголемување на надниците.
1 Март 1944 година

Масовно апсење на граѓани

Окупаторската власт во својата немоќ преку блокади да ги открие првенците на КПЈ во Битола кои раководеле со НОБ во градот и одржувале врски со воените единици на 11.III.1944 година извршила масовно апсење на, за неа, сомнителни Битолчани. Во масовното апсење полицијата затворила неколку стотини граѓани меѓу кои и околу 60 жени. Меѓутоа, од ова притворување окупаторот немал никаква корист зошто меѓу поапсените имало сосема малку членови на КПЈ. Бидејќи за затворените немало обвинителни аргументи во наредните денови повеќето биле ослободени. Мнозина од нив веднаш по ослободувањето се приклучиле кон воените единици на НОВЈ. Само на 20.III.1944 година 22 Битолчани станале нови борци на НОВЈ.
Крај на Март 1944 година

Мобилизација во Битолско

Колку што акциите на НОВЈ во Битолско биле поголеми толку и потребите од нови борци станувале поголеми. Така од крајот на месец Март партизаните што биле задолжени со работа на територијата од Битолско започнале да вршат мобилизација на оние лица што требало да стапат во армијата. За таа цел бил умножен образец - позив за мобилизаирање на лица, кој гласи:
ПОЗИВ
По наредба на генерал Апостолски командант на главниот штаб на народно-ослободителната војска на Македонија, од 3.III.1944 година за мобилизација во Битолско, Прилепско, Велешко, Тиквешко и Ѓевгелиско, се повикува (било наведено името на лицето) од село/град (бил наведен градот или селото) општина ___________ околија ___________ да се јави одма во најблиската единица на НОВ на Македонија.

Во денешните слободни денови на Македонскиот народ должност е на секој чесен Македонец да со радост го земи овој позив и се бори за полното истребување на бугарските и германските окупатори од нашата татковина и така си го исполни својот долг спрема својот народ.
Оној кој не се одзови на овој позив се смета како воен бегунец и како таков ќе одговара пред војнио суд.
За мобилизациона комисија

(потпис на одговирното лице)
Вакви позиви добиле многу млади луѓе од Битолско кои по организиран пат биле прифатени односно префрлени до најблиските единици, т.е. стапиле во НОВЈ.
Март 1944 година

Повик на доброволци во вториот комитет на СКОЈ за младинците

Бугарската окупаторска власт секоја година од 1941 до 1944 година вршела редовна регрутација на младината од Македонија за бугарската власт- кое нешто не било случај со другите окупирани земји. Поради тоа, во мај 1944 година Вториот областен комитет на СКОЈ издал позив до младинците од Битолско, Прилепско, Охридско, Крушевско и Ресенско кои биле родени во 1924 година.

На позивот, младинците родени во 1924 година од споменатите краеви масовно се одзвале, зпшто во истото време имало и услови да се прифатат во бројните воени единици на НОВЈ во Македонија.
Март 1944 година

Кавалиновски Ангелов Ристо

Кавалиновски е роден на 14. III. 1922 во село Бистрица. Потекнува од селска земјоделска сиромашна фамилија. За време на стара Југославија по завршувањето на четврто одделение работел како наемен земјоделски работник. Веднаш по окупацијата Кавалиновски работел за НОБ. Во месец септември 1942 година бил мобилизиран од бугарската војска во која бил се до март 1943 година. На 12 Март 1943 година кога дошол на отсуство не се вратил во единицата, туку доброволно се приклучил кон партизанските одреди, а подоцна во Седмтата бригада.

При еден напад на бугарски участок во село Злокуќани извршен во март 1944 година Кавалиновски тешко ранет паднал во рацете на окупаторот. Бил мачен, но никого не провалил, иако знаел за повеќе партиски работници на теренот на Бистричко. По долго мачење тој бил на најсвиреп начин ликвидиран од окупаторие, а неговите остатоци и ден денес не се знае каде се.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
-со големо задоволство го примив сознанието за отварање на
оваа тема за ослободувањето на Битола во групата теми на
форумов за нашата НОВ. Нека се продолжи така и за другите
наши градови и села.Селата беа најголема поткрепа на
НОД и партизаните. А јас ионака ќе пишував за овој настан во
темата за “Македонските бригади во НОВ ( 7 МНБ ). Но може
некој поинформиран да напише и за нападот и заземањето на
Битола во априлската војна.Воопшто за априлската војна тс.
агресијата од “немците“ е многу малку пишувано,а Битола е
еден од ретките градови кој даде отпор.Поточно негде имам
читано дека имало и улични борби и Битола е бранета кога
“швабине“влегле дури и е пукано во нив од врвот на џамијата.
За Скопје ги имам податоците на загинати при бомбардирањето.
За Битола може и тоа да се побара и напише.
За битолските борци имам напишано во други теми по нешто.
Секогаш кога ќе си спомнам за НОВ во Битолско, не може а да
не се сетам и да не го спомнам храброто загинување на
Тодор Ангелевски-Строгов во село Лавци.

-----------------------На Тодор Ангелевски

На сред село збрани
пред митралез стојат селаните, испраени!
А децата
што наивност в очи им блика, наредени
како пред жртвеник чекаат
Наоколу тишина...
Сал мисла, ко птица низ секого мине, скришна:
“Дали ќе го најдат?“
Секој од камен понем станал!
Ни плач! Ни лелек! Ни писок најмал!
Сал чкртање заби во крвничка уста и,кундак по плеќи
Пак тишина!!!
...Негаде ѕвонец заѕвони :
Некоја порта со сила се отвори.
То крвникот - предавник - не почива миг,
И ко хиена штом смириса крв,
Се приближува полека, полека, но не прв!
Обрачот се повеќе стега...
Тишината намирисала бура па чека.
Одеднаш пукот, два...
Некаде заечи митралез и, борбата пламна.
Бој нерамен беше.
Тој сам !
Ко карпа пред сите стоеше!
Пресудата гласеше :СМРТ !
Но, сам тој судија стана на животот свој
и крвникот останал пак со празни раце тој!
На сред село збрани,
со гордост во очите стојат селаните исправени,
наивноста избегала од очите насолзени.
-----------------------------------------------------------------------------
извор:објавена во списанието на Литературната дружина
во О.У.“Тодор Ангелески“- во учебната “59-“60 год.стр.17
За делото и животот на “Даскалот“- ќе напишеме повеќе.
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Детално за активностите и сите поважни личности кои учествувале во ослободувањето на Битола, прочитајте овде! (y)
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Jimmy, ако ги превземаш информациите од одреден сајт дај неколку најважни информации и линк до сајтот зашто вака може до бескрај да се постира и нема да има прегледност темата.
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Jimmy, ако ги превземаш информациите од одреден сајт дај неколку најважни информации и линк до сајтот зашто вака може до бескрај да се постира и нема да има прегледност темата.
Фала на забелешката, ќе го имам мислењето во предвид, поздрав. :)

Некои од одредите и баталјоните што учевствуваа со НОВ во Битолскиот регион.


Бригада "Стив Наумов"



Бригада "Даме Груев"


Одред "Гоце Делчев"


Одред "Јане Сандански"


Втора Тиквешка Бригада - 3 Баталјон


Одред "Даме Груев"
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Вакви теми ни требаат,за да сфатат луѓето,а воедно и да се разбие митот,дека "некој не ослободил",или дека "некој ни направил држава".


Значи јасно и гласно.....никој не не ослободил....туку Македонци гинеле за својата земја,и самите сме се ослободиле од окупаторот....не дошол никој да не ослободува!!!

Доста не лажеа со митот,дека да не била Југославија,дека немало да постоиме.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Колку што имам слушнато, пред да е ослободена Битола, бил ослободен Прилеп, а со тоа било спречено повлекувањто на окупаторите од Битола.
Би био добро да некој хронолошки ги опише настаните.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Колку што имам слушнато, пред да е ослободена Битола, бил ослободен Прилеп, а со тоа било спречено повлекувањто на окупаторите од Битола.
Би био добро да некој хронолошки ги опише настаните.
Првата пушка е во Прилеп и Куманово е на 11 Окт. 1941, како формален организиран отпор против бугарскиот окупатор т.е фашистите ако мислиш на тоа.
3 Ноември е официјално денот на ослободувањето на градот Прилеп.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Првата пушка е во Прилеп и Куманово е на 11 Окт. 1941, како формален организиран отпор против бугарскиот окупатор т.е фашистите ако мислиш на тоа.
3 Ноември е официјално денот на ослободувањето на градот Прилеп.
Не мислев на 1941.
Пред мене ја имам книгата Нова крв од Прославениот Партизански Командант Димо Јанчевски - Бодри. Инаку Бодри, во тоа време бил Командант на 3. батаљон од Втората бигада.
Ослобудувањето се случило на 9 септември 1944 година, а го извршиле 2. и 10. Бригада, двете од составот на 41. Дивизија на НОВ.
Претходно било договорено, да во ослободувањето на Прилеп учествуваат и бугарските војници во прилепскиот гарнизон. Но некој од бугарските офицери, ова го кажал на германците. Затоа германците со артилерија ги бомбардирале бугарите и делумно ги разоружале и истепале. Преживеаните бугарски војници, во јачина на еден батаљон, сепак учествувале во ова ослободување. Инаку тогаш во Прилеп биле делови од 45. бугарски пешадиски полк и 15. бугарски артилериски полк од чии остатоци е формиран еден зајакнат батаљон под команда на бугарскиот полковник Младенов.
На 11. септември 1944, во Прилеп е одржан митинг по повод ова ослободување.
По неколку дена германците од Битола повторно го зазеле Прилеп. Неможев да разберам дали со борба или партизаните сами се повлекле на Плетвар каде што борбите продолжиле.
Затоа мислам дека е потребно да се направи една хронологија на случувањата во Битола и Прилеп.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
- е вака сакам, да се обединиме , да се вклучиме во изучувањето
на нашата историја сите ние кој го сакаме тоа, а историчарите да
ни потпомогнат со нивното знаење и со факти. А сето тоа да го
разбере и прочита и младава генерација.Македоноја сама се
извојува за својата слобода и за оваа држава што ја имаме.Такви
биле условите тогаш што не се успеало и во целосно обединување
на македонскиот народ кој се борел и во другите свои делови.
-Ќе наведам овие денови хронолошки ослободувањето на сите
градови поточно на Македоноја и на единиците што учествуваа
во тие борби ( и за други “туѓи“ единици ,за да се знае нивниот%)
-За Прилеп
-Од 29 октомври до 2 ноември1944 год. 41 и 49 дивизија водеа
тешки борби за повторно ослободување на Прилеп при што
градот беше конечно ослободен.Со борбите за Прилеп беше
решено ослободувањето на Битола.Така на 4 ноември 1944 год.
49-та МНОД во содејство на Мак.Егејска Ударна Бригада и
единиците на командата на подрачјето ја ослободија Битола.
-Инаку офанзивата почна порано од единиците на 15 Корпус
на НОВ и ПОЈ во месец октомври 1944 год.
-Може накнадно да ги опишам и борбите за овие настани,но
што повеќе се вклучиме тоа подобро на пример за ова да имат
главен збор прилепчани и битолчани.
-За ослободувањето на Кичево, ајде тамошни јавувајте се, овде
ќе треба повеќе пишување и објаснување.Кичево е СЕДУМ пати
ослободувано,од кои има и неуспешни обиди тс. многу жртви на
наша страна поради неусогласени и ненавремени напади а кој
некои раководители и команданти го криева долго време тоа.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.425
Поени од реакции
572
Не мислев на 1941.
Пред мене ја имам книгата Нова крв од Прославениот Партизански Командант Димо Јанчевски - Бодри. Инаку Бодри, во тоа време бил Командант на 3. батаљон од Втората бигада.
Ослобудувањето се случило на 9 септември 1944 година, а го извршиле 2. и 10. Бригада, двете од составот на 41. Дивизија на НОВ.
Претходно било договорено, да во ослободувањето на Прилеп учествуваат и бугарските војници во прилепскиот гарнизон. Но некој од бугарските офицери, ова го кажал на германците. Затоа германците со артилерија ги бомбардирале бугарите и делумно ги разоружале и истепале. Преживеаните бугарски војници, во јачина на еден батаљон, сепак учествувале во ова ослободување. Инаку тогаш во Прилеп биле делови од 45. бугарски пешадиски полк и 15. бугарски артилериски полк од чии остатоци е формиран еден зајакнат батаљон под команда на бугарскиот полковник Младенов.
На 11. септември 1944, во Прилеп е одржан митинг по повод ова ослободување.
По неколку дена германците од Битола повторно го зазеле Прилеп. Неможев да разберам дали со борба или партизаните сами се повлекле на Плетвар каде што борбите продолжиле.
Затоа мислам дека е потребно да се направи една хронологија на случувањата во Битола и Прилеп.
Обезор'жените полкови на 9-ти септември во Битола се 54 и 55 пешадиски полкови. Во 3:00 по полноќ на 9 септември аѓутантот буди полковник Младенов и му вели дека Штабот на дивизијата, кој е во Битола е опсаден од Германците. Директно од началник на штабот во Битола (полковник Нено Христов) се разбира дека "Германците се во акција". Во поддршка на бугарскиот гарнизон во Битола, полковник Младенов испраќа 15 дивизионната пионер-оперативна рота на поручникот Данчев и враќа дошлата пред неколку часа дружина на потполковник Христо Белчев (од 54 полк). Овие војници тој праќа од Прилеп. Подоцна Битолскиот гарнизон капитулира пред германските трупи.

За Плетвар:
На 9 септември во селото Плетвар немало уште партизани, а бугарски воjници. Самиот полковник Младенов пишува во извештајот: "На 8 срешту 9 септември Германците нападнаа мои војници од с.Плетвар"

За Прилеп:
Од 9 до 19 септември Прилеп се држи од полковник Младенов (комендант на 15 пешадиска охридска дивизиjа). На 11 септември генералот Апостолски праќа на Младенов ветените 2 бригади. Тие бригади (12 Прилепска и 13 Велешка) биле под команда на полковник Младенов.

Еве што вели фелдфебелот Борис Раjнов за овие 2 бригади (11 септември):
Тие демонстрираа своето присуство во Прилеп зад грбот на бугарската атакучвачка пешадија. Не учествуваа во боја и тивко се изнесоа по првата наредна улица на запад од градот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Обезор'жените полкови на 9-ти септември во Битола се 54 и 55 пешадиски полкови. Во 3:00 по полноќ на 9 септември аѓутантот буди полковник Младенов и му вели дека Штабот на дивизијата, кој е во Битола е опсаден од Германците. Директно од началник на штабот во Битола (полковник Нено Христов) се разбира дека "Германците се во акција". Во поддршка на бугарскиот гарнизон во Битола, полковник Младенов испраќа 15 дивизионната пионер-оперативна рота на поручникот Данчев и враќа дошлата пред неколку часа дружина на потполковник Христо Белчев (од 54 полк). Овие војници тој праќа од Прилеп. Подоцна Битолскиот гарнизон капитулира пред германските трупи.

За Плетвар:
На 9 септември во селото Плетвар немало уште партизани, а бугарски воjници. Самиот полковник Младенов пишува во извештајот: "На 8 срешту 9 септември Германците нападнаа мои војници од с.Плетвар"

За Прилеп:
Од 9 до 19 септември Прилеп се држи од полковник Младенов (комендант на 15 пешадиска охридска дивизиjа). На 11 септември генералот Апостолски праќа на Младенов ветените 2 бригади. Тие бригади (12 Прилепска и 13 Велешка) биле под команда на полковник Младенов.

Еве што вели фелдфебелот Борис Раjнов за овие 2 бригади (11 септември):
Не знам за тебе, но јас не сум бил роден во 1944 година, па не сум бил во тоа време на Плетвар, ниту во Прилеп ниту во Битола. Така да не можам да сведочам за тие настани.
Дури и да некој бил таму присутен, не значи дека имал увид во целокупната ситуација па да може веродостојно да сведочи.
Ти се повикуваш на сведочење на извесен фелдфебл Борис Рајнов. Еден подофицер не може да има увид во војната или политичката ситуацијата во Прилеп и Битола, така да тоа сведочење можеш да го сметаш како обично фалење и ништо повеќе.
За овие настани можат да сведочат виши офицери кои учествувале во настаните, но и тогаш сите сведочења треба да се споредуваат и критички анализираат.
Некој работи се неоспорни, на пример вечерта на 8 септември 1944, Бугарија и објави војна на Германија, односно ја смени страната и се приклучи на антифашистичката коалиција.
Има и една друга работа. Бугарската војска мобилизираше Македонци во својот состав. Интересно би било да се најде податок колку проценти од бугарските војници во Прилеп биле Македонци.
Во книгата Нова Крв, Димо Јанчевски - Бодри, како виш офицер и командант на баталјон детално ги опишува настаните околу ова ослободување на Прилеп во септември 1944 и тоа на страниците од 48 до 73. Според него, уште на 3 септември, штабот на 41. дивизија му упатил писмо на полковник Младенов, со предлог барања: сите Македонци кои служат во состав на прилепскиот гарнизон да се ослободат и да преминат во единиците на НОВ сосе вооружување; Целиот гарнизон да се приклучи во составот на силите на НОВ и ПОМ, а ако не постои ваква соработка, да го предадат целокупното оружје и да ја напуштат Македонија.
За ова е пратена и делегација кај полковник Младенов кој сите прелози колебливо ги одбил.
Така да нападот на Прилеп одпочнал на вечерта на 8 септември од 2 и 10 бригада во состав на 41. дивизија.
По одпочување на партизанскиот напад, полковник Младенов, побарал прекин на нападот и продолжување на преговорите. Ноќта помеѓу 8 и 9 септември постигната е согласност за заедничко борбено дејство и тоа нападот да продолжи во 14 часот на 9 септември.
Меѓутоа, Германците преку свои шпиуни во редовите на бугарските офицери дознале за договорот и во 7 наутро на 9 септември отвориле артилериски оган врз касарните каде што биле сместени бугарските трупи и тоа со топови од 120 и 150 мм и минофрлачи од 81 и 120 мм. По 45 минутен артилериски оган, германските војници тргнале во јуриш со цел да ги разоружаат бугарите.
Во таква ситуација, штабот на 41. дивизија наредил напад на Прилеп на 2 и 10 бригада со цел да се спречи ова разоружување.
И тоа 2. бригада навлезе во западниот дел на градот, 10. бригада кај железничката станица и монополот се до центарот на градот.
Со овој напад е спречено разоружувањето на бугарските војници.
Во овој германски напад загина над 150 бугарски војници, што секако бил страотен удар на нивниот морал.
Од преостанатите бугарски војници е формиран еден баталјон и ослободувањето на Прилеп продолжило.
И тоа 2. бригада започнува чистење на југозападниот дел на градот, 10. бригада кон центарот и градските гробишта, зајакнатиот бугарски баталјон североисточниот дел од градот и затварање на патот Прилеп - Градско и 15. артилериски полк да заземе позиции на на север од Прилеп за да дава огнена подршка на 41. дивизија.
Ти препорачувам да ја прочиташ оваа книга. Авторот многу успешно ги опишал многу не само воените ситуации туку и душевните дилеми на учесниците на овие настани.
До 9. септември, бугарската војска направи многу злосторства во Македонија, а одеднаш на 9. сепември станува сојузничка војска што предизвика многу душевни конфликти и кај партизаните и кај бугарските војници. Имало бугарски офицери кои се самоубиле... Прочитај...
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Битола по ослободувањето, дефиле и свечена манифестација по повод ослободувањето на Битола од фашистичкиот окупатор во Втората светска војна....













Припадниците на Првата македонско - косовска бригада, Втората и Третата македонска бригада, како и на Седмата битолска бригада, тешките, исцрпувачки, и натчовечки борби во текот на 1944 год. конечно успееја да ја отворат вратата кон слободата и за прв пат после долговековните страдања да ја остварат желбата за самобитност.
Дел од борците на овие бригади ги продолжиле своите воени походи и по ослободувањето на овој дел од Македонија, на воените фронтови во Срем, Босна, Хрватска и секаде каде што за тоа имало потреба сé до конечното ослободување во 1945 год.
 
Член од
3 декември 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Почитувани, дали имате информација за затемнување на Битола во периодот од втората светска војна особено 1944/45?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom