мислам дека серии како Legion, American Gods и Westworld, треба да се изгледа цела сезона за да може да се оцени како просечна или одлична...барем овие 3 серии имаат специфичен тек на епизодите, кој што може да делува многу спор и чуден и без веза, ама кога ќе се изгледаат сите епизоди да даде една добро склопена и некарактеристична приказна.
Види, знам јас дека има такви серии и многу од нив со уживање сум ги следел. Имам извесно „гледачко искуство“
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
, па немам проблем со тој тип шоуа, не се нешто ново. Тоа што серија може да биде спора, чудна и навидум без врска на почетокот, а потоа, откако ќе почне да се расплеткува да биде одличен производ кој ќе има легендарно полуфинале и супер финале не ми е проблем тука. Ама некогаш може да се насети (не тврдам дека сум апсолутно во право), дека се работи за недостаток на вештина добро да се разработи приказната (а не за генијална замисла), дотолку повеќе што таа во суштина и не се вбројува баш во категоријата приказни од тој тип. Нејзиниот квалитет почива врз други основи.
Можеби се' е поради тоа што ја имам читано книгата (со самото тоа моето гледиште се разликува од тие што не ја читале) и очекувам поинаков тек на дејствието, посоодветен избор на актери и искористување на потенцијалот што романот го нуди. Можеби мојот проблем е што првите две епизоди, кои го екранизираат почетокот на оригиналниот текст, наместо квалитетно да го дополнат, всушност го осиромашуваат и скратуваат. Не е ова мега серијал до типот на Game Of Thrones со 5 книги/цигли и најава за уште две, каде што кратењето е сосем разбирливо, туку се работи за поскромна по големина приказна кај која уште во почетокот непотребно се штеди. Сценаристите се мрзливи, не додаваат (а за очекување е квалитетно проширување на приказната во интерес на серијата која сепак е поинаков медиум од книгата) туку само го одземаат и она што веќе го има и може добро да се искористи.
И така се создава впечаток и на развлеченост и на непотребно поедноставување. Ефектот на премалку путер намачкан на премногу леб, што би рекол Билбо Багинс во LOTR. Јас секако ќе ја гледам серијата и можеби (дај боже) ќе го сменам мислењето, ама засега мнението ми е тоа.
Вкусови јеби га, не можеш да им погодиш на сите
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.