All things appear and disappear because of the concurrence of causes and conditions.Nothing ever exists entirely alone;everything is in relation to everything else.
Никогаш не сум ја сфатил осаменоста.Или пак,не сум ја почувствувал.Како лично гледиште,осаменоста ја сметам за себично чувство на човекот кој неможе да ја сфати сопствената природа која се базира на корелација.Човек може да биде сам,секако,понекогаш тоа му треба,ама да биде осамен укажува на крајна меланхолија која е самонаметната,а во основа,може многу лесно да се искорени...ама битниот момент е дека човек на неа лесно се навикнува и му нараснува при срце.
Ке ја дијагностицирам Осаменоста како болест.Не,како дрога.
Другарче на оние кои уживаат во сопствената патетика.
Нивното мото,длабоко затскриено под маската на себеоправдувањето би било:
"I love to be lonely.I never found the companion that was so companionable as solitude."
Нема да им давам совети,не ми се толку битни.Ама факт е дека силата да се преброди и најголемиот животен ужас,секогаш доаѓа одвнатре.И начини секогаш има.Се што треба е да се убие кловнот во главата и да се пречекори прагот.