Општа летаргија и индолентност

Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.962
Поени од реакции
3.678
Имам чувство дека сите не има зафетено некоја летаргија и индолентност према се она што ни се случува во државава и општеството. Накако како да немаме сила ниту воља да кренеме глас, да побараме нешто, да направиме нешто... Сите како да живееме само денот да помини, само некако да се снајдеме денес а за утре кур не боли. Дали веке изгубивме вреба во се па и во себе си дека можеме нешто да промениме во оваа вукојебина.... Нема идеали, нема борба... дискутираме само за глупости и небитни работи... погледнете на новите теми на форумов... погледнете ги вестите... ништо битно. Дали на овој народ му недостасува некој водач, идеалист, некој со муда како баскети или и ако се појави таков ке го исмееме и ке го пуштиме по вода на тој начин прекривајќи го нашиот страв и срам. Дали има некој во оваа држава што прави нешто од верба, од идеал, некој што прави нешто големо... или сме сите ситни глувци чии врвен дострел е да се излижи нечии газ и да се дојде до државни јасли и да се добива некоја ситна пара ама редовно, пара со која човек може само да си ја продолжи агонијата. Неможе ништо да не подигне, покрене од удобноста на рамнодушноста кон се.. кон деца кои немаат пари за лечење... кон куп други гнасоотии на кои само менуваме канал и продолжуваме да се капиме во сопствената фантазија и безидејност. Како сите да очекуваме нешто да ни падне однебо, како сите да чекаме некој друг да стори нешто а ние не сме должни да правиме ништо освен да кукаме или да му ја здувнеме по белиот свет.... Само јас имам некое вакво чувство или има и некој друг што се чувствува вака мизерно.....
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Ова е резултат на годините празен популизам и на издишување на национализмот што ја зафати земјата од 2008 па навака.

Ќе се сменат работите.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Не си само ти, и не е само тука. Секаде е така освен во земјите каде владеат радикални религиозни режими. Сепак вољата таму доаѓа од фанатицизам така да тоа не се важи. Нема што да се бега од вистината, новите генерации (вклучувајќи ме и мене) се инфицирани од технологијата кои не` тераат на прокрастинација. Честопати се фаќам себеси "на дело" како правам небитни работи додека ме чекаат важни обврски. Еве во моментов на пример, пишувам на кајгана, до прееска играв флеш игрица а на Fiverr ме чекаат 18 нарачки кои мора да ги испорачам во следните 4 дена. Дополнително на тоа, мојот форум е вечерва планиран за пуштање а има уште работи за средување. Сепак тоа е...

Затоа многу пати можеш да видиш млади дечки кои наместо да внимаваат на час по информатика, играат кантер или смрдат на фејсбук, па после не умеат една Powerpoint презентација да направат. Сето тоа е скалабилно, па ситните работи кои ги спомнав горе се заменуваат со покрупни. Затоа кога се случија некни убиствата, наместо на жестоки протести и демонстрации, нашиве решија да коментираат по форуми. Знам дека е глупо но што да правиш, такви времиња се.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Ова е резултат на годините празен популизам и на издишување на национализмот што ја зафати земјата од 2008 па навака.

Ќе се сменат работите.
Од 2008?! :eek:Што зборуваш бе човече...? Која црна 2008-ма?
Тоа е резултат на векови и векови пропаганда, замолчување, потиснување... генетски ни е всадено веќе. Така за 4 години се запаѓа во летаргија цел народ....
 
Не е од секогаш. Имал овој народ ентузијазам, идеи... имаше доста енергија по осамостојувањето, луѓето се бореа, дискутираа, протестираа, веруваа, имаше вистински ВМРОвци, социјалисти, либерали, имаше интерсени дебати, дриблинг, .... после сите станаа исти, челепурџии и ждерачи... и како оди времето се повеке безидејност, се повеке мрзливост и незаинтересираност...
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Тоа е другар зошто 90% од народов е по партии зачленет. Марионети класични, не смеат да писнат и лапаат кур за 300 евра месечно. Испран мозок, така било отсекогаш и со религиите и сите видови на владеење.
Кој сакаш да ти излезе на протест?? 10% од граѓаните во Македонија?? Зошто така и ќе биде, другиве чекаат наредба од штаб за да јадат и гзот да го избришат.
Секаде има успани глупаци, кај нас ги има повеќе.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Ова е резултат на годините празен популизам и на издишување на национализмот што ја зафати земјата од 2008 па навака.

Ќе се сменат работите.
Види, 4 години се краток временски период за нештата од еднашка да отидат по надолна линија .......... мислам дека треба да се гледа малку подлабоко на работите и на проблемите, а не толку површно ............. општата ситуација и проблемите во државава и не се баш од вчера, завчера или позавчера ....... туку се многу од поодамна !
Менталитетот кај еден народ се гради со децении и со векови и невозможно е да се промени одеднаш за неколку години .......... б.т.в. и самиот денешен начин на живот т.е. брзиот, динамичен и стресен начин на живот си го прави своето, се повеќе немање време, отуѓување на луѓето, апатија, депресивност .................... менталитетот на Македонецот е граден со векови наназад, а кога ќе погледнеме во минатото ние всушност нонстоп сме биле под нечија чизма .... 5 века под Турска(Османлиска) чизма, потоа скоро 3 децении под Српска чизма, па под Бугарска чизма(3-4 год.), па половина век Социјализам и тоа е тоа ............. за интелектуала имаме интелектуала, ама таа интелектуала е малубројна и е поделена и купена на/од двата табора, знаеме кои !
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
2008та беше ветото во Букурешт. Важен момент од поновата историја.

Одтогаш, барем според мене, се фати со реакционерна политика за да го компензираат разочарувањето. А пак на политичарите некако добро им дојде така да национализмот и популизмот процветаа. Тоа све се чувствува низ луѓето.

Вин-Вин ситуација се додека не почне да се издишува балонот.

Остави и што по светот има слични тенденции заради перпетуални финансиски кризи. Ама сепак е тешко да се потврди нешто дефинитивно бидејќи е субјективна работа.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Дали на овој народ му недостасува некој водач,
Te молам не спомнувај недостаток на водач, се наежувам ....
Мислам дека не си во право. Времето на национализмот е одамна поминато и сега Цивилизацијата се движи напред . Сега е ерата на хуманизмот, заштита на природата и човековите права.
Единствено стравувам дека, економската криза која ја зафати Европа, може привремено да го успори напредокот.
А ако си забележал, за оваа економска криза се водени многу интересни дискусии, токму на овој Форум. Што значи не сме индолентни и летаргични
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Од Штип ќе кажам .. 90% од младината само дреме на ФБ , клика лајкови и пробува да ебе некои 15-6 годишни козички , кафе шемата е раширена , голем број од народо дреме само низ кафичите и главни маабети се кој колку испил , кој кого ебал и кој шо кола/мотор купил .. интелигентен разговор скоро и да нема .. за постарите не зборам работа-дома,дома-работа .. Не викам дека нема луѓе со идеи , со соништа , со желби , луѓе кои се трудат , туку само нивниот број е многу многу помал од бројот на овие кои ги набројав горе ..

Верувајте тешко е да налеташ на луѓе кои се добро информирани и можат да водат интелигентен разговор со аргументи , на било која тема ..
 
В

Вештерот

Гостин
Te молам не спомнувај недостаток на водач, се наежувам ....
Мислам дека не си во право. Времето на национализмот е одамна поминато и сега Цивилизацијата се движи напред . Сега е ерата на хуманизмот, заштита на природата и човековите права.
Единствено стравувам дека, економската криза која ја зафати Европа, може привремено да го успори напредокот.
А ако си забележал, за оваа економска криза се водени многу интересни дискусии, токму на овој Форум. Што значи не сме индолентни и летаргични
Хехе ме изнасмеа. Какво движење напред.
Ерата на националимот одамна не е помината и мислам дека уште долго нема да помине. Па не мислам само на Македонија зборувам општо за цел свет. Во повеќето земји на власт е десницата.
Каква заштита на природата, па тоа е обична пропаганда и лага. Видовме лани што направија цивилизираните држави кои не учат на ред со нафтата таму Мексико во име на зголемување на добивката.
А за човековите права да не почнам да зборувам.
Инаку и јас се наежувам кога ќе го слушнам зборот водач
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Te молам не спомнувај недостаток на водач, се наежувам ....
Мислам дека не си во право. Времето на национализмот е одамна поминато и сега Цивилизацијата се движи напред . Сега е ерата на хуманизмот, заштита на природата и човековите права.
Единствено стравувам дека, економската криза која ја зафати Европа, може привремено да го успори напредокот.
А ако си забележал, за оваа економска криза се водени многу интересни дискусии, токму на овој Форум. Што значи не сме индолентни и летаргични
Филмот со социјализам овој дел од Европа веќе го виде ако Западна Европа и Америка можат слободно да си ја пробаат среќата со систем кој е докажано неуспешен .

Да патем тоа четвртина во светот е во некој тип на воена агреасија гарант го подржува фактот дека сме во ерата на "хуманизмот"
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Филмот со социјализам овој дел од Европа веќе го виде ако Западна Европа и Америка можат слободно да си ја пробаат среќата со систем кој е докажано неуспешен .

Да патем тоа четвртина во светот е во некој тип на воена агреасија гарант го подржува фактот дека сме во ерата на "хуманизмот"
Членот што си го цитирал под тоа Хуманизам не мисли на Социјализам/Комунизам такви работи ......... каква врска има Социјализмот/Комунизмот со Хуманизам ..... никаква ........... тој систем на своја кожа го осети голем дел од светот и се покажа како крајно нереален и утопистички систем кој е комплетно спротивен на човековата природа и реалноста ........... основно начело на тој систем беше: или си еднаков или си мртов ....... така да споредбата на Социјализам/Комунизам и Хуманизам нема везе !
 
Различно го разбираме текстот јас и ти.Еве ако се стави пак нека каже дали размислува за индивидуален хуманизам,заштита на околината или пак на држави што се грижат за околината и сите во државата да живеат убаво.

Зошто ја спомна Европа заклучив дека збори за држави а тоа што се прави моментално во Европа под маска на хуманизам и заштита на околината е чист Социјализам.
 
В

Вештерот

Гостин
Членот што си го цитирал под тоа Хуманизам не мисли на Социјализам/Комунизам такви работи ......... каква врска има Социјализмот/Комунизмот со Хуманизам ..... никаква ........... тој систем на своја кожа го осети голем дел од светот и се покажа како крајно нереален и утопистички систем кој е комплетно спротивен на човековата природа и реалноста ........... основно начело на тој систем беше: или си еднаков или си мртов ....... така да споредбата на Социјализам/Комунизам и Хуманизам нема везе !
Кај што спомна социјализам да додадам дека причината за летаргијата е можеби тоа што социјализмот се покажа како слаб систем, а еве го гледаме и капитализмот како пополека откажува. Сите мислеа дека со воведување на капитализам се постигнува напредок, но еве по 2 децении некаков си капитализам и транзиција нема значајни подобрувања. Трета опција засега не е измислена. И доаѓаш до заклучок дека нема за што да се бориш. Подобро да си остане се како што е и да си чекаме случајно нешто ако се подобри.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom