Ортодонтска терапија и ортогнатска хирургија

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Вака сеа : денес ми опнаа фиксни протези и има неколку новости во врска со нив :


1. Проѕирни се и само жицата се гледа... Прилично позитивно :je:
2. При затегање - боли ептен а посебно после некои 6 часа по затегањето. :place:
3. Ќе ги носам 2 години. После првата година ќе ми извршат операција на двете коски на вилиците за да ми ги урамнотежат и за да ми ги исправат (моите накриво ме праеле). :toe:


Дали некој од вас има слични искуства? Кажувајте ве молам искуства за да си знајме шо не чека :nesum:
 

Rodeo

Thrillseaker
Член од
15 април 2007
Мислења
243
Поени од реакции
36
Имам носено мобилна протеза,па потоа ми го гореа забното месо,па носев фиксна 1 година,па потоа пак се вратив на мобилна.Знам фиксната зошто многу ме нервираше ја вадев сам едно 2-3 пати.Леле тоа беа времиња.Инаку болно искуство.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Те чека манекенска иднина?! :pos:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Маце ти завидувам, без оглед низ што маки ќе поминеш
(доколку ги имаш пу, пу, пу!) ... мене токму денес ми кажаа дека можеле уствари да ми стават протези, ама забите не ми биле доволно јаки, па не било препорачливо ...
Така да златен, кога ќе те боли, кажи си нека боли - важно за убаво е!:tesi: :kiss:
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
Јас носам веќе 8 месеци и на двете вилици. Имав некој вкрстен загриз ор ватевер и неколку непослушни заби избегани од линија :)
Болки ке имаш после контролите кога ке ти ги мењаат лигатурите(ластичињата) и на менување на лак(жицата) секако.
После контроли препорачливо е луѓето околу тебе да не те рчкаат пошо невидена нервоза е, барем кај мене, све живо изгризав по дома од нервирање :)
Баш супер што си земал безбојни брикети, стварно не се познаваат, мене ми беа прескапи.
Првиот месец ми беше чудно, ме боцкаа од страните, јебига страно тело имаш во уста, али после тоа се навикнав тотално, не ги ни забележувам.
Никакви ограничувања нема во исхрана.....
и то....
а да и најбитно хигиена, четкање после секое јадење пошо има неверојатни места кај што влегува храна, а тоа може да си повлече други непотребни проблеми
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
А бе магаре на 25 години сум и затоа боли и тоа цела аркада ме боли. Сабајлево се разбудив со болки во цела горна вилица (си помислив на момент : ”Шо ми требаше оваа глупост?”) ама ќе траам - шо вика Серпико манекенска иднина ме чека :zlo:
 

LoK

Член од
20 март 2007
Мислења
3
Поени од реакции
0
Мо[FONT=&quot]`е ли да ми ка[/FONT][FONT=&quot]`ете која цена и каде пошто и јас морам да ставам. Фала[/FONT]
[FONT=&quot]
[/FONT]
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Tamu ne mozam da ti pomognam posto mene tretmanot vo Francija me cini 48 € mesecno i ne e mnogu (sto pretstavuva 30 % od cenata - drugite 70 % mi gi plaka osiguritelnata kuka)...
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.947
Лок, во последно време се скапи, сестра ми стави пред година дена, и сефкупно татко ми опрчи некаде околу 50 иладија денари, 6 рати по 100 евра за протезата, и плус 1200 за секој преглед (еднаш месечно) и ова беше второво со ценкање, бараа 1500.
За среќа наместо 2, се средија забите за 1 година (13 годишна возраст на сестра ми и извонреден стручњак, омг, забрането е да го рекламирам).

Сега забите и се прекрасни.

Јас кога имав 17 години ставив мобилна, ама ја носев само 8 месеци и плус не бев редовен на прегледи. Сега се каам... Сепак забите ми се колку толку подобри, па некако немам намера да збирам пари за нова протеза.

Единствена работа што ме нервираше кога носев протеза е што не смееф да џвакам мастики. Имам силнна вилица и мораф да ја ослабнам, за да може протезата колку толку да влијае.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
А има ли некој којшто праел бимаксиларна остеотомија (операција на вилиците)?
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
И мене ми бапнаа фиксна пред месец дена! Ама имам само на горната вилица! Забите ми се ептен забегани, ама докторот ми вика ќе се сределе без проблем! За едно година, година и пол ќе сум ја извадел! А финтата е што при крајот на август, ќе ми го сечат непцето на тројката бидејќи само уште тој ми е млечен заб, а горе во непцето ми пораснал забот ебате, тој новиот. И сега ќе ме сечат, па ќе ми го спуштале некако, не навлезе во детаљи докторот. Ако некој може да ми даде хедс ап ....... нека повели!
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Ништо не е тоа : ќе ти го анестезираат жлебето, ќе ти го оголат делот кадешто ти никне забот и ќе ти стават плочка којашто ќе им помогне да ти го доведат, со помош на протезите, во правилина состојба. Не е ништо страшно :wink:

Далеку пострашно е тоа што ме чека мене : ќе ми ги откачат скроз двете вилици за да ги дотераат и после пак ќе ми ги ”спакуваат” со зглобовите.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Vlatko_Rusin напиша:
И мене ми бапнаа фиксна пред месец дена! Ама имам само на горната вилица! Забите ми се ептен забегани, ама докторот ми вика ќе се сределе без проблем! За едно година, година и пол ќе сум ја извадел! А финтата е што при крајот на август, ќе ми го сечат непцето на тројката бидејќи само уште тој ми е млечен заб, а горе во непцето ми пораснал забот ебате, тој новиот. И сега ќе ме сечат, па ќе ми го спуштале некако, не навлезе во детаљи докторот. Ако некој може да ми даде хедс ап ....... нека повели!
Не е ништо страшно,мене мартот ме оперираа,имав дупли заб измеѓу 4 и 5ка долни ми направија рез и го извадија.

А тебе Мацедалиен ти ставиле изгледа порцелански фиксни протези.И јас ќе ставам за 1 недела.А тоа дека ќе те боли после секое затегање на сајлата да,единствено ако му речеш на докторот по малце да ја затегнува ама така ќе ги носиш подолго,можеби и 3 години.
Мајка ми и татко ми се стоматолози и ми имаат кажувано за вакви опции.:toe:
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
Macedalien напиша:
А бе магаре на 25 години сум и затоа боли и тоа цела аркада ме боли. Сабајлево се разбудив со болки во цела горна вилица (си помислив на момент : ”Шо ми требаше оваа глупост?”) ама ќе траам - шо вика Серпико манекенска иднина ме чека :zlo:
Те разбирам, ни јас не сум нешто помал, на 22 години, коа не мислев на време, то ти е.
Ама па подобро да се помачиш година, две отколку после да ти се појават проблеми на стари години па оф леле работава.
Го јадев сеирот на почеток од другариве, али шо го е**м сеа :) :)

LoK напиша:
Мо`е ли да ми ка`ете која цена и каде пошто и јас морам да ставам. Фала
Цените кај приватниве се движат од 300 до 500 евра по протеза, со тоа што битно е колку ќе плаќаш на контролите, јас платив по 300 и на секое менување лак(во просек на 2-3 месеца) доплаќам од 600-1200 во зависност од лакот.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Порцелански се - едвај се познаваат :wink:

А за сеир? Ме заболе Стојко дали некој сеир ми удирал или не :music3:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom