Осаменост

  • Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување
Член од
8 јануари 2010
Мислења
134
Поени од реакции
1
Па ко шо гледаш жив сум :pipi: ато беше оддамна .. фала богу , добра животна лекција
Тоа и ја викам,мојот став е дека после секое разочарување стекнуваме искуство кое што ќе резултира со поголем успех,и дека не треба да се потклекне пред секој проблем колку и да е озбилен туку да се остане цврст и да се има верба у себе
срај за оф топик али дојде у склад со постот на мило :)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Моментално сум во таа фаза,осамен сум,еве лето распуст,старото друштво го напуштив ради тоа што и таму бев осамен затоа што сите се со тебе коа имаат корист од тебе а кога ти требаат тебе ги нема,немаше никаков дијалог туку само заебанции и подбоцнувања(значи и во друшто пак бев осамен)
Со девојка ми сум пред раскинување што ќе придонесе да бидам уште поосамен,единствено што ми останува се моите родители и сестра ми..Но не се враќам во минатото,само ги забележувам моите грешки и пазам за во иднина.Никако нема да се изолирам ќе продолжам да живеам и ќе ја преживеам оваа фаза и сигурен сум дека еден ден се ќе дојде на свое место..
После основно паднав во слична ситуација, го баталив старото друштво. Имаше премногу дрдорења, оговарања, потценувања, подбуцнувања, лицемерие, користољубивост, алчност, поткажување... Дојде време да се запишуваме средно, јас избрав едно школо, а дел од нив се запишаа заедно во друго. Тоа беше врвниот момент, кога ми се приговараше за мојот избор, кога ме потценуваа и кога почнаа да ме местат за работи кои тешко да сум ги направил. Ми скурчи и со дел од тие луѓе расчистив за век и векови (во наредниот период со сите расчистив). Е периодот што следува после тоа е малку тежок... сам, не излегуваш од дома, немаш со кого муабет да направиш, постојана досада, разочараност... Е во средно работите почнаа да се менуваат. Можам да кажам дека во целост од тој кризен период излегов во 3-та година кога успеав да најдам ново друштво. Карактерно целосно успеав да се сменам, пазам со кого се дружам и повеќе никогаш нема со никого да бидам искрен како некогаш што сум бил... Тоа ти е животна лекција, откако ќе се изгориш и на јогурт дуваш...

Денес воопшто не се каам за тоа што го направив, дури и ми е драго што успеав на време да излезам од лајната. Но, тркалото се врти, јас бев на дно, тие на врв,... е сега е обратно :)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.662
Поени од реакции
21.711
Едни од најголемите животни грешки се прават токму во ваква ситуација. Дефинитивно тука треба муда и стискање заби. Секогаш спремни за тој момент, во дел од секунда работите може да се превртат. И нема лесен начин на справување. Лесните начини обично ви ставаат заверка на катастрофални глупости за кои во тој момент не размислувате оти гледате само да избегате од ситуацијата која е неподнослива. Тие грешки според преференците и склоностите на корисникот варираат од алкохолизам, наркоманија, коцка, запаѓања во лоши друштва и во поекстремни ситуации секти кои ќе ви го понудат тоа чувство на единство и дел од групата за да ви ја исцедат душата до крај, женење со последната дроља во градот а во најкрајни случаеви и суицидни нагони. Само со волја и инает се успева. Не треба да се дозволи неосаменоста поскапо да се плати од осаменоста, а вечина паѓаат на тој тест. А кој успеал со тоа да живее и да се справи, лесно ќе му успева во поголемиот дел од другите проблеми во животот после тоа.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
Јас ако сум осамен повеќе од недела време, плаќам за секс. Патетики. Што е - тука е.
 
Член од
19 јуни 2010
Мислења
14
Поени од реакции
3
Многу ретко но се случува кога имам потреба да бидам сама,и ќе излезам надвор да се шетам(посебно задоволство кога грми и врне :) ). И да,многу пати го иам тоа осетено коа сум со луѓе а се осеќам осамено,ваљда дека го немал тој човек што ми бил потребен у моментот или сум седела со луѓе со кои не сум се осеќала пријатно.
А намерната осаменост е понекогаш добра. Да се изолираш на кратко од светот и да навлезеш во некој свој и да размислиш за некои постапки,дешавки и сл.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Не осаменост кога човек е поради сила на околностите осамен, туку луѓе што се осамени во самите себеси и кога се во друштво. Луѓе што често можат да се видат како сами скитаат. Психолозите укажуваат на лошо детство, родители, трауми, поради кои психата на личноста се повлекла во себеси да се одбрани. Осаменоста може да крие незрел, но и супериорен човек, кој свесно не сака да се вклопи во друштво а може. Постојат и егоманични осаменици, наизглед најживи и најекстровертни а всушност имаат само добра маска со која се кријат, од страв се разбира, и многу често ги малтретираат своите повлечени “собраќа“ со иста цел како претходниот случај, типично медиокритетски.
Да не знаете некое вакво “фрикче“? Да не сте и самите таков? :) Тогаш би можеле да се дружиме, само ќе си молчиме и ќе се смешкаме и смееме до утре сабајле :)

П.С. Важно е за секоја личност барем дел од животот да го помине во осаменост, важно за самозапознавање, како и за запознавање на светот.
Светот и животот можеш вистински да ги запознаеш и искусиш
само сам, - Херман Хесе ли беше?
Одсекогаш сметав дека и на психолозите им фали по некоја штица по главата зошто она што го прочитале од некоја книгичка го сметаат за достојно на некого да му го препишат и да го шаблонизираат во одреден профил на некоја личност и од неа да направат фрик. Зошто лошо детство зошто трауми? тие не знаат дека и осаменоста може да биде потреба што толку изводат најпосле, ми се гади од бљувотините што ги кажуваат по телевизиите... ако општеството не му е мило зошто да се вклопи, тие тоа невклопување го сметаат за лошо зошто? зарем општеството е во ред? тоа ли е толку цврсто па да служи како репер и пример во која може да се огледа една здрава личност? о боже мој тогаш јас сум егоманичен осаменик (види 100 термини измислиле) ама не глумам екстровертна личност туку самото спонтано ми доага да бидам таква.. другите се прилично глупи да го сватат тоа... не знам зошто ама потајно си чуствувам некое задоволство што сум таква...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Само да знаете, дека најголемите умови/музичари/уметници на сите времиња животот го поминале осамени..

Тенка, многу...тенка, е линијата од лудилото до генијалноста. Големите умови се: манијаци, кои најголемиот дел од својот живот го поминуваат ѕиркајќи во клучалката на бесконечноста!
 
H

HITCH

Гостин


Толку многу лоши работи ми се случија и мислев дека ако се повлечам во себе се ќе помине, ама станува се полошо и полошо
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57


Толку многу лоши работи ми се случија и мислев дека ако се повлечам во себе се ќе помине, ама станува се полошо и полошо
Po dozd ide sonce.
Razvedri se .

--- надополнето ---

Once you can look at what you are in your innermost core, you will be surprised that you were born a
king and you were living like a beggar, that you had all the treasures of the world within you and yet you
were begging, that you had all the bliss that you could ever contain and there was no need to desire anything
more. Nothing more can be desired, nothing more is possible: all that is possible has already happened at the
deepest core of your being. But we live on the periphery, unaware of the centre.
The name will remind you again and again that the light is within. Look in, turn in, tune in.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Кога ќе успеете да излезете сами со себе на крај, што веројатно е една од најопасните работи за човек, а воедно и најтешките ви честитам можете да се справите со секого во животот. Осаменоста може да ви дојде како каменот на Сизиф, упорно ќе туркате ама во вечна агонија ќе си го минете времето, ако сте исплашени од ситуацијата уште полошо, долго време ќе нема спас за вас.
Има една работа во која сум сосема сигурна , една минута комплетна осаменост во која ќе го допрете дното ќе ве доведе до два екстрема или ќе испливате на површина или не сакам да помислам на другиот екстрем. Не бидете толку самоуверени дека таков момент нема да ви затропа на врата, момент во кој се се руши и нема ниту сламка да се фатите за неа, но не дозволувајте гостинот да ви дојде повеќе пати, тогаш веќе имате проблем, ќе ве уништи комплетно.
Осаменоста може да биде и здрава, како инаку ќе се запознаете себеси? Мислам дека секогаш сме повеќе свесни за другите отколку за себеси и кога ќе остане човек сам, каде ќе бега од сам себе?Затоа само здраво соочување, инаку ќе биде здраво самоуништување.Ништо на овој свет не е толку непобедливо или тешко за преболување за да не можете самите да го победите. Осаменоста ја ставам во една од тие категории, пред да ставите јамка на врат размислете барем два чекора понапред.
 
Член од
26 декември 2010
Мислења
20
Поени од реакции
3
Покрај тоа што ке ја споделам мојата осаменост со вас можеби и ке ми помогнете со некој совет.
Значи пред се не мислам туку знам дека сум психолошки здрав и свесен сум за се што се случува со мене,меѓутоа сум во лоша ситуација од која очајно сакам да излезам само го немам вистинското решение.До пред две години имав многу пријатели,добри другари и луѓе кои ме опкружуваа и ме исполнуваа но се случија многу работи во мојот живот и доживеав голем пресврт.Животот едноставно полека почна да ми се претвара во пекол.Ги изгубив пријателите,се оддалечив од луѓето извесен период не живеев дома,живеев во соба затворен буквално изолиран од светот,излегував само за во школо.Животот кој го живеев беше стварно тежок за мене и се случи наагло.При толку пријатели и се што имав наеднаш станав никој и ништо и останав сам.Веќе долго време помина и одкако се вратив дома и јас сеуште немам добар другар на кого можам да му се обратам.Се чуствувам депресивно и сум многу осамен.Цели денови ги поминувам размислувајќи како да си помогнам и да излезам од ова психолошко ропство кое ме уништува.Потребен ми е некој близок,некој на кого можам да му верувам и да му кажам колку ми е тешко на душичката.Се плашам дека ова ќе заврши лошо.Се обидувам да останам на нозе но се плашам дека еден ден ќе ме бутне оваа осаменост.
Имам пријатели во школо ама со нив се дружам само во школо после школо идам дома и започнува мојот осамен живот.Не сум срамежлива личност едноставно незнам зашто ми се случува ова.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Што знам, јас уживам кога сум сам... Без разлика дали ќе гледам некој филм, најчесто гледам класици и култни филмови или култни серии од типот на the wire. Документарци истотака обожавам да гледам, да читам статии по интернет и понекогаш ќе седнам и книга ќе прочитам. Сакам да се едуцирам ама само за работи што ме интересираат (највеќе астрономија) и ми годи самотијата. Понекогаш, знам да легнам и саат-два ништо да не правам освен да размислувам за животот. Можам да излегувам почесто и да се дружам многу почесто, имам доста другари и другарки ама не ми иде некако, не сум ептен социјална личност но сепак кога се дружам со нив опуштен сум и не сум срамежлив. А иначе вака повеќе (највеќе) преферирам кога сум сам :)
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Покрај тоа што ке ја споделам мојата осаменост со вас можеби и ке ми помогнете со некој совет.
Значи пред се не мислам туку знам дека сум психолошки здрав и свесен сум за се што се случува со мене,меѓутоа сум во лоша ситуација од која очајно сакам да излезам само го немам вистинското решение.До пред две години имав многу пријатели,добри другари и луѓе кои ме опкружуваа и ме исполнуваа но се случија многу работи во мојот живот и доживеав голем пресврт.Животот едноставно полека почна да ми се претвара во пекол.Ги изгубив пријателите,се оддалечив од луѓето извесен период не живеев дома,живеев во соба затворен буквално изолиран од светот,излегував само за во школо.Животот кој го живеев беше стварно тежок за мене и се случи наагло.При толку пријатели и се што имав наеднаш станав никој и ништо и останав сам.Веќе долго време помина и одкако се вратив дома и јас сеуште немам добар другар на кого можам да му се обратам.Се чуствувам депресивно и сум многу осамен.Цели денови ги поминувам размислувајќи како да си помогнам и да излезам од ова психолошко ропство кое ме уништува.Потребен ми е некој близок,некој на кого можам да му верувам и да му кажам колку ми е тешко на душичката.Се плашам дека ова ќе заврши лошо.Се обидувам да останам на нозе но се плашам дека еден ден ќе ме бутне оваа осаменост.
Имам пријатели во школо ама со нив се дружам само во школо после школо идам дома и започнува мојот осамен живот.Не сум срамежлива личност едноставно незнам зашто ми се случува ова.
Еве јас ќе ти кажам што направив јас затоа што и јас бев извесно време сам. Прво мојата приказна:

Зимата најдобриот другар ми отиде во друг град, па останаа уште 4-та. 2-та од тие 4-ца беа и уште се џаболебари, само во маало и никаде на друго место, па така искачаа во 7 а дома во 9 или 10. А другите 2-ца решија да се одвојат и да си водат сам живот. Јас бев во некоја средина, но сам. Еден ден дојде другарот од Куманово и излеговме надвор во град. Запознав 3-ца во рамстор и од тогаш кога ми е досадно само ќе се јавам и со нив идам. Сега сите се дружиме заедно, но пак осеќам дека ќе се одвоиме... Ќе ти предложам да се јавиш на некого кој ти е поблисок и да му се отвориш, па ќе те свати и ќе излезете. После излагање потруди се да се запознаеш со некого. Можеби нема 1-в пат да ти успее, но по неколку 100%. Се надевам дека ти помогнав. Ако ти треба уште нешто слободно прашај или тука или ПП :)
 
Член од
26 декември 2010
Мислења
20
Поени од реакции
3
И јас исто така цело друштво седеа само у населба се дружев само со еден и со него излагавме бркавме женски тие ствари баш беше океј и ми беше стварно добар пријател ама се пресели и од тогаш останав некако сам.Друг проблем е што сум се обидел со ова што ме посоветува.Два три пати имам кажано за мојата ситуација на луѓе што тазе сум се здружил и набрзо ме откачија.Најверојатно се здружиле со мене затоа што мислеле дека сум некој и нешто и кога виделе дека немам пријатели се намалила мојата вредност во нивните очи...
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
284
Поени од реакции
102
Во овој период од мојот живот се чувствувам многу осамено, но не е тоа поради отсустност или присустност на луѓето. Се пикнав себеси во едно темно ќоше од најзапустениот сокак и не комуницирам со себеси. Дали сум гладна за љубов или жедна за нежност не се прашувам. Како да отслужувам некоја казна:confused: Мислам дека треба да излезам оттаму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom