- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3
- Поени од реакции
- 5
Да не заборавам Везилка- , ако сеуште ги имаш истите опсесии, можеш да превземеш консултации затоа што штетно влијаат на тебе, а со текот на времето стануваат поинтензивни, додека останатите корисници со своите искуства не се застрашувачки и ги има кај сите нас. Тоа е одлика и кај 37% од сериските убијци. Тоа претставува траума, што пациентот ја доживеал и не сака повторно да ја доживее, но не во сите случаеви. На пример, поединецот што страда од опсесивно-компулсивно растројство, може да биде очевидец на некој настан кој му се врежал во потсвесниот дел, но со својот свесен дел знае дека тоа не е логично но неможе да одолее да не го направи ритуалот. Најчесто се појавува кај педантни и уредни луѓе, кои што се грижат за тревата во градината дали малку повеќе е порасната или бојата на куќата малку е гребната. Ова опсесивно-компулсвно растројство е составен дел со сериските убијци, затоа што морат да го направат убиството по концептот што си ги замислиле и вршат серија на убиства со ист концепт. Јас ќе дадам еден пример: Трговец кој поради работата мора да патува, поминувајќи покрај мост помислува: "ОВА ТИ БЕШЕ ПОСЛЕДНОТО ПРЕМИНУВАЊЕ ПРЕКУ ОВОЈ МОСТ", на билетара касиерот му наплаќа 55 центи, и во мозокот му се испишуваат зборовите: " ЌЕ УМРЕШ НА 55 ГОДИНИ", поради ископана длабока јама покрај патот тој помислува: "ПРЕД ДА БИДЕ ЗАТРУПАНА, ТВОЈОТ АВТОМОБИЛ ЌЕ СЕ ЗАЛЕТА ПРАВО ВО ОВАА ЈАМА И ТИ ЌЕ ЗАГИНЕШ". Покрај тоа што гледаме дека кај поединецот овие опсесивни -компулсивни растројства немаат никаква поврзаност, тој ги извршува во вечерните часови се враќа на местото за да помине и да се осигура дека нема да загине и тогаш може мирно да спие. Но да не продолжувам затоа што во стручна литература има повеќе, па тие што страдаат пожелно е да се обратат кај стручно лице.