Општи дискусии за игри

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
Знае ли некој добри нови модови за STALKER?
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.541
Некој има играно Rise of Legends? Страшно добра игра а толку страшно flop-на

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.273
Поени од реакции
27.721
CK3 e takvo razocaruvanje i downgrade od CK2.
Sreka so ne ja kupiv.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.367
Поени од реакции
19.931
CK3 e takvo razocaruvanje i downgrade od CK2.
Sreka so ne ja kupiv.
Стандард практика на Парадокс, искача крш игра и после милион пачови и DLCs играта конечно добива некаква форма. А на крај искача играта да кошта 300$.

Има доста материјал да се критикува фирмата ама иди пробај и ќе те запалат жив фанатицине по форуми.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ќе ја пробам за година-две кога ќе излезат неколку DLC-a, SIMS-начинот на издавање на игри немам намера да им го помагам на Парадокс, колку и да се уникатна компанија со игрите што ги прават, овој модел е срамота, не измислуваат ништо ново, туку намерно ги вадат од содржината која ја имале претходниците на новите игри.

Ако не е некој фејк, имаше некава понуда за 2000 долари уште сега да платиш да добиеш бесплатно ДЛЦ-а што ќе излезат после неколку години.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.273
Поени од реакции
27.721
Ok dosega iritantni raboti vo CK3
-Mapata e dosta konfuzna, se kontrolira na zumiranje.
-Nema dovolno opcii za filtritanje karakteri.
-Ally AI e blago receno retardirano. Koga ima krstonosna vojna moze da se vidi, niedna od armiite ne odi zaedno site se rashtrakani.
-Nemas opcija da ja zakacis armijata pod druga.
-Prelesno protivnikot moze da te pobedi. Ako vo CK2 za da ti zeme county celosno trebase site gradovi da gi osvoi, ovde direktno go osvojuva celo county vednas. I normalno toa vednas go zgolemuva war score i mozes od 15% negative vednas da zagubis. Ova mi e dosega najgolema kritika.
Ako si napadnat od poveke strani nemas nikakvi shansi da se odbranis.
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
357
Поени од реакции
356
Ја завршив Death Stranding на ПС4 ПРО минатата недела, еве пар реченици за неа.

Главниот проблем на играта е што пробува да биде многу работи истовремено. Од тука потекнува и проблемот со лошиот маркетинг пред да излезе, односно незнаеја како да ја дефинираат и презентираат играта на купувачите, дали е хорор, дали е карго симулатор, дали е шутер, дали е стелт, итн.

Кога излезе приказната дека Конами за време на креирањето на Metal Gear Solid V пробувале да го усмерат, калибрираат "мастермајндот" Хидео Коџима, партали ги направија, незнам угнетен бил, му го ускратувале талентот, сакаат да го уништат, а он уствари доста знаел да залута со своите идеи, башка ги довел и до банкрот. Без такво "насочување" ја правеше Death Stranding и направи полоша игра од Metal Gear Solid V, што е доста трагично е дека на таква креативност и визионерство он уствари портнал 50% од MGSV во DS. Е тука барем не се потпишува после секоја успешно испорачана пратка како што правеше пред секоја нова мисија во MGSV.

Hands down, човекот може најјака помпа да створи за игра, или бар така гледаат на тоа неговите фанови. DS изобилува со познати ликови, режисери и актери вметнати во играта, Гиљермо дел Торо, Матс Микелсен, Леа Сејду, Маргарет Куали,... и секако Трој Бејкер.

Приказната е просечна, "subvert expectations" е една од главните алатки за креирање интересна приказна во било што (книга, филм, игра), тука мајсторот има subvert expectations не на квадрат, не на трета, туку на стота, незнаеш кај тера, се познава расеаност, без права идеја и без права насока, впрочем и самиот незнаеше како да ја претстави и дефинира играта.

Музиката е солидна, креираниот свет исто така но баш во момент кога ќе се внесеш, фокусираш и ќе почне песна да свири додека одиш од точка А до точка Б при тоа внимавајќи на теренот и уживајќи во околината, на сцена стапуват BT (натприродни битија (гњаватори :))) и мулињата односно луѓе кои крадат пратки и кои се исто така непријателски настроени кон тебе. Значи ваквите непријатели во играта да биле ставени малку понастрана, играта полесно би се дефинирала и повеќе би се уживало во неа.

Би им се допаднала на оние кои уживаат во сим игри, на другите баш и не би им ја препорачал.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.842
Поени од реакции
24.275
Овие бетер рециклажа почнаа и од FIFA и NBA да прават.
Ја здробив од играње Modern Warfare, и мултиплеерот и Warzone, али за иста игра спакувана во различен сетинг шанса нема пак да им дадам 60 евра.

H

HoT _iCe

Гостин
Свака година нова CoD а свака година иста игра. Купи гу Black Ops 4 пошто беше прв battle royale, гадно се заеба, не гу купи MW поучен од претходно искуство, Warzone направи кабум и меѓу најиграни игре е, сви мои другари гу играв и ме нервира што е p2w Warzone без MW.
 
Член од
5 декември 2014
Мислења
379
Поени од реакции
384
Ја завршив Death Stranding на ПС4 ПРО минатата недела, еве пар реченици за неа.

Главниот проблем на играта е што пробува да биде многу работи истовремено. Од тука потекнува и проблемот со лошиот маркетинг пред да излезе, односно незнаеја како да ја дефинираат и презентираат играта на купувачите, дали е хорор, дали е карго симулатор, дали е шутер, дали е стелт, итн.

Кога излезе приказната дека Конами за време на креирањето на Metal Gear Solid V пробувале да го усмерат, калибрираат "мастермајндот" Хидео Коџима, партали ги направија, незнам угнетен бил, му го ускратувале талентот, сакаат да го уништат, а он уствари доста знаел да залута со своите идеи, башка ги довел и до банкрот. Без такво "насочување" ја правеше Death Stranding и направи полоша игра од Metal Gear Solid V, што е доста трагично е дека на таква креативност и визионерство он уствари портнал 50% од MGSV во DS. Е тука барем не се потпишува после секоја успешно испорачана пратка како што правеше пред секоја нова мисија во MGSV.

Hands down, човекот може најјака помпа да створи за игра, или бар така гледаат на тоа неговите фанови. DS изобилува со познати ликови, режисери и актери вметнати во играта, Гиљермо дел Торо, Матс Микелсен, Леа Сејду, Маргарет Куали,... и секако Трој Бејкер.

Приказната е просечна, "subvert expectations" е една од главните алатки за креирање интересна приказна во било што (книга, филм, игра), тука мајсторот има subvert expectations не на квадрат, не на трета, туку на стота, незнаеш кај тера, се познава расеаност, без права идеја и без права насока, впрочем и самиот незнаеше како да ја претстави и дефинира играта.

Музиката е солидна, креираниот свет исто така но баш во момент кога ќе се внесеш, фокусираш и ќе почне песна да свири додека одиш од точка А до точка Б при тоа внимавајќи на теренот и уживајќи во околината, на сцена стапуват BT (натприродни битија (гњаватори :))) и мулињата односно луѓе кои крадат пратки и кои се исто така непријателски настроени кон тебе. Значи ваквите непријатели во играта да биле ставени малку понастрана, играта полесно би се дефинирала и повеќе би се уживало во неа.

Би им се допаднала на оние кои уживаат во сим игри, на другите баш и не би им ја препорачал.
Коинцидентно и јас неодамна ја финиширав, и имам поинакви импресии...
Настрана дел од трејдмарк Коџимизмите како напоменатите пуштање на криптични промо материјали, ликот нема таков it беграунд како пример фаци од типот на Маер,Гејбен,Ромеро,Мијамото,Хауард, и уште на самите почетоци до сеа, претежно други мислеле како да му го вклопат плотот во разумен гејм-дизајн, кога тоа им идело од рака го имаш расплетот во МГС3, а кога не имаш катцена од саат и кусур во МГС4... разврската и конфликтот со Конами е посложен од тоа што наведе али не би навлагал сеа.

Малку пиша за самата игра... прво околу тоа дека портнал 50% од мгс5, ако би знаел да наведеш 2-3 ствари, а тоа да не е брифинзи на мисии, скор и преглед од мисии, мени-менаџмент и некои од гаџетите, зошо ова сè се итерации на ствари што му се провлекуваат уште од првиот му наслов дури, што ја претходи цела мгс ко таква.
Приказната без навлагање, исто ги содржи типичните за него бизарни концепти, хеви експозиции, мета-коментари на курентни стања... али во овој случај не би рекол дека проблемот е со субвертирање и твистови зошто постојат рани форшеднати хинтови, туку со кашата на преобјаснување на концепти преку пренагласени експозиции(плус текстуално) што на крајот вршат контра-интуитивност за да буричкаш во нивната смисла.
Се на се, просечна можеби, во неговата антологија и подпросечна.

Е сеа, ако приказната сама по себе е проблематична, ондак како е преведена во гејмплеј е многу блиску до стеларна, во споредба со многу други кои не ни се обрнуваат на интерната логика во игра и на тоа што се нарекува лудонаративност.
Користење на телесните флуиди ко оружје, убивање мобови и нивно не согорување праат војдаутс, рејнфолот оштетува градби/предмети периодично и практично цел онлајн моуд што рефлектира на главниот плотлајн на праење конекции.
Верувам не ти била онлајн иначе ќе наведеше, ради што е најсилниот аспект во играта, ко веќе проценти ставаме ондак за некои 40% би рекол дека го збогатува синглплеерот, што всушност му доаѓа како енхансмент него засебен моуд, со слични елементи од игри ко Journеy, инвазиите и пораките во ДС и некои од ко-оп сим игрите.
Јак е филингот на допамин раш ко ќе дигнеш сам неколку блока автопат, комплетираш нечива туѓа пратка, доповрзеш мрежа на зиплајнс или случајно налеташ на твој терминал или мост што си го дигнал пред 3 дена, а сеа има 300 лајка.
Покрај ова и траверсингот е вреден за споменување, во зависност од временските прилики и екипирани алатки, теоретски и најстрмните предели се можни за искачување, слично ко кај јужуал саспектот Botw, само овде со три пути поише полигони за процесирање и даунсајт од тоа што повремено се дешаваат janky анимации.

Ова може изглеа ко препорака али сепак се бара од играчот да е во одредено изолационо медитативно стање зошо цел гејмплеј обесхрабрува акционен комбат и гемифицирани/фан механики, у спротива данки.
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
357
Поени од реакции
356
Ќе пробам се да одговорам, се надевам нема да испуштам нешто битно. Немав напера мислење/ривју да правам, сакав само неколку реченици околу играта да напишам.

Заедно со тие работите што ги наведе ти прават 50% :) али еве да додадам уште неколку, архитектурата особено кај куќарките кај Mountain Knot City, внатрешноста на местата каде оставаш и земаш пратки, самата припрема за пратка/мисија кога крафташ елементи, самото движње е премногу слично иако станува збор за различни енџини, приказната има доста слични паралели во однос на тоа како е поставена, исто како и во MGS таман ќе се внесеш убаво во она што го правиш и одма те бута во некој катсин во оној надприродниот дел од играта,... Ништо чудно Коџима за неколку години да изјави дека DS е уствари сместена пар децении во иднина во однос на MGS, ако некоја игра делува како продолжение на MGS франшизата тогаш тоа е оваа.

Пак за приказната, значи јас не велам дека ти играчот неможеш да сватиш и да претпоставиш што ќе се случи до крајот се додека не ја изиграш 99.9%, но моменти каде што еј абе овој е крив, после пар саати абе не бил тој вториот бил, ма не третиот е негативецот јер филџанот од кафе не го измил,... тоа не ми се допаѓа воопшто. За да биде приказната квалитетна нема потреба да биде спинувана, испреплетувана, одење од одна до друга екстрема, има многу повеќе игри со едноставна приказна која што е убаво раскажана и се по квалитетни од оваа. Не велам дека неможеш да поврзеш одредени елементи со логика ама е тотално беспотребно такво комплицирање според мене. Оваа игра кога би имала претходник врз која би се базирала мислам дека би имала далеку подобра приказна.

Ја играв офлајн, верувам дека би била можеби малку поинтересна онлајн но не верувам дека првичната замисла на играта му била со онлајн компоненти. Еве и нека е така, но и во офлајн (ботови) ти ставаат лајкови од тоа што ќе собереш изгубена пратка, ќе им се најде мостот што сум го изградил, патот (не толку масовен) што сум го поставил, скали што сум ставил, така да не си баш "опериран" од такви ствари ако си офлајн. Секако филингот не е ист и не правиш по 300 лајкови.

Пак ќе кажам, самото патување од точка А до точка Б е најдобриот дел од играта заедно со креираната средина, самиот свет, музиката.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
Скорешно кракираната Resident Evil 3(remake)....
Прилично ебано добра. Ја сакам поеќе од римејкот на 2ката.
Зошто?
Без булшитот со ненормалното здравје на зомбињата.
Можеш да избегнеш гризања и напади ако знаеш.
Без спојлери, омаж на RE4.
Nemesis не е на твојот гз 65% од времето како нападен хемороид.
Викат дека била кратка....па...не се согласувам. По динамична, помалце стагнанта него 2ката... Дефинивно позабавна. За пострашна... за ветерани....има моменти што би те извадиле од памет.....ама не многу(да бидеме реални, ако си ветеран на резидент ивл(и во екстензија дед спејс)...имаш видено срање. Ама тоа и ја прави играва интересна.
8.8 од 10. Не перфектна(лицето на џил, меѓу другото).
Ама дефинивно ја турка ревелејшнс од 3то место во серијалот за мене(4ката на прво, 7мицата на второ)
Сегашно рангирање
1во-4
2ро-7
3то-3
4то-ревелејшнс 1
5то-2
6то-ревелејшнс 2
7мо-5
8мо 6
9то-оп.рекун сити
после тоа, се друго/
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Колку различно размислуваме за серијалот, 4-ката никогаш не би ми била на прво место, тоа е првиот Resident Evil кој ја напушти класичната и според мене најдобра формула. Re2make е подобар од Re3make, иако се сложувам дека неосновано е критикувана, забавна не предолга динамична и забавна игра, посебно ако се игра на hardcore и nightmare, и пак си грешка, Саша е срцка, ептен симпатична Џил е.

1.Re2- оригиналот, 2. R1 Remake, 3.Re2make 4.Re3 5.Re3make. Тоа би биле моите топ 5.
 
Оригиналите се за нигде. Како поинт и клик се. Многу спори, многу иритирачки, многу напињачки. Преголем акцент на загатки(главен проблем со 2ката римејк).
Фиксираните агли се комични, комбинирани со контролите. 25% од времето аватарот
бацува ѕидови. 10% оди напрет и назад на ист ходник оти транзицијата го прави карактерот да врти 180степени со контролите.
И да не коментирам колку незадовилителна е борбата.
За римејкот 2ката зошто е ниско
-здравјето на зомбињата е комично високо на моменти(дури и на најлесно)
-Тирантот што те брка е иритирачки досаден( во оригиналот можеш да го онесвестиш)
-Рутите А и Б не се имплементирани(оти 2/3тиниа рута Б е иденична на рута А од главниот карактер
-Акцентот на загатките
 
Kajgana Shop

На врв Bottom