Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Yellowjackets гледал некој?
Првите 2 сезони беа врв, сега третата ја чекам да излезе цела. Ако тек сега почнуваш, Yellowjackets е микс на филмот Alive или неговиот римејк Society of the Snow и романот на Голдинг - Господар на мувите. Не е лесна серија за гледање, ама вреди!
 
Во топ 10 содржини на Скај е, а не гледам кај нас дека се збори многу. Ќе се гледа.
 
Па беше номинирана и за ЕМИ и за Глобус. Сега не знам дали двете сезони беа, или само втората, само знам дека мене така ми го привлече вниманието. Добра серија е, стварно добра, иако изгледа ко да е рециклирана од веќе познат материјал. Плус има и таму доза на мистерија што те држи под хајп.
 
Ја почнав сношти. По две епизоди доста интересна. Ја би додал покрај Alive/Society of Snow има и од I Know What You Did Last Summer франшизата.

Лудачана од Два и пол мажи и тука психотична. :D
 
Adolescence стварно многу добра! Ми се допадна и кинематографијата, и глумата но и емоцијата која ја пренесува која не е баш лесно сварлива. Третата епизода стварно малку полоша од останатите, ама сметам дека беше многу потребна за да се допрецизира профилот на копиљот. Инаку - прва, втора и четврта - краевите беа Е-ЖЕ-ЊЕ! Ова сигурно ќе собере се за минисерии / limited серии што може да се собере од награди.
 
Каква глупост направиле со Daredevil: Born Again :facepalm:
 
Композиција на Џајковски од “Прашина” искористена во новата Daredevil серија. :)
 
Adolescence стварно многу добра! Ми се допадна и кинематографијата, и глумата но и емоцијата која ја пренесува која не е баш лесно сварлива. Третата епизода стварно малку полоша од останатите, ама сметам дека беше многу потребна за да се допрецизира профилот на копиљот. Инаку - прва, втора и четврта - краевите беа Е-ЖЕ-ЊЕ! Ова сигурно ќе собере се за минисерии / limited серии што може да се собере од награди.
се мислев да ја гледам, сега е да :)
 
Gangs of London - огин бато

Првата сезона топ напишана, одлични акциони сцени.

Сезона 1 Епизода 6 - Ловот на Дерен беше најдобра епизода по мене.
 
@dantemkd те нема нешто за новата Devil May Cry. :icon_lol:

Некаде прочитав правена од тие позади Castlevania, ама од тоа малку што изгледав промашен духот и кулнесот комплетно.

Иначе кај цртање кога сме, џемам со Pantheon. Ja има на нетфликс и е за аплоадирана интелигенција.
 
Back
На врв Bottom