Опција:Факултет или работа

Член од
19 октомври 2015
Мислења
41
Поени од реакции
13
Се мислам дали да одам на факултет или дали да почнам со работа па потоа да мигрирам да работам во странство,фактор дека јазиците ми ода многу добро,англискиот усовршен комплетно,но и друг јазик би научил прилично брзо.Да дипломирам на некој факултет но потоа незнам дали ќе имам загарантирана работа..Ваш совет ако би биле на мое место што би направиле ?
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
258
Поени од реакции
319
Работа, школо ти е губење време и пари. Најдобро ти е да си почнеш со работа и да го искористиш интернетот за самоедукација во индустријата што ја сакаш и тоа што сакаш да го научиш а не на факс итн каде што учиш застарени работи кои никогаш нема да ти користат во животот.
 
Ф

Флеш

Гостин
Денеска во Македонија,дипломата нема веќе некое значење . Факултетот ти е денес,колку да имаш денес,мир во душа,дека си исполнил цел повеќе во животот,надоградување.

До мене што е.Да сум на твое место,во добро и лошо,запиши и заврши факултет.Не по критериум,поголема можност за работа,туку по критериум што ти е при срце,талент и волја,зошто ќе одиш во школа која буквално ќе ти го обликува животот за понатаму.

Јас бев на еден факултет,при крај ми е,замрзнат.Почнав да работам,ми требаа пари,една,друга работа,веќе 4/5 години работам,земам солидна работа и солидно место и локација се погоди .... Сега сакам пак да се активирам назад вонредовно да дозавршам .... Мене ми е планот,надвор од Македонија ..... Тука немам живот,нестабилно општество и економија,со 28 години,немам место ни за напредок .Постојано конфликти,партииве политички за свој гз и интерес,едноставно лошо е иднина во Македонија за млад човек .

Гледам да работам,завршам меѓувреме,знам одлично англиски и средно речеме француски,сакам да го подобрам и надвор кон Чешка,Словенија,Белгија,Франција, или Австралија ..... Овие земји сум имал контакт често со луѓе,добри имресии и можна цел за живот ..... Преферирам појќе Европа заради близина кон Македонија и конекција.Ќе видиме,само добро и среќа нека ме држи . Имам долги планови,само силен да сум викам,без откажување.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.560
Поени од реакции
38.683
Учи факултет, ако планираш да го завршиш за 4 години макс 5, ако се заебаваш само џабе време ќе губиш.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Абе види, факултетот е битна ствар бидејќи те јача у секој поглед. Не само интелектуално, туку и многуууу други работи кои после во животот ќе ти се најдат - комуникација, контакти, начин на размислување, критичко размислување, истражување, вложен труд, feeling of achievement после положен тежок испит и тн и тн. Секако, доколку избереш достоен факс и доколку се замараш околу истиот.

На факултет учиш милијарда вештини кои што подоцна МНОГУ ќе ти се најдат на каререн план.
Еве јас тоа што го работам нема никаква врска со завршениот факултет, ама многу работи кои што сум ги стекнал како студент и те како ми се нашле во животот и тековнава професија.

Секако, има многу врски, неправдини и мито по нашиве факултети кои ќе те демотивираат на патот, ама мислам дека уз факс ПАСИВНО учиш мноооооооооогу работи кои понатака и те како ќе ти се најдат без оглед дали ќе работиш по струка или не.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.502
Поени од реакции
34.605
...порано немаше шанса редовни факултети да можеш да ги комбинираш со работа, дали од недостаток на време дали од неможност за вонредно студирање, ама денес е поинаква ситуацијата, можам да ти дадам примери за луѓе кои завршиле редовно факултет, а биле во моментот во работен однос...
...денес не само кај нас туку и надвор општо индивидуата ја ценат повеќе и ја гледаат со поинакви очи доколку има завршено високо образование, а тоа е важен фактор и за женачка и за пријатели, фактор дури и за пазарување ...итн
...особа која на стари години и текнало да заврши факултет и го завршува, блиските, комшиите, пријателите го гледаат со понакви очи, кон него се однесуваат со респект, а особата си е иста по карактер и пред и после факултетот, ама го смени начинот како другите го гледаат!
... ете и женските ако дечкото има факултет без разлика од која бранша, поинаку се однесува доколку има само средно образование, а и во бракот е исто, ако имаш само средно образование жената на глава ќе ти се качи, ама со високо образование ете ќе има поинаков однос...
...од сево ова кажано заклучок, а и мој совет е ниту едното, ниту другото ...туку двете одеднаш... младоста ќе биде катализатор да ги издржиш предизвиците, ем ќе работаш искуство пракса и обезбеден финасиски стимул со кој дел од тој стимул ќе трошиш за свои потреби ќе станеш независен, а дел ќе пренасочиш во плаќање на полагање на испити на факс! (y)
п.с.
... и високото образование веќе не е тоа што беше порано сакаш според критериумот, квалитет на професорски кадар, како и раштрканоста на истите по провинциите, така да на лесен и брз начин имаме генерација дипломци малтене преку ноќ, а и изборот на кои Универзитети е голем лоцирани во Охрид, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, па и тие во Скопје ќе ти го овозможат тоа многу лесно!
и како стимул појди од факт дека денес средното образование е задолжително, ТИ ќе останеш само со задолжителното? толку си „смотан“ ;)
 
Последно уредено:

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
А вака загарантирана ти е работата? Јас веќе работам и студирам на факултет (вонредно). Еве ти уште една опција. Не се знае утре што ќе јадеш, а не пак кога ќе завршиш факултет дека ќе имаш гарантирана работа. Во оваа држава гарантирано ти е само дека ќе умреш еден ден. Друго остало ти е све квантна физика. Поз.
 
Член од
2 октомври 2015
Мислења
109
Поени од реакции
50
Абе види, факултетот е битна ствар бидејќи те јача у секој поглед. Не само интелектуално, туку и многуууу други работи кои после во животот ќе ти се најдат - комуникација, контакти, начин на размислување, критичко размислување, истражување, вложен труд, feeling of achievement после положен тежок испит и тн и тн. Секако, доколку избереш достоен факс и доколку се замараш околу истиот.

На факултет учиш милијарда вештини кои што подоцна МНОГУ ќе ти се најдат на каререн план.
Еве јас тоа што го работам нема никаква врска со завршениот факултет, ама многу работи кои што сум ги стекнал како студент и те како ми се нашле во животот и тековнава професија.

Секако, има многу врски, неправдини и мито по нашиве факултети кои ќе те демотивираат на патот, ама мислам дека уз факс ПАСИВНО учиш мноооооооооогу работи кои понатака и те како ќе ти се најдат без оглед дали ќе работиш по струка или не.
Одлично кажано, ќе надополнам на ова дека и кога би сакал да идеш во странство секако дека треба да имаш знаење ама бараат и диплома. А за да добиеш знаење и работа во Македонија ти треба диплома од факултет + практично искуство (најчесто не плаќаат но во последно време скоро секаде 200евричи даваат за internship). Иначе, факултетот како факултет ти дава базично знаење од се по нешто па после ти треба да си се пронајдеш каде те бива и што сакаш да работиш. Колку побрзо ќе го најдеш тоа тоа подобро.

Друга опција ти е јак пријател со јаки врски во партија и да те внесе во некоја државна институција како што им е цел на 78,4% од луѓево. НО дури и кога би влегол во држвана институција и таму за подобра функција бараат факултет така да...

Трета опција, чичко гугл ти е тука за се што сакаш да научиш, знам многу примери каде без факултетско образование луѓе се збогатиле(hard work 15h/day), но факултет како факултет ти е едно достугнување.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
За што си квалификуван да работиш во Македонија, тоа во голема мерка би работел и во странство.
Ако си хемичар, во Македонија ќе работиш како келнер, но во Германија тоа ќе биде петрохемиската индустрија.
Ако си молер во Македонија, ќе бидеш молер и во Германија.
Проблемот што го имаш во Македонија е што тешко може да си најдеш работа по струка што ја сакаш, за разлика од странство и за тоа е добро да имаш завршено факултет, пошто од работа во Македонија посебно со средно и без некои големи квалификации тешко да најдеш нешто што ти лежи, најчесто работата ќе се врти меѓу градежништво, такси, келнер и слично и кога ќе заминеш во странство, ќе имаш такви квалификации и нормално ќе го работиш тоа што претходно си го работел во Македонија.
Но, не е се така црно, бидејќи во странство ќе можеш да се преквалификуваш во тоа што сакаш, ама тука имаш процес и нова обука или со други зборови ќе треба да учи ко да си на факултет.
Или со други зборови времето учење за нешто што сакаш да работи ќе биде потрошено, е сега твој избор е дали кога си млад преку факултет или постар во странство преку преквалификации.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
како што знам во нашата држава (име не и знам) образованието е катастрофа, така да мислам дека е подобро занает да се учи од кај се снајдеш него факултет. Имам чуено дека на професорите не им се предава, не им се работи. Оно уствари кога ке помислиш на никој не му се работи во било кој сектор. Значи ако одзумираш повише ке видиш дека све стои у место и све е ради-реда.
Јас сум со средно образование. Работата си ја сакам. Повише сакам да сум у работна околина него у кафиќ. Ден кога ке немам или ке завршам порано со мојата професионална работа, зимам да работам нешто друго, пример сакам да правам столни лампи, сталажи, рамки за слики, садам растенија и ги аранжирам.
Што вика погоре од мене, дека факултетски образовани биле гледани со поинакви очи, нема врска. Можда она ги гледа со поинакви очи ако е некој со високо или ниско образование. Има еден куп луѓе со факултети што се безкорисни за општеството. Завршиле као демек факс за да некој тамо ги гледа со „поинакви очи“ или зашто биле присилени од дома да изучуваат нешто што не ги интересира.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Работа, школо ти е губење време и пари. Најдобро ти е да си почнеш со работа и да го искористиш интернетот за самоедукација во индустријата што ја сакаш и тоа што сакаш да го научиш а не на факс итн каде што учиш застарени работи кои никогаш нема да ти користат во животот.
Пошто ти имаш познавања за све што се учи на секој факс и знаеш дека тоа е застарено...
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.608
Поени од реакции
34.831
Се мислам дали да одам на факултет или дали да почнам со работа па потоа да мигрирам да работам во странство,фактор дека јазиците ми ода многу добро,англискиот усовршен комплетно,но и друг јазик би научил прилично брзо.Да дипломирам на некој факултет но потоа незнам дали ќе имам загарантирана работа..Ваш совет ако би биле на мое место што би направиле ?
Не се исплати веќе факултет, оди запиши некоја од овие практичните школи за програмирање/дизајн/софтвери за моделирање и сл имаш такви и во Македонија, а и надвор, прво минуваш со наставата, а потоа тие ти помагаат да најдеш работа.
За 2 години практично ќе бидеш подобар од било кој студент што студира на оваа тематика, за 5 години додека да завршат твоја генерација ти веќе ќе имаш 2-3 години работно искуство и ќе може да се продадеш подобро од нив. Паралелно со ова учи втор јазик (Холандски, Германски, Шведски...) и поднеси за Бугарски, после 3 години ќе ти бидат отворени вратите од цела Европа, јас вака би играл да може да се вратам на твоја возраст.
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
факултет само во саглам земја да се запишеш,, овде кај нас џабе ти е факултет,,јас завршив медицина, 300 илјади заебанции со потписи пријави преполагања ми испаднаа и сега треба да бркам преку партија за да можам да земам некоја специјализација пошто се иде преку партија, и списоци и конкурси... сега треба да работам за 20 000 ден или да бегам за хрватска,, ама пак за во странство не ти важат ни голем дел од испити и треба да се преполагаат а плус што не ми важи ни лиценцата во старт...ете ти уште година,две заебанции и трошоци... да се слушав самиот да завршев занает за автолимар и да учев јазик и да заминев за германија, австрија ќе бев на небо,,, ама тоа е кога си неискусен и ги слушаш твоите ..заврши медицина ,доктор ќе бидеш ...бла бла бла бла....
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Абе шо знам, ја упишав факс, не се пронајдов го стаив у мирување и се запослив. У фирмава каде што работам има колеги што одат нагоре со работна позиција а се без факс. Ипак не е све у факсот, али у секој случај, ДА, упиши си факс заврши го али да го сакаш тоа што ќе го студираш а не ради реда. Мислам дека нема боље од тоа секој ден да си опкружен со ствари учења,предавања и разни врагови со ствар што ја сакаш и сакаш да бидеш по завршувањето.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Пристапот "што не завршив занает" и да спичам на страна, наместо да се замарам да бидам доктор/правник/економист е есенцијално погрешен и е одраз на материјализмот во вас. Се ви е во пари? Гзето ви има цена?
Вие би дале и диплома и знаење и начин на размислување за пусти пари.

Мислам океј е да кажеш, зашто дадов 2000 евра за магистратура наместо да ги дадам на сивус/семос/брејнстер - работи кои се гледани како високо интелектуални и захтевни и што може да напредувате и кои се високо респектирани и ќе можете да шифтате у која фирма сакате (ако ве бива). Ама занает од типот Молер или тишлер? Свесни сте што зборите? Цел живот истото, физичка работа и рмбање, без големи можности за напредок?

Да кажеш дека би бил молер (или уатевер) у странство наместо овде дипломиран е доказ колку само сте изматеријализирани и колку вам не ви значи она "невидливото" од образованието и професијата.

Убаво ви звучи 2000 евра ко молер наместо 20.000 ко доктор овде. Но како молер вие сте осудени тоа да го работите цел живот, како диплимиран имате милион опции во животот.
Замислете како ќе ви биде 30/40 години да работите како молер, СЕКОЈ ЕБАН ДЕН ИСТОТО. Џабе ви е плататата кога ќе полудеете. Нити пак имате можност да смените професија.

Не е се во парите. А и немојте да бидете толку ЕКСПЛИЦИТНИ материјалисти. Не е убаво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom