Немој да ме сфатиш погрешно, ама сето ова се прави преку телефон. Начисто ви ги собрале парите...
Мојата фамилија, фала Богу, е многубројна. Јас сум гледала и сум помагала за домашна свадба да се спремат и за „модерна“ свадба да се спремаат. Верувај ми ако знаеш што сакаш се` можеш да направиш.
Мој втор братучед многу долго немаше дојдено во Македонија и реши да прави домашна свадба со сите адети и траеше цела недела, од понеделник до понеделник. Чинеше поскапо, оти цела недела имаше музика, јадење и многу луѓе, ама верувај ми се` беше под конец. Никој не почувстува замор ниту еден момент, свадбата беше во јули и невестата ни беше малку трудна, седми месец. Требаше да се направат неколку носии и да се најде стариот накит од бабите. Сите братучеди се сеќаваме на оваа свадба. Додека се спремавме ги уигрувавме и повторувавме некои ора и песни, старите си раскажуваа за нивните свадби, младите пукавме сеир. Тоа беше свадба која ќе ја памтам цел живот, оти цела фамилија ми беше на едно место. Повторувам, воопшто не беше проблем за пари.
Не велам дека треба да правите свадба од понеделник до понеделник, но што ќе ти е свадба од која имаш спомени само од хотелот?! Или пак се снимавте додека биравте со кои салфети ќе бидат украсени тањирите у ресторанот? На крајот на краиштата, свадбата не е само за вас! Дедо ми викаше зборот кога се дава меѓу двајца е за семејствата да се провеселат, веридбата е за роднините од двете страни да се провеселат, а свадбата е и за пријателите да се провеселат. Кога ќе ти дојде човек на свадба ти треба да му укажеш чест, инаку зошто би го викнала?!
Јас сум женско, па сметам дека свадбата ако сама не ја организираш, `ко да не си ја правела.
Целата фамилијата се собира за убави работи и за неубави работи. Спомените од убавите моменти треба да ни помогнат да ги пребродиме неубавите работи во животот.
Ова е мое мислење, не значи дека мора да се согласиме.