Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали е до срчот што не работи или серијава е навистина игнорирана, ама Gangs of London е страшно добра серија! Многу брутална, само што ја завршив прва сезона, комотно можам да кажам на рамниште со италијанската Gomorrah, ако не и подобра.
Нема што да се објаснува, самиот наслов е доволен опис, препорака.
Првата сезона е прејака,петтата епизода е врв над врвовите полна со брутални акциони сцени,понекогаш се навраќам и си ја гледам само оваа епизода.
Во првата сезона е инволвиран Гарет Еванс (ако некој ги гледал The Raid филмовите знае за кого зборувам)тој е продуцент,сценарист и режисер во првата сезона но не е инволвиран во втората а ниту третата.
Втората изгледав 2-3 епизоди но не ми беше доволно интересна и заводлива како првата па ја прекинав.
Ако ја изгледаш и втората сезона кажи впечаток дали да ја изгледам или не.
 
Не сум импресиониран од новата Daredevil Born Again.
 
Ја завршив вчера втора сезона, искрено дури и подобра од прва. Брутална како и првата, можеби и повеќе, многу подлабоко се навлезе во ликовите и приказната на двете фамилии, неочекувани пресврти. По мене дефинитивно вреди да се изгледа, 3та сезона доаѓа за брзо.
 
IMG_1183.jpeg

После три епизоди, третава сезона од Белиот лотос е послаба од претходните. Нема некој лудак ко менаџерот од првата или Стифлеровата мајка од втора сезона. Моментов е еден од ретките што ме насмеа.
 
Прегледај го приврзокот 445358

После три епизоди, третава сезона од Белиот лотос е послаба од претходните. Нема некој лудак ко менаџерот од првата или Стифлеровата мајка од втора сезона. Моментов е еден од ретките што ме насмеа.
И јас се смеев на моментов, ама ликов што го глуми Шварценегер како ме нервира! Се надевам тој убиецот на крај него ќе го скине прв.
 
И јас се смеев на моментов, ама ликов што го глуми Шварценегер како ме нервира! Се надевам тој убиецот на крај него ќе го скине.

после третава мислам дека масеркава од прва сезона може да настрада пошто го препозна Грег.
Досега едино тој лик ми има некаква логика да почне да стрела, али баш да видиме…
 
после третава мислам дека масеркава од прва сезона може да настрада пошто го препозна Грег.
Па да. И плус
ако продолжат да ги убиваат оние кои глумеле во претходните сезони, ко Тања во претходната - има логика.
 
Заврши срањето Prime Target. Немој да се заебете!
Ми останаа 7ма и 8ма епизода, ама не верувам дека ќе ги изгледам.
Ја бинџав и The Pitt на Макс, една од поинтереснитe мед драми. Многу брзо темпо, хаос се дешава. Уствари цела сезона се одвива во само 1 смена на ургентен центар.
 
The Pitt навистина добра серија! Ама не би ја препорачал на некој со поизразен OCD, анксиозност или панични напади. Не знам реално како функционираат ваквите ургентни центри, кога изгледа се така хаотично и неорганизирано. И интересно е да се спореди со кај нас - исто се чека, со саати, ама таму ко ќе те примат, за 10 мин ти ги закажува и прави сите неопходни испитувања, меѓу кои и КТ на скоро сите пациенти што влегоа внатре. Кај нас ако те примат на ургентен ќе имаш среќа ако успеат да најдат слободен томограф на некоја друга клиника, инаку во март ќе ти закажат за септември, ако имаш среќа да преживееш до септември.
 
kazete nekoja dobra serija moze i film krimi, misterija pr so uistvo /a, seriski ubijci , nekoja postara zs novite site gi imam izgledano
il pak nekoja sf , fantazija so paralelni univerzumi, patuvanje niz vremeto
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom