Општи вело муабети, прашања, совети

L

.Lost Angel.

Гостин
Бидејќи во предходните постови прашував што можеше да прави кај педалите тк тк таков некој звук вчера бев на сервис и еве го следното што било :) Работата била во средната касета ја земаа ја затегнуваа
( изгледа нешто се олабавила :D) и откако ја затегнаа веќе таков звук не постои едноставно исчезна (y)
--- надополнето: 20 септември 2012 во 15:19 ---
ВЛАДАТА ЈА УКИНАТА ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИ

На Водно може слободно!
Со укинувањето на забраната, од денес во функција се враќаат жичарницата и автобуската линија Милениумски крст
Од вчера парк-шумата Водно повторно е отворена за сите посетители. Забраната за движење во шуми и шумски предели, што беше активна од први август, а требаше да трае до крајот на месецов, беше укината на завчерашната седница на Владата. Едно од омилените места на скопјани повторно е достапно за сите рекреативци да го посетат и да потрошат дел од своето слободно време.
Одлуката со која се укинува забраната е донесена пред се поради промената на климатските услови и исчезнувањето на опасноста од пожари и е во интерес на граѓаните. Со укинување на забраната жичницата и автобуската линија Милениумски крст ќе се вратат во функција. Од Владата информираат дека забраната е прекината предвремено и сите посетители на Водно повеќе нема да бидат пресретнувани од барикади.
- Поради промената на временските услови и со дождовите, опасноста од ширење на пожарите е намалена. На прекин на забраната се одлучивме за да се избегнат сите процедури кои досега беа потребни да за да се посети Водно и повторно ќе биде отворено за сите посетители. Голем број туристички агенции од градот беа спречени да им овозможат на своите гости да го посетат Водно како едно од поатрактивните места кои туристите сакаат да ги видат. Сега парк-шумата Водно е отворена за туристите, соопштува владиниот портпарол.
Од Јавното сообраќајно претпријатие потврдија дека од денес повторно ќе проработат жичницата и автобуската линија Милениумски крст. Поради забраната за движење во шуми од почетокот на август тие не работеа, со што едно од главните атракции за туристите кои го посетуваат главниот град им беше ускратена. Од ЈСП велат дека имале голем број јавувања од граѓани кои барале жичарницата да се пушти, па сега тоа им е овозможено. Цената за возење со жичницата и понатаму ќе остане иста и ќе биде сто денари, а за деца до 14 години 50 денари. Возењето за пензионерите е бесплатно. Зимското работно време на жичницата е секој ден од 9 до 17 часот, освен во понеделниците, кога објектот се сервисира. Од претпријатието велат дека претрпеле загуби во работењето поради двомесечната пауза, но се уште немаат процени колкави се тие.
Граѓаните и покрај забраната за движење во шуми не се откажуваа од своето омилено место за рекреација. И покрај поставените блокади, тие го посетуваа Водно. Голем број граѓани признаа дека за време на викендот, иако предупредени за активната забрана, тие се искачувале по планинските патеки и ги избегнувале блокадите и патролите.
 

Arioth

Purpletrator
Член од
20 февруари 2007
Мислења
527
Поени од реакции
82
На Водно можеше да се оди и за време на забраната. Само не до средно туку до село Нерези. Без никакви препреки и забрани.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
На Водно можеше да се оди и за време на забраната. Само не до средно туку до село Нерези. Без никакви препреки и забрани.
Додека беше забраната јас бев 3 пати до средно водно и ништо :) и еднаш до крст :D
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Ај здраво дали има некој за утре за до св.пантелејмон горно нерези Инаку турата е преку клинички-средно водно-св.пантелејмон - горно нерези - долно нерези :) кој сака бурјрум нека пише
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Еве што беше од мојата вчерашна тура со мои 3 другари до Св. Пантелејмон

Следново тргнав од Клинички - Средно водно - Пантелејмон - Горче два

Од клинички - Св. Пантелејмон - Горче два

Км - 17,8
Време - 01:06 мин
Максимална брзина 57,3

И една препорака од мене ако мислите да одите сами до св. Пантелејмон ви препорачувам да не симнувате преку Горно нерези бидејќи мие кога бевме вчера за малце избеганвме тепачка со албанците од Г.Нерези па така да најпрепорачливо спроед мене е да одите преку Средно водно до Св. Пантелејмон и пак назад исто ако сте сами :)
 

peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Еве што беше од мојата вчерашна тура со мои 3 другари до Св. Пантелејмон

Следново тргнав од Клинички - Средно водно - Пантелејмон - Горче два

Од клинички - Св. Пантелејмон - Горче два

Км - 17,8
Време - 01:06 мин
Максимална брзина 57,3

И една препорака од мене ако мислите да одите сами до св. Пантелејмон ви препорачувам да не симнувате преку Горно нерези бидејќи мие кога бевме вчера за малце избеганвме тепачка со албанците од Г.Нерези па така да најпрепорачливо спроед мене е да одите преку Средно водно до Св. Пантелејмон и пак назад исто ако сте сами :)
Ја Стално одам преку Нерези и никад ама баш никад ме сум имал проблем.

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk 2
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Мазни гуми.
Иначе кој е утре за на водно до крст?
Јас :D сум за ако не е проблем може да ти правам друштво :sneaky:
--- надополнето: 24 септември 2012 во 16:31 ---
Tantur>.< Со сликовите возиш на Водно ?
Да со мазни гуми т.е еве слика види ги :)
А инаку зошто o_O Image229.jpg
 
Член од
20 април 2012
Мислења
6
Поени од реакции
4
Bidejki ne ziveam vo mkd sakam da prasam nesto do site ljubiteli na ovoj sport,. Imali li klubovi vo mkd i trki po ritskoplaninski pateki. Dali postoi interes za nesto novo ili veke se ima. Ako moze nekoj kontakt od klub da mi ostavite. Blagodaram
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Каков проблем чедо божјо ке те барам утре најверојатно накај 1-2 саат ке одиме
Ништо братче од одењето имам проблем ми се зафркна педалата т.е целото тоа :mad: паднав и се зафркна :confused: тешко дека утре ќе го направам стварно извини. :confused: инаку ќе дојдев ама се зафркна :cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom