Орочување пари во банка

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Шо мислите за ова? Се исплаќа ли во денешно време да се орочат пари во банка? Да речеме, имате 1.000Евра cash, да ги орочите на 1 година, колку камата би дале, и во кои банки?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Шо мислите за ова? Се исплаќа ли во денешно време да се орочат пари во банка? Да речеме, имате 1.000Евра cash, да ги орочите на 1 година, колку камата би дале, и во кои банки?
60 евра ако ги вложиш како денари(денарски депозити), или 33 евра ако ги вложиш парите како евра(девизни депозити).
Дали вреди, ако не ти требаат, не ти шкоди да ги ставиш, и така со 1000 евра и не можеш нешто посебно да направиш.
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
човек орочил 50.000евра у банка, незнам на колку, на 10 години мислам ..сега има 2 деловни простора во ГТЦ, и еден во Охрид!

smart man -.-'

--- надополнето ---

море да имам пари, би купила и ја деловен простор, или станче во Скопје, на добра локација :)

ма јбг, гладна кокошка - просо сонува ..
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896

eпа затоа богатиот цел живот богат ќе си остане, а сиромавиот сиромав :) така ти е
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
човек орочил 50.000евра у банка, незнам на колку, на 10 години мислам ..сега има 2 деловни простора во ГТЦ, и еден во Охрид!

smart man -.-'

--- надополнето ---

море да имам пари, би купила и ја деловен простор, или станче во Скопје, на добра локација :)

ма јбг, гладна кокошка - просо сонува ..
50 000 евра во денари за орочени пред 10 години, денеска би ти вределе 100 000 евра :) (горе доле бројка, али ризикот е тука, среќа НБРМ добро си работи а и ние сме неразвиена земја па и слабо реагираме на надворешните случувања)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Шо мислите за ова? Се исплаќа ли во денешно време да се орочат пари во банка? Да речеме, имате 1.000Евра cash, да ги орочите на 1 година, колку камата би дале, и во кои банки?

Најмоќната финансиска олигархија (Банките, вклучувајки ја и НБРМ) се заебале малку ако мислат дека со вакви камати ќе ги задржи штедачите, кои со своите бедни камати едвај ја покриваат официјалната инфлација од 5%.... Да, тие се каматите оние што ги напиша *саканата* ... 6% на орочени Денари и 3,3% на орочени Евра на година дена. Со помали варирања скоро во сите банки..... во година кога Денарот е најблиску до девалвација (во последните 15 години).... во пост- година во која банките редум остварија добри приходи - дури и до 35% КБ.... во година кога поделива дивиденти.... во година кога штедните влогови достигнава рекордно ниво. НЕ, дефинитивно вака не се задржуваат штедачите! Соочени со девалвација како никогаш порано да се добие камата помала од таа што се добиваше во УНИ Банка пред една година за орочени Евра. Таму за штедење во Евра се добиваше 7% годишно! Додека денарските камати редум беа од 8-9,5%. Денес единствено во Еуростандард Банка каматите за Денарските депозити се горе-долу ОК. Мислам 7,5 - 8% зависно од големината на влогот.... Најсигурен начин да направат девалвација е да задржат вакви камати. Се прашувам што може да се случи доколку само 20% од штедачите незадоволни од овие бедни камати своите денарски вогови ги претворат во Евра и ги повлечат.... колапс и сигурна девалвација! Од 2 млд, 20% 400 милиони Евра (многу тешко да ги најде централната банка).... толку претворени во Денари пуштени во опток сега кога имаме инфлација од 5%.... нека кажат економистите што може да се случи.
 
T

theTinule

Гостин
Би орочила пари единствено ако ми се вишок некогаш...ако имам доволно за мене и не сакам да заработам туку едноставно сакам да си ги чувам тие пари. Наместо да ги ставам на сметка и да ми стојат во банка, зошто да не и ги дадам на банката да ми ги множи? 10% - 10. Кој ти ги дава.
А да, забораив дека ако пропадне банката, осигурани ти се само 30к евра, повеќе не. Така да, ако орочиш повеќе од 30к и пропадне банката, ти ги враќаат само тие 30к, не повеќе. Затоа и не е добро да се орочува поголема сума.
Која глупост е да ги орочиш парите во банка.
Кога веќе имам 50к, ќе отворам некој бизнис, ќе ги направам троструко за многу пократко време отколку што ќе ми се утростручат во банка. Толку мали бизниси можат да се отворат во Скопјево само, работи што ги нема овде, а се многу симпатични и исплатливи.
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
јбг ..а дали може Македонски државјанин, да орочи пари у странство?

let's say Switzerland? или мора исклучиво нивни граѓанин? Знам дека од странскиве, Шпаркасе имаат филијали во Мк. и доста добри камати..

- Извор; Идивиди форум ..
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Една од полошите варијати моментално е да орочиш пари во банка. Покарј тоа ште земаш камата значајно под официјалната стапка на инфлација (таа секогаш треба да се зема како апсолутен минимум), т.е имаш негативен реален принос на парите, имаш валутен ризик згора на тоа. Денарот е на најниски камати што некогаш бил, трговскиот дефицит е тука, и останува уште молба кон печалбарите да пратат повеќе дознаки оти маф ни е планот со денарот. Со еврото пак работата е уште покритичина (кај нас барем владата не е задолжена над точката на невраќање)... Мастришкиот договор што го направи еврото возможно пропишува максимален владин долг на секоја евро членка од 60% и максимален дефицит од 3%. Денес мастришкиот договор е тоалетна хартија.. Просекот задолженост на европска унија е 86% од БДП.. Протугалија, Грција, Ирска се на нивоа на задолженост кога историски не се случило некој со толкав долг да го исплати. Додека пак Франција, Германија, Шпанија, Италија, Белгија, Британија се на ниво на задолженост над 90% од историски толку задолжените нации не го вратиле дологт... Америка секако е тука се нејзиниот долг најголем во историјата на човештвото така да доларот е out of question..

Понатаму не е само валутниот ризик туку и counter-party ризикот... Ако Грција банкротира, што значи тоа за Дојче Банк со изложеност кон грчкиот долг? Што ако цел свет почни да банкротира (на таква траекторија е )??? Што значи тоа за Социете Женерал и за македонските банки кои бај д веј повеќето од еврата им се во европски банки ? Должничката криза е апсолутно црвено светло за вложување пари во банка оти банките се најголеми кредитори на банкротираните должници. (Запамтете банките имаат силен ливериџ, многу малку загуби може да ги однесат во паника банкрот.)

И згора на се негативни реални каматни стапки ???? За што би инвестирал воопшто ? За да губиш 3-4% годишно во куповна сила ? Подобро потроши ги сега парите, чист ќар си така.

Инаку реалните каматни стапки се основна детерминанта на цените на скапоцените метали. Имено во вакви услови кога приносите се негативни, штедачите се вртат кон благородните метали кои обезбедуваат 0% камата ама и зачувуваат куповна моќ. Штом реалните каматни стапки станат позитивни, металите можи да се намалат на цена и луѓето повторно да почнат да штедат во банки, обрзници итн.

А да, можиш да орочиш швајцарски франци ама тие се прилично безкаматни. Стабилноста пред се.

Со твоите 1.000 евра во ова време ќе биди чудо да не изгубиш.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
јбг ..а дали може Македонски државјанин, да орочи пари у странство?

let's say Switzerland? или мора исклучиво нивни граѓанин? Знам дека од странскиве, Шпаркасе имаат филијали во Мк. и доста добри камати..

- Извор; Идивиди форум ..

Шпаркасе добри камати? Не би рекол! Посети го нивниот сајт и увери се. Рекламирајки се со цинична парола: *Парче задоволство секој месец*.... како да има нешто од тоа парче!? 6,5% За Денари и дури 3,5% за Евра! Па велат понатаму: *краткорочен депозит со фиксна камата* како да може и подолу да падне, како да пуштиле душа и срце..... а всушност даваат онолку колку што реално губат и Денарот а богами и Еврото (ако не 3,5 тогаш 2,5% годишно) ....
Прашуваш за орочување во странство. Мислам дека е поголем проблем изнесувањето пара од овдека... Законски можеш со дознака да изнесеш месечно 2,000 Евра, а во џеб со потврда од која банка се извадени 9,900 Евра (КОЈ ИДИОТИЗАМ!?).... Инаку во соседната ни Бугарија имаат посолидни камати особено за штедење во Евра. Е таму не се 3,5% како овде во Шпаркасе.... туку се ДУПЛО ПОГОЛЕМИ! 7% во Прва Блгаро-Американска Банка, во јапонската Токуда.... и уште во една која не ми е позната. Еве линк:
http://www.moitepari.bg
За Швајцарска незнам, не сум сигурен дека даваат така добри камати. Таму јас би ги вложил во една Банка (DUKASCOPY) која се бави со Форекс-трејдинг, по што се најпознати во светски рамки. Имаат извонредни брокери кои незнаат за загуби на Форекс пазарот. За своите клиенти обезбедуваат годишен профит од 7 до 12% годишно, за многу мала провизија (барем такви им се резултатите досега).... Од друга страна пак, овој кралски третман бара и *кралски* влог кој мора да биде над 50к $!
 
S

Shellshock nam67

Гостин
најсигурна инвестиција ти е банка добиваш не губиш пари дали ќе ти тргне со бизносот или не е друга работа во банка ти се сигурни депозитите и на тоа заработуваш камата пример на 100 000 евра земаш годишно 10 000 евра добра пара кој ти ги дава ништо не губиш а добиваш.
така еден во охрид мислеше лесно се заработува пари отвори бизнис за глисери мотори и скутери е еве кај го гледам пред една година вози камион за лебе не е лесен бизнисот во македонија

--- надополнето ---

јбг ..а дали може Македонски државјанин, да орочи пари у странство?

let's say Switzerland? или мора исклучиво нивни граѓанин? Знам дека од странскиве, Шпаркасе имаат филијали во Мк. и доста добри камати..

- Извор; Идивиди форум ..

добар бизноис ти е и со купување на акции ама бара доста знаење од таа област
 
T

theTinule

Гостин
најсигурна инвестиција ти е банка добиваш не губиш пари дали ќе ти тргне со бизносот или не е друга работа во банка ти се сигурни депозитите и на тоа заработуваш камата пример на 100 000 евра земаш годишно 10 000 евра добра пара кој ти ги дава ништо не губиш а добиваш.
така еден во охрид мислеше лесно се заработува пари отвори бизнис за глисери мотори и скутери е еве кај го гледам пред една година вози камион за лебе не е лесен бизнисот во македонија

--- надополнето ---

добар бизноис ти е и со купување на акции ама бара доста знаење од таа област
Со 100 000 евра ќе отворам мал милион бизниси и парите ќе ги вложам во исплатливи работи.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
А да и во врска со тоа што да направиш со твоите 1.000 би ти препорачал неколку работи:
1. Да ги вложиш во благордни метали (злато, сребо)
2. Да ги вложиш во акции со добри дивиденди (телеком ми паѓа на памет)....над 10%-12% дивиденда имаш просор да толерираш 5% инфлација.. Ако ништо друго ќе ја задржиш куповната моќ
3. Ако најдиш можност да вложиш во кинеска валута РМБ(јуани) - нема кај нас ниту во европа, има во САД, КИна и некои азиски земји.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Незнам зашто воопшто некој би орочил 1000 евра, добивката е минимална.
Иначе ја да имам некој денар за тргање на страна да речеме некои 10тина иљади евра, одма би купил/би вложил во злато...
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Со 100 000 евра ќе отворам мал милион бизниси и парите ќе ги вложам во исплатливи работи.
така мислиш дека е лесно да ти текнат мал миљон бизниси, коа ќе треба да отвориш ќе ти се тресе газот да здрмаш 100к на ризичен бизнис.

И некој погоре спомна ќе си купам деловен простор, ај најди некој асален оглас и кажи ми го :) Барам со години, не е лесно да се најде, чунки тој шо му носи пари на газдата нема зашто да го продава, освен ако не е во некоја тешка криза за пари. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom