Организатор (планер) на свадби - Да или не?

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952
Владе, мојот приватен живот не е тема на шпекулации овде.
Поради тоа што не ме познаваш лично, ниту пак абер имаш со каков маж би била, ќе те замолам да се воздржиш од коментари и да се фокусираш на темата.
Тогаш не изнесувај приватности од твојот живот.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Немој да ме сфатиш погрешно, ама сето ова се прави преку телефон. Начисто ви ги собрале парите... :pos:

Мојата фамилија, фала Богу, е многубројна. Јас сум гледала и сум помагала за домашна свадба да се спремат и за „модерна“ свадба да се спремаат. Верувај ми ако знаеш што сакаш се` можеш да направиш.
Мој втор братучед многу долго немаше дојдено во Македонија и реши да прави домашна свадба со сите адети и траеше цела недела, од понеделник до понеделник. Чинеше поскапо, оти цела недела имаше музика, јадење и многу луѓе, ама верувај ми се` беше под конец. Никој не почувстува замор ниту еден момент, свадбата беше во јули и невестата ни беше малку трудна, седми месец. Требаше да се направат неколку носии и да се најде стариот накит од бабите. Сите братучеди се сеќаваме на оваа свадба. Додека се спремавме ги уигрувавме и повторувавме некои ора и песни, старите си раскажуваа за нивните свадби, младите пукавме сеир. Тоа беше свадба која ќе ја памтам цел живот, оти цела фамилија ми беше на едно место. Повторувам, воопшто не беше проблем за пари.
Не велам дека треба да правите свадба од понеделник до понеделник, но што ќе ти е свадба од која имаш спомени само од хотелот?! Или пак се снимавте додека биравте со кои салфети ќе бидат украсени тањирите у ресторанот? На крајот на краиштата, свадбата не е само за вас! Дедо ми викаше зборот кога се дава меѓу двајца е за семејствата да се провеселат, веридбата е за роднините од двете страни да се провеселат, а свадбата е и за пријателите да се провеселат. Кога ќе ти дојде човек на свадба ти треба да му укажеш чест, инаку зошто би го викнала?!

Јас сум женско, па сметам дека свадбата ако сама не ја организираш, `ко да не си ја правела.
Целата фамилијата се собира за убави работи и за неубави работи. Спомените од убавите моменти треба да ни помогнат да ги пребродиме неубавите работи во животот.
Ова е мое мислење, не значи дека мора да се согласиме.
Прво, алал да му е на братучед ти за свадбата, сигурно било преубаво.
До некаде јас се согласувам со тебе, но од друга страна, се познавам и себеси.
Немам ќеиф да трчам по цвеќари, по ова и по она. По ќеиф ми е да видам нешто, а друг да го направи.
Не секогаш имам прилика за истото, ама не се согласувам дека за други правам свадба. Ја правам за самата себе и за тој со кого се мажам.
Од таа причина, сакам тој ден да бидам максимално одморена и спремна за журкање, ич уво да не ми чуе што имало а што фалело.

Периодот предходно, би го посветила на бирање на венчаница и нејзино правење, па мерки, па ова, она, испробување шминка, фризура... :) И тоа одзема време.

Реално, ниту вие сами не сте ги правеле китките, бидермаерот, бонбончињата, пак сте ги купиле од некаде. Зошто јас да трчам по цвеќари, ако може некој сето тоа со се пропратно да го направи за мене.

Некои велат еднаш во животот се прави свадба, што јас се согласувам (барем за мене). Може уште 2 пати ќе се мажам, ама сигурно нема да се шетам со балски фустани и да правам журки за 500 луѓе уште 2 пати.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
52
Поени од реакции
142
Ме боли Таска како се вика фирмата, се додека добро си ја работи работата.
Може да се вика и Шуто-пром или уште подобро ,,Јас и Братми ДООЕЛ,, , ако се прашувам јас ;)
,,Јас и Братми ДООЕЛ,, - Охрид ? :)
 
H

HITCH

Гостин
Не секогаш имам прилика за истото, ама не се согласувам дека за други правам свадба. Ја правам за самата себе и за тој со кого се мажам.
Па, ако ја правиш свадбата само за вас двајца зошто каниш луѓе? Идете некаде изжуркајте се и после покажете слики и видео кај сте биле и како сте поминале...
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Тогаш не изнесувај приватности од твојот живот.
А што толку те заболе тебе моето мислење?

Индикативно е што не им рече ни збор на машките форумџии кои го делат мојот став дека не сакаат традиционални свадби, туку мене ми се сврте.

Се осети традиционално-свадбарски кастриран на потсвесно ниво, па побрза веднаш брже-боље да ме пресечеш и да ми се обратиш од висина, од типот "девојче, не само што ќе правиш традиционална свадба, туку и оро ќе играш".

Така можеш да им се обраќаш на тие што ќе ти дозволат и преќутат, но јас нема. Смачено ми е од луѓе кои ништо конструктивно не изнесуваат во дискусијата, нити даваат свој став, ама се први за мрчење и критики ако слушнат мислење што не им се допаѓа. Дај бре порасни. Секој има право на свое мислење, без оглед дали тоа некому му се допаѓа или не.
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207

А да се вратевте ОНТОПИК??? Или нема потреба да пишувате на темава.
--- надополнето: 23 јануари 2013 во 16:54 ---

И роденденот пред се го правиш за себе, па каниш луѓе.
Не може заради ќеифот на некоја тетка јас нешто да правам. И зошто мислиш дека ако нешто правам за себе, на другите нема да им се допадне? И зошто не би им се допаднало на луѓето што сум ги поканила да имам организатор, или да немам? Веројатно тоа тие не би го ни знаеле.
Од искуство, луѓето повеќе се радувале на некои необични и интересни моменти на било какви веселби, него на нешто што веќе го виделе милион пати.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952
А што толку те заболе тебе моето мислење?

Индикативно е што не им рече ни збор на машките форумџии кои го делат мојот став дека не сакаат традиционални свадби, туку мене ми се сврте.

Се осети традиционално-свадбарски кастриран на потсвесно ниво, па побрза веднаш брже-боље да ме пресечеш и да ми се обратиш од висина, од типот "девојче, не само што ќе правиш традиционална свадба, туку и оро ќе играш".

Така можеш да им се обраќаш на тие што ќе ти дозволат и преќутат, но јас нема. Смачено ми е од луѓе кои ништо конструктивно не изнесуваат во дискусијата, нити даваат свој став, ама се први за мрчење и критики ако слушнат мислење што не им се допаѓа. Дај бре порасни. Секој има право на свое мислење, без оглед дали тоа некому му се допаѓа или не.
А зошто не би ме заболило? Можеби ете гаам тајни надежи спрема тебе а ти пустото не осеќаш:).
Инаку те зедов на пик не за друго туку некако ми се пали црвено ламбиче кога некој прво вика оп после скока. И ти демек сакаш да кажиш дека без разлика дали твојот иден сопруг сакал или нејкел свадба ти одречно ке го одбиеш па макар и да не правиш свадба и да не бидеш со него. Незнам само дали си премногу мала или хормоните од пубертетот ти се над нормалата ама дали си свесна колкава глупост имаш закачено, па уште и скока демек другите ми ќутеле ама ете ти не:facepalm:. Да ти пукни душата од вакви детски муабети.

Ке ти прикажев уште нешто ама мала си , а башка и да не и кршам атер на @nene88.
И колку да не речиш немам кажано ништо конструктивно на темата и ај да не ти е од мисла како прво за разлика од повеќето жени кои свадбата ја планираат од кога знаат за себе, машкото тој ден гледа побрзо да заврши. Нити посебно ке се загрижи дека тортата била ваква или таква , нити каков фустан носела невестата, дали фризурата и била ваква или таква , нити сликарот дали убаво ги фатил на слики, а најмалце дали салфетките биле во форма на ова

или биле вакви

битно е да има нели, за да можат гостите да се забришат. А најбитно од се е се да помини во најдобар ред и да нема некој посебен скандал. Друго посебно ништо не е битно, така да сума сумарум од машка гледна точка организатор на свадба се џабе фрлени пари за глупости кои и така не го интересираат посебно, кои можеле да се употребат за многу попаметни нешта од кои корист би имале и двата идни сопружници. Од друга страна бидејки ете знаеме колку тој ден ви значи вас и вие ни значите нам ај да не ви се крши атер можеби и ке се сложат на тоа, инаку е тотална глупост и помодарство.
Задоволна сега?
 
Владе, жените цел живот ја чекаат свадбата, не оти толку сакаат да се мажат, колку да бидат принцези на еден ден :)
Јас нема да си поминам убаво со вторава салфетка на мојата свадба. Мене ќе ми штрчи во око.

До душа, не сите мажи се како ти што ги опиша. Кога се женеше брат му на дечко ми, тој трчаше и по салфетки, и по покани и по китење коли, сам се бираше, па дури и невестата се консултираше со него за бонбоните :) Навистина, брат му уво не го болеше, ама ете, овој мојов сака да му е убаво на очи.

Како што не сите жени сакаат да бидат принцези, не сите мажи ги боли тасе за деталите ;)
 
Секако :)
 
Па на ова повеке мислев де:)
Инаку една ластовичка не ја прави пролетта, збораме за во глобала машки и женски.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Јас мислев дека не е е потребен, ама сега да можам два би ангажирал, не еден. Има премногу детали, обврски што изникнуваат од никаде. Во секој случај помалку стресно би поминала подготовката.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
A kaç para zimaat za nivnata im rabota?
Ili toa odi pravo-proporcionalno so brojot na gostite?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom