Опција:Факултет или работа

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Факултет да ама да знаеш дека истиот ќе ти користи и лесно ќе дојдеш со него до работа.Трошење време на глупи факултети и џабе фрлени пари е промашена работа и подобро за тие 4 години да си работел вака ќе треба дури на 23 години да го имаш првиот работен ден а не си на струка шо верувам дека е заебано.
Сто пати е поарно четири години да работиш во сендвичара отколку да одиш на факултет. Ем нема да бидеш гладен тие четири години, ем ќе се стекнеш со животно искуство.
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Факултет да ама да знаеш дека истиот ќе ти користи и лесно ќе дојдеш со него до работа.Трошење време на глупи факултети и џабе фрлени пари е промашена работа и подобро за тие 4 години да си работел вака ќе треба дури на 23 години да го имаш првиот работен ден а не си на струка шо верувам дека е заебано.
Неможе до толку да се генерализираат работите. Јас уште верувам дека ако човек е доволно посветен и студира нешто што навистина сака...може да биде успешен понатаму со професијата што ја студирал. Ама мораш да знаеш точно што сакаш и колку си спремен да дадеш се од себе за да успееш во тоа.

И не дека не се сложувам целосно... Навистина постојат факултети кои произведуваат некаков кадар кој за жал нема каде да се вработи... меѓутоа никогаш неможеш да знаеш до кога тоа ќе трае. Ако си посветен мислам дека шанси ќе има, кога-тогаш.. иако условите во Македонија и не се баш сјајни. Ама па не ни мора да работиш во Македонија.

И уште мислам дека секој млад човек заслужува шанса да се посвети на нешто. Штета што кај нас се повеќе се отежнува имањето на шанса. Факултетот се плаќа, критериумите се на 0, односно ги нема. Кога навистина некој има желба, докаже дека е спремен и способен да продолжи на некој факултет, и плус за тоа нема да плаќа ситуацијата ќе се смени на подобро.
 
Последно уредено:

fat

Член од
3 ноември 2014
Мислења
53
Поени од реакции
113
Значи твојот програмерски круг е луѓе со 200 до 250е плата и мислиш дека голем дел од нив земаат толкава плата.
Почетна плата зависи од фирма до фирма и можност за напредок. Реално додека немаш над 5 години искуство, најголемо покачување се добива ако смениш фирма.
Првите 2 години 250 до 300е, вторите 2 500 до 700е и после над 1000е.
Затоа и не се чуди, кога некој што зема 300е плата планира да смени фирма тоа е нормално.
-да, зошто ако познаваш луѓе што земаат толкава плата, твојот круг е ограничен на луѓе со таа плата. :)
-за правење веб страни не ти треба никакво истуство, поентата е дека можеш да шалташ "почетници" за по 200 евра постојано (зошто не е воопшто комплицирано да работиш тоа што работата повеќето девелопери, или како сакаш наречи ги)
-не ти требаат луѓе од 1000 евра, кога луѓе од 250 евра ќе ја завршат работата.
-Во кој дел од постот виде дека покажувам знаци на чудење? Лупаш безвезни проекции. :)
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.757
Сто пати е поарно четири години да работиш во сендвичара отколку да одиш на факултет. Ем нема да бидеш гладен тие четири години, ем ќе се стекнеш со животно искуство.
Многу е бедно на 30-35 години да се смееш на некој млад човек што чесно си го заработува лебот за разлика од многу луѓе без свое јас(како тебе) ја уништуваат државата со тоа што земаат плата а не работат ништо.[DOUBLEPOST=1544196545][/DOUBLEPOST]
Неможе до толку да се генерализираат работите. Јас уште верувам дека ако човек е доволно посветен и студира нешто што навистина сака...може да биде успешен понатаму со професијата што ја студирал. Ама мораш да знаеш точно што сакаш и колку си спремен да дадеш се од себе за да успееш во тоа.

И не дека не се сложувам целосно... Навистина постојат факултети кои произведуваат некаков кадар кој за жал нема каде да се вработи... меѓутоа никогаш неможеш да знаеш до кога тоа ќе трае. Ако си посветен мислам дека шанси ќе има, кога-тогаш.. иако условите во Македонија и не се баш сјајни. Ама па не ни мора да работиш во Македонија.

И уште мислам дека секој млад човек заслужува шанса да се посвети на нешто. Штета што кај нас се повеќе се отежнува имањето на шанса. Факултетот се плаќа, критериумите се на 0, односно ги нема. Кога навистина некој има желба, докаже дека е спремен и способен да продолжи на некој факултет, и плус за тоа нема да плаќа ситуацијата ќе се смени на подобро.
Си стои тоа се ако некој го влече уметноста или архитектура и ако се посвети на тоа ќе има резултат ако не тука надвор сигурно.Најголемиот проблем е што младите(потикнати од нивните родители) завршуваат факултети со кои во минатиот систем било полесно да се вработиш и да си си свиркаш на државна сметка па од кога ќе завршаат нема да можат да се снајдат и најчесто ја обвинуваат зошто државата не ги вработила нивните деца.Државата не може да ги вработи сите деца мора некој да работи и приватно ако сака да преживее.Проблемот кај нас е што сеуште сме заробени во стариот систем и чекаме некој да ни даде работа од дома или пак да се избори за нас за подобри услови на работното место,поголема плата или пак платен одмор.Тука е главниот проблем.Имаме лош образовен концепт затоа што секој ученик добива шанса да се запише на факултет кои денеска многу лесно можеш да ги завршиш па преку било каков фактор истиот да добие работно место пред многу подобар студент од него.Според мене треба да се затворат сите факилтети освен УКИМ и да се запишуваат само добри ученици на кои ќе им биде платено се.За оние кои не се за школо би се погрижил исто со различни методи и поволности.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
So ogled deka fakultetot e bespari i najgolem del od roditeli bi te izdrzuvale, Fakultet ne rabota.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Ako заврши чоек факултет тоа не мора да значи дека ќе има убава работа и дека ќе заработува солидно... Има доста луѓе со средно образование кој заработуваат многу повеќе од некои со факултет... Како на пример знам доста електричари со средно образование приватно си работат и заработуваат до 1.500 - 2.000 евра во месецот, фаќаат зграда со 35-40 станој и земаат еден стан за компензација...И водоводџии за едно комплет наместено купатило ќе земат 4.000 денари работна рака.. Плочки да наредиш едно 10 квадрати во еден ден ќе земиш 3.500 денари...Багерист за еден сат што ќе копа ќе ти земе 100 евра...

А што ако некои имаат факултет кога работат како таксисти или шанкери. Или што ако некои женски имаат завршено факултет кога работат како касиерки во маркет... Или пак некои што завршиле факултет начукале 30 и кусур години во газот еден ден немаат работено и чекаат на платата од мама и тато...

Како на пример во ФОН - Струга секоја година се запишуваат стотици правници и ретко да знам јас некој од нив да работи како правник. Адвокат, судија или јавен обвинител... Една година стажираат во Основен суд или кај некој адвокат но после то пак години си седат без работа Или пак некои работаат ама сосема друга работа...А за 4 години све на све ги коштало најмалку 12.000 евра... 2000 евра упис за цела година башка книги башка испит пријавување плус превоз Охрид - Струга - Охрид јадење, пиење за време на одморот...

Доста луѓе ниви имаат продавано за да си ги запишат децата на ФОН со надеж дека во рок од една година ќе ги извадат тие пари што ги вложиле во факултетот...

Нема тука правило не значи дека некој со факултет треба да има солидна заработувачка...

Но и не значи дека некој со средно или со основно треба да има беден и мизерен живот...
 
Јас најверојатно сум наједуцираниот по години образование овде на кајгана. И можам да кажам не ми беше тешко да го завршам или завршувам образованието. Инаку моето образование финансиски не ми се исплатеше. Барем најголем дел од годините. Ама боље ми беше да учам од работам. А како што стојат работите ќе одам во пензија со окулу 10 години вистински стаж. Направив најмногу пари од манипулација на капитал а не од работа.
Планирам детето да го терам до средно да заврши и после ја да го научам како да манипулацира капитал реално окулу 2 години како учење треба солидно да се научи тој бизнис и од 20 години може да си штанца пари. Нормално ако сака ако не стварно е глупо и заслужува да ринта цел живот. Од мој аспект денешен аспект најголем дел од образованието не ми се исплатува ама тоа е кога имаш комунистички родители а тебе те бива за учење.
:)
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Факултетот не е најголемото достигнување во животот...

Што ако некој завршил факултет напрајл 50 и кусур години не видел пичица во животот и останал беќар и живејт сам???

Некој не завршил факултет но створил нешто во животот израснал 2-3 деца потоа и внучиња дочекал...

Која опција помеѓу овие 2 е подобра???
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Факултетот не е најголемото достигнување во животот...

Што ако некој завршил факултет напрајл 50 и кусур години не видел пичица во животот и останал беќар и живејт сам???

Некој не завршил факултет но створил нешто во животот израснал 2-3 деца потоа и внучиња дочекал...

Која опција помеѓу овие 2 е подобра???
Зависи што земаш за референтна точка кога го дефинираш терминот успех. Неблагодарно е да се оценува успехот на било кој и да се ставаш во негова кожа, ако за тебе нечии достигнувања не значат ништо, за друг може да значат многу.

Ако го споредам Никола Тесла кој немал семејство со некој што склепал 10 деца а е дудук невиден, тогаш поуспешен е првиот, тоа што тој го има оставено како придонес за човечкиот род е неспоредливо. Децата не се мерило за успех, ниту пак е неопходно секој да има и да создаде деца, светот и така е пренаселен. Клепање на деца кои ќе бидат паразити на системот и ќе чекаат социјална помош или државна работа е карцином за системот и општеството, а не придонес.

Факултетот особено во Македонија веќе не значи ништо, цели генерации после завршување на средно образование се запишуваат на факултет и со вакви ниски критериуми завршуваат скоро сите, што статистички гледано може да не направи дека сме најпаметна нација ако мериме дека факултет завршуваат само интелигнетни луѓе, али реалноста е дека голем дел од нив во малку построг образовен систем немаше да завршат ни средно образование.

Јас почитувам само луѓе кои имаат пасија кон она што го учеле или работат и луѓе кои ги гледам дека се надградуваат постојано после завршување на факултетот. Завршувањето на факултетот не те декларира ниту како попаметен, ниту како повреден од другите во систем како капитализмот, знаењето, посветеноста и желбата да се надградуваш во таа област е она што те вреднува.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
И двете. Терај го факсот додека работиш. Нека ти фати и 6 години наместо 3 ама кога ќе завршиш, ќе имаш практично искуство пропратено со диплома, кои ако не во Македонија, ќе се ценат во странство.

На интервју те прашуваат што си работил, што знаеш да работиш. Диплома без неколку годишно искуство не ти вреди исто како неколкугодишно искуство без диплома.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Зависи што земаш за референтна точка кога го дефинираш терминот успех. Неблагодарно е да се оценува успехот на било кој и да се ставаш во негова кожа, ако за тебе нечии достигнувања не значат ништо, за друг може да значат многу.

Ако го споредам Никола Тесла кој немал семејство со некој што склепал 10 деца а е дудук невиден, тогаш поуспешен е првиот, тоа што тој го има оставено како придонес за човечкиот род е неспоредливо. Децата не се мерило за успех, ниту пак е неопходно секој да има и да создаде деца, светот и така е пренаселен. Клепање на деца кои ќе бидат паразити на системот и ќе чекаат социјална помош или државна работа е карцином за системот и општеството, а не придонес.

Факултетот особено во Македонија веќе не значи ништо, цели генерации после завршување на средно образование се запишуваат на факултет и со вакви ниски критериуми завршуваат скоро сите, што статистички гледано може да не направи дека сме најпаметна нација ако мериме дека факултет завршуваат само интелигнетни луѓе, али реалноста е дека голем дел од нив во малку построг образовен систем немаше да завршат ни средно образование.

Јас почитувам само луѓе кои имаат пасија кон она што го учеле или работат и луѓе кои ги гледам дека се надградуваат постојано после завршување на факултетот. Завршувањето на факултетот не те декларира ниту како попаметен, ниту како повреден од другите во систем како капитализмот, знаењето, посветеноста и желбата да се надградуваш во таа област е она што те вреднува.
Ако ти е до деца машко ако е здраво и паметно може да донира сперма и опа 20 деца и 100 внучиња.
Важно е да си среќен и исполнет се додека не го правиш на штета тоа не друг човек ти си супер успешен.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
753
Поени од реакции
1.007
Какви идеали бе друже? што збориш?
Не е само кој колку ќе биде платен, туку и самата работа има врска во муабетот. Не е исто да си во канцеларија цел ден и да работиш класичен занает (без никаков дисреспект), барем физички ти зборам.Но сепак работа си е работа, секоја со своја тежина. Ова и не е битно, малце и тешко е да се докаже дека "занаетот е потежок за работење од канцеларијата" пошто има екстреми во двата случаја.

Муабетот е, еве ти работиш во странство како физички работник, работиш, заработуваш убави пари, без факултет си. Еве, што ќе праиш ако снемаш работа(те отпуштат или незнам што)? Колку можеш да најдеш друга работа? Колку потежок е тој процес, си се запрашал? Колку си флексибилен да најдеш нешто друго во таква ситуација?

Со факултет си пофлексибилен и во краен степен - постабилен, бидејќи како што реков има милион професии каде што факултетот ти дава своевидна предност и можност да работиш.
Да си факултетски образован значи 4/5 години да совладуваш нови дисциплини и теми, често пати различни една од друга, и со самото тоа ти полесно учиш нови skill-ови и полесно да се адаптираш кон нови сфери.

Чисто како да се знае, јас зборувам за оној избор "занаетот во туѓина наместо тука факултет".
И да, треба да се земе во предвид дека не секој завршен факултет ти нуди просперитет, не секој факултет е исплатлив (во секој аспект). И тоа треба да се земе во предвид.
И не секоја работа т.е занаетствување на страна е тешка и таква во која што си ептен ограничен.
Релативен е муабетот, и има многу страни во истиот.
Ама според мене посветувањето на факултет и учењето се работи кои се позитивни и исплатливи, на ваков или онаков начин. Со сета "испуштена корист" или трошоци земени во предвид - вреди да се запише факултет.

И не ми држи лекции за "шеми".
Факултет,во ред како личност се остручуваш во некоја област од животот и се учиш самиот себеси колку внимание и време треба да вложиш за да имаш позитивни резултати кои те хранат мотивационо а и душевно..Но сепак ти го преовеличуваш концептот со факултетот.Има премногу луѓе кои се интелектуалци во многу сфери од животот па немаат факултет и се просперитетни.И не го преовеличувај егото,секој има право свој став да искажи и не значи дека ти си во право.Ама сепак,секој гледа и слуша тоа што сака.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Во денешно време факултетот не е гаранција за добар живот.Исто така битно е кој факултет си го завршил.Програмирањето во моментов е најдобар избор.Факултетот за туризам е тотално промашена работа и џабе фрлени пари.За партиските плакатолепачи на пример не треба никаков факултет..Така да најдобра опција за еден млад човек е да ја збриши од вукојебинава.Дали со бугарски или јапонски пасош,небитно.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
90
Поени од реакции
26
Одговорот на ова прашање е многу јасен. Се студира факултет а воедно и се вработуваш за да можеш да преживееш. бидејќи не потекнуваме сите од богати фамилии. Меѓутоа многу од нашата младина се откажуваат од факултетот и остануваат со работата, а подоцна го бараат чарето во иностранство. Јебига, тоа е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom