L
.Lost Angel.
Гостин
Бидејќи во предходните постови прашував што можеше да прави кај педалите тк тк таков некој звук вчера бев на сервис и еве го следното што било Работата била во средната касета ја земаа ја затегнуваа
( изгледа нешто се олабавила ) и откако ја затегнаа веќе таков звук не постои едноставно исчезна
--- надополнето: 20 септември 2012 во 15:19 ---
Од вчера парк-шумата Водно повторно е отворена за сите посетители. Забраната за движење во шуми и шумски предели, што беше активна од први август, а требаше да трае до крајот на месецов, беше укината на завчерашната седница на Владата. Едно од омилените места на скопјани повторно е достапно за сите рекреативци да го посетат и да потрошат дел од своето слободно време.
( изгледа нешто се олабавила ) и откако ја затегнаа веќе таков звук не постои едноставно исчезна
--- надополнето: 20 септември 2012 во 15:19 ---
ВЛАДАТА ЈА УКИНАТА ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИ
На Водно може слободно!
Со укинувањето на забраната, од денес во функција се враќаат жичарницата и автобуската линија Милениумски крст
Одлуката со која се укинува забраната е донесена пред се поради промената на климатските услови и исчезнувањето на опасноста од пожари и е во интерес на граѓаните. Со укинување на забраната жичницата и автобуската линија Милениумски крст ќе се вратат во функција. Од Владата информираат дека забраната е прекината предвремено и сите посетители на Водно повеќе нема да бидат пресретнувани од барикади.
- Поради промената на временските услови и со дождовите, опасноста од ширење на пожарите е намалена. На прекин на забраната се одлучивме за да се избегнат сите процедури кои досега беа потребни да за да се посети Водно и повторно ќе биде отворено за сите посетители. Голем број туристички агенции од градот беа спречени да им овозможат на своите гости да го посетат Водно како едно од поатрактивните места кои туристите сакаат да ги видат. Сега парк-шумата Водно е отворена за туристите, соопштува владиниот портпарол.
Од Јавното сообраќајно претпријатие потврдија дека од денес повторно ќе проработат жичницата и автобуската линија Милениумски крст. Поради забраната за движење во шуми од почетокот на август тие не работеа, со што едно од главните атракции за туристите кои го посетуваат главниот град им беше ускратена. Од ЈСП велат дека имале голем број јавувања од граѓани кои барале жичарницата да се пушти, па сега тоа им е овозможено. Цената за возење со жичницата и понатаму ќе остане иста и ќе биде сто денари, а за деца до 14 години 50 денари. Возењето за пензионерите е бесплатно. Зимското работно време на жичницата е секој ден од 9 до 17 часот, освен во понеделниците, кога објектот се сервисира. Од претпријатието велат дека претрпеле загуби во работењето поради двомесечната пауза, но се уште немаат процени колкави се тие.
Граѓаните и покрај забраната за движење во шуми не се откажуваа од своето омилено место за рекреација. И покрај поставените блокади, тие го посетуваа Водно. Голем број граѓани признаа дека за време на викендот, иако предупредени за активната забрана, тие се искачувале по планинските патеки и ги избегнувале блокадите и патролите.