- Член од
- 9 април 2013
- Мислења
- 12
- Поени од реакции
- 1
Поздрав,
Ова ми е прво мислење во Кајгана, меѓутоа подолго време сум читател на разни дебати. Се надевам дека не постои слична дискусија, во случај да постои ги молам модераторите да ме спојат со истата.
Пред неколку дена добив опомена пред отужување од една осигурителна компанија (нема да го спомнам името на компанијата за сега) во врска со заостанат долг. Јас сум бил клиент на таа компанија пред 3 години, кога со нив го осигурав автомобилот. Најнормално, во моментот кога го осигурав возилото, извршив и уплата за дадената услуга (без рати). Мислам дека уплатата беше околу 200 - 250 евра. 100 % сум сигурен дека не им останав должен за ниту една друга услуга. Тоа што ми бараа целосно го уплатив.
Следната година променив компанија за глупи причини, мој пријател се вработи во конкурентна па и јас ја осигурав колата во таа. Со новата компанија сум две години.
Сега добивам опомена пред отужување од адвокатска канцеларија. Сум должел 2500 денари (дури и вредноста ми изгледа многу глупава, каква услуга нудат за 2500 денари?!). Во писмото ми имаат пратено и број на фактура, со услуга: „Премија за осигурување„! Се јавив во компанијата, и ми велат дека им должам но не можат да ми кажат за што. После три години тешко дека можам да најдам доказ дека сум ја уплатил целосната барана сума, која ја платив во кеш
Кои ми се опциите во овој случај? Имам само уште неколку дена да платам.