Јас бирам баклава било каква обична редена со бадеми и ореви или пак чоколадна ух пред некој ден правеше мајка ми,така пуна со чоколадо и ореви и плус одозгора цела чоколадна, се дрснав од јадење осеќам ќе ја прејадам,нема да сакам да ја помирисам после тоа
Баклава и тоа од секаков вид. Омилена ми е онаа старската, но модерните егзибиции со баклавата што ги прават денеска сите, сосема регуларно влегуваат во мојот префинет вкус за благо. Иначе баклавата е единственото благо кое не содржи чоколадо-а кое го сметам за благо!
Кога би бирала, би одбрала баклава. Тулумбите не ги сакам и воопшто не сакам такви шербетлии, за мене благо што нема чоколадо не е благо, ама ја сакам Грчката баклава посебно кога ќе ми ја направи мајка ми за Божик. Тогаш ми е најубава.
Тулумби воопшто не можам да јадам, премногу ми се благи.Мразам работи потурени со шербет.Ама ако баклава знам да каснам едно парче ко ќе напрај мајка ми, обично за Нова година.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.