Имам чувство дека сите не има зафетено некоја летаргија и индолентност према се она што ни се случува во државава и општеството. Накако како да немаме сила ниту воља да кренеме глас, да побараме нешто, да направиме нешто... Сите како да живееме само денот да помини, само некако да се снајдеме денес а за утре кур не боли. Дали веке изгубивме вреба во се па и во себе си дека можеме нешто да промениме во оваа вукојебина.... Нема идеали, нема борба... дискутираме само за глупости и небитни работи... погледнете на новите теми на форумов... погледнете ги вестите... ништо битно. Дали на овој народ му недостасува некој водач, идеалист, некој со муда како баскети или и ако се појави таков ке го исмееме и ке го пуштиме по вода на тој начин прекривајќи го нашиот страв и срам. Дали има некој во оваа држава што прави нешто од верба, од идеал, некој што прави нешто големо... или сме сите ситни глувци чии врвен дострел е да се излижи нечии газ и да се дојде до државни јасли и да се добива некоја ситна пара ама редовно, пара со која човек може само да си ја продолжи агонијата. Неможе ништо да не подигне, покрене од удобноста на рамнодушноста кон се.. кон деца кои немаат пари за лечење... кон куп други гнасоотии на кои само менуваме канал и продолжуваме да се капиме во сопствената фантазија и безидејност. Како сите да очекуваме нешто да ни падне однебо, како сите да чекаме некој друг да стори нешто а ние не сме должни да правиме ништо освен да кукаме или да му ја здувнеме по белиот свет.... Само јас имам некое вакво чувство или има и некој друг што се чувствува вака мизерно.....