Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60
барам мајстор кој ќе посвети внимание на мојот велосипед во однос на местењето на седиштето и воланот според моите пропозиции...
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Пробај си ја среќата во Outdoor, Pro-Sport, Треска Спорт. Само прашај си за цена прво, bike fitting е доста комплицирана и ценета наука, и се наплаќа доста скапо. :)

Ако сакаш мала помош во тој поглед, повели неколку туторијали:

Висина на седиште:
https://www.youtube.com/watch?v=FVu5Zrktm40

Основен bike fit:
https://www.youtube.com/watch?v=1VYhyppWTDc

Јас со помош на туторијали од интернет се наместив на точак. Ми требаше доста време (околу 3 месеци), континуирано минијатурно подесување на компоненти (примарно седиштето горе/доле, и напред/назад и самиот нагиб на седиштето). Кога ќе ја најдеш позицијата што ти одговара, земи си мерки и запиши ги, сигурно ќе ти користат во иднина ;)
 
dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349
Дечки сакам да си купам точаче мтб или хибрид, по коментариве тука што ги прочитав се препорачува да се земе на старо со подобра опрема, не се разбирам многу во велосипеди па ако сака некој да ми помогне во изборот би било одлично. Големина - М кеш - 20000де.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.705
Поени од реакции
1.106
Дечки сакам да си купам точаче мтб или хибрид, по коментариве тука што ги прочитав се препорачува да се земе на старо со подобра опрема, не се разбирам многу во велосипеди па ако сака некој да ми помогне во изборот би било одлично. Големина - М кеш - 20000де.
Има дечки како @Martinmkd @Dovahkin @Ryan Giggs и уште некој не ми текнува сега што доста се разбираат од компоненти и слично :)
Јас лично би ти препорачал додај уште 10k види во Pro Sport продаваат велосипеди од марката Specialized можеш со Acera, Alivio, Deore менувачи да земеш. Барем прв газда, ќе го чуваш добро и тоа е тоа :)
 
dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349
Има дечки како @Martinmkd @Dovahkin @Ryan Giggs и уште некој не ми текнува сега што доста се разбираат од компоненти и слично :)
Јас лично би ти препорачал додај уште 10k види во Pro Sport продаваат велосипеди од марката Specialized можеш со Acera, Alivio, Deore менувачи да земеш. Барем прв газда, ќе го чуваш добро и тоа е тоа :)
Па многу поскапо ќе ме кошта, ради тоа барам на старо. Ама ај да видам тагнатите што ќе кажат :)

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Искрено не видов ништо по огласиве што вреди да се препорача, па затоа извини што сум означен но не сум реагирал. Ова е вредно за препорака, се надевам можеш да го истегнеш буџетот уште малку за да го пазариш овој точак:

https://www.facebook.com/groups/1678303075781557/permalink/1925949347683594/?sale_post_id=1925949347683594
 
Член од
12 мај 2015
Мислења
110
Поени од реакции
172
Момци што може да е проблемот... Погонот ми иде лево-десно а кога ќе напнам посилно се слуша нешто како стружење... еден вид луфта.. Како можам да ја стегнам? или само мајстор е чаре? немам искуство со вакви работи.... Шимано, највероватно ацера
 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
86
Момци што може да е проблемот... Погонот ми иде лево-десно а кога ќе напнам посилно се слуша нешто како стружење... еден вид луфта.. Како можам да ја стегнам? или само мајстор е чаре? немам искуство со вакви работи.... Шимано, највероватно ацера
На предниот запчаник мислиш така?
Крив ти е од потпирање или од некој благ удар, на новите не им треба многу сила за да ги искривиш. Стружењето најверојатно ти е од ланецот што ти фаќа на предниот мењач.

Чаре ти е да го смениш, обично комплет пренос се менува бидејќи може да те заебава нов преден запчаник со стар ланец.

Луфтата во средната осовина се средува лесно, зависи дали ти е од старите или новите со машински лагери. Најубаво е прво да ги провериш лагерите (и чашките ако ти е од стариот тип) но најппрво однеси го на мајстор да ти ја стегне осовината, бидејќи ти требаат специјални клучеви кои не ти се исплати да ги купуваш и да ја правиш сам бидејќи ќе ги искористиш максимум 1-2 пати. Ако продолжи да те заебава тогаш би ти препорачал менување на средната осовина со нова што има машински лагер бидејќи се потрајни (само да не земеш од пазар). Мене на стариот точак ме фати околу 900+/- за средната осовина, ја сменив кај Арсо позади универзална.
 
Неубаво се изјаснив. Да имам луфта од средната осовина, ваљда не е нешто сериозно, и највероватно осовината е од оние со затворени лагери. Ок ќе го носам на мајстор пошо немам такви клучеви а и не се исплаќа да ги купувам
 
Член од
6 декември 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво, дали има некој контакт телефон/фб или каде можам да го најдам увозникот на Drag велосипеди во Македонија Арсо?
:)
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Член од
6 декември 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
https://www.facebook.com/CikloAs/
Цикло ас е увозник за драг кај нас мислам.
Е фала ти многу, и сакам едно мислење општо за Drag рамовите кој што има користено, сакам да земам Drag master road или слично за околу 500 евра?
Дали вредат за парите посебно за рамот пошто се знај шо може да се очекува од опремата за тие пари!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom