Опомена пред утужување за долг

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Не ми е логична оваа филозофија да чувам секакви документи. Разбирам зошто тоа е практика кај нас, но поради некои криминални компании кои се обидуваат преку вакви манипулации да исцедат и последен денар од нивните клиенти, ние мора да чуваме секакви документи.

Сепак јас чувам, имам тон документи од уплатени сметки за струја, телефон, интернет .... секакви глупости. Тоа што не го чувам е разни плаќања за услуги како што е оваа. Па ако не го платев целиот износ, по која логика тие би ми ја осигурале колата? Тоа ми е глупаво во целиот овој случај. Јас платив за услуга, таа ја добив. Сега после неколку години, им текнува да ми пратат опомена пред тужба. Со само 7 дена да им платам. Ако ова не е рекетирање, не знам што е!
Можеја поскапеле услугата пати ја бараат разликата
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
фати си адвокат и не му ја мисли, секоја осигурителна компанија има свој адвокат, оди во твојата СЕГАШНА компанија и побарај како сегашен нивен верен клиент да те заштитат со нивниот адвокат. верувај, очи ќе си извадат меѓу себе.
 
beto10

Теле со визија
Член од
5 јануари 2009
Мислења
234
Поени од реакции
78
Единствена соработка ми е таа кога ја осигурав колата. Од тогаш сум немал работа со нив.

Иако сум малку изреволтиран за целата збрка, ниту крај памет не ми оди да ги тужам. Барем не за 2500 денара :) Дури прв инстинкт ми беше да платам и да не се замарам со нив. Но сепак, за инает ќе одам до крај, да докажат дека им должам нешто.

Разбирам дека соработката постои , не ме разбра најдобро ти , прашањето ми беше дали тие некако можат да докажат дека соработката некогаш постоела.
И сметам дека доколку си чист , и ако и поднесеш кривична пријава клевета , не се работи за тие 2500 денари туку друга сума , сепак не сум најсигурен за ова , ваљда има некој што ќе објасни...[/quote]
 
A

Advokatisce

Гостин
Поздрав,

Ова ми е прво мислење во Кајгана, меѓутоа подолго време сум читател на разни дебати. Се надевам дека не постои слична дискусија, во случај да постои ги молам модераторите да ме спојат со истата.

Пред неколку дена добив опомена пред отужување од една осигурителна компанија (нема да го спомнам името на компанијата за сега) во врска со заостанат долг. Јас сум бил клиент на таа компанија пред 3 години, кога со нив го осигурав автомобилот. Најнормално, во моментот кога го осигурав возилото, извршив и уплата за дадената услуга (без рати). Мислам дека уплатата беше околу 200 - 250 евра. 100 % сум сигурен дека не им останав должен за ниту една друга услуга. Тоа што ми бараа целосно го уплатив.

Следната година променив компанија за глупи причини, мој пријател се вработи во конкурентна па и јас ја осигурав колата во таа. Со новата компанија сум две години.

Сега добивам опомена пред отужување од адвокатска канцеларија. Сум должел 2500 денари (дури и вредноста ми изгледа многу глупава, каква услуга нудат за 2500 денари?!). Во писмото ми имаат пратено и број на фактура, со услуга: „Премија за осигурување„! Се јавив во компанијата, и ми велат дека им должам но не можат да ми кажат за што. После три години тешко дека можам да најдам доказ дека сум ја уплатил целосната барана сума, која ја платив во кеш :(

Кои ми се опциите во овој случај? Имам само уште неколку дена да платам.
Ако се поминати 3 год. тогаш тоа побарување е застарено. Во однос опомената мислам дека доколку имаат основ би те утужиле а не да ти пракаат опмена пред тужба. Во секој случај ако те утужат обрати се кај адвокат тоа ти е најпаметно
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Побарувањето е застарено, ако на билокаков начин го признаеш долгот (рецимо исплатиш дел од парите или кажеш дека ќе го сториш тоа итн..) тоаш ти останува обврската да го платиш.
Вака, ако се поминати 3 години, лади си го, побарувањето е застарено и неможат да те тужат :)
 
Член од
9 април 2013
Мислења
12
Поени од реакции
1

Од колку години побарувањето е застарено? Во 1-ви мај, ќе бидат точно 3 години откако сум се осигурал кај нив.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Од колку години побарувањето е застарено? Во 1-ви мај, ќе бидат точно 3 години откако сум се осигурал кај нив.
Значи вака. Они своето право да го наплатат долгот кој им го должиш можат да го остварат во рок од 3 години, после тоа истото право им застарува.
Значи, застарувањето се смета од моментот кога должиш до моментот на побарување односно опомената. Просто кажано, ако заборавиле 3 години да ти ги побараат парите што им ги должиш, немораш да им ги платиш.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.370
Не ми е логична оваа филозофија да чувам секакви документи.
Епа нека ти стане за да не страдаш од секакви малверзации. Впрочем ваков случај како твојот имав јас со сметка за струја од пред 2 години али им однесов потврда.

Сигурен сум дека овој случај можат да го потврдат и многу луѓе затоа што тоа е планирано, никако не е случајно. Дополнителен прилив на средства собираат со т.н заостанати долгови од пред неколку години
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Од колку години побарувањето е застарено? Во 1-ви мај, ќе бидат точно 3 години откако сум се осигурал кај нив.
Епа ,ако поднеле тужба, на време се. Најди си потврда дека си ја платил услугата и во суд да ја блокираш тужбата.Ако е само опомена оди кај луѓето со потврдата, колку да не се ашкаш по судови. Сигурно е дека дека ќе поднесат тужба до 1-ви.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
Од колку години побарувањето е застарено? Во 1-ви мај, ќе бидат точно 3 години откако сум се осигурал кај нив.
Мислиш дека е случајно што баш сега ти пратиле опомена? Оди во осигурителната и разбери се како човек, пробај да најдеш по изводи или било како доказ за уплата или ќе си ги платиш тие 2.000 ако не сакаш дополнително судски трошоци, верувај ми дека имам искуство и за твое добро ти кажувам.
 
Член од
9 април 2013
Мислења
12
Поени од реакции
1
Мислиш дека е случајно што баш сега ти пратиле опомена? Оди во осигурителната и разбери се како човек, пробај да најдеш по изводи или било како доказ за уплата или ќе си ги платиш тие 2.000 ако не сакаш дополнително судски трошоци, верувај ми дека имам искуство и за твое добро ти кажувам.
Сега има plot twist. Неофицијално од вработената во осигурителната куќа добив имформација дека повеќе опомени пред тужба биле пратени до нивни клиенти. Според нејзе, нивен агент откако направил договори со повеќе клиенти (и наплатил за овие полиси), сите договори ги евидентирал како долг. Тој агент е отпуштен од ова осигурителна компанија.

Значи се работи за криминал направен од нивен агент. Изгледа компанијата сега сака да спаси некоја пара па праќа опомени пред тужба. Не знам колку овие опомени би држеле во суд. Јас побарав фактура да ми дадат, но вработената не може да ми најде иста. Два дена чекам да ми се достави фактура :( Сега сакам да напишам писмено барање за да ми дадат фактура и истото да го нотаризирам пред да им го дадам.
 
За Кјуби ли се работи? Истиот случај и со мојот близок човек, агентот си ги ставил парите во џеб. Како мислиш да ти достави фактура ако си физичко лице? Они имаат полиса на твое име со твој потпис, фактура немаат обврска да ти дадат, а ти немаш доказ за уплата. Ако ти се исплати да се маткаш по судови, твој избор е..
 
За нив се работи, да. Агентот си ги ставил парите во џеб а народот ќе ја плати разликата :( Тоа што имаат полиса со мој потпис не кажува многу. Сите полиси кои ги имам јас се со мој потпис. Пред месец дена зедов полиса за здравствено осигурување, и таа има мој потпис. Тоа воопшто не значи дека јас не сум платил. Јас прашувам дали мора осигурениците (клиентите) секогаш да потврдат дека не платиле или треба и компаниите да потврдат дека сум должник.

Мада, денес зборев и со адвокатската канцеларија која ми ја прати опомената и самите тие ми кажаа дека агенцијата треба да има документ кој ќе потврди дека сум им должник. И дека треба да ја барам фактурата чиј број ми ја пратиле во опомената. Ако тука има потпис, сум се заебал, но сигурен сум дека не сум потпишал никаква фактура. 100% сум сигурен дека сум платил за полисата до последен денар.
 
Твојот потпис кажува дека си ја прифатил обврската да ја платиш премијата за услугата која ја добиваш. Потписот на полисата значи склучување на договор со права и обврски од двете страни. Моето мислење ти го кажав, консултирај се и со адвокат, можеби ќе ти помогне.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
да не отвараме тема... МРТВ од август 2012 направи каракаша со радиодифузната такса и многу луѓе не добиваат сметки иако немаат никаква промена ни во адреса ни било што друго. Се јавив на телефон пред 20-на дена, ама се уште не ни идат сметки... Што да се прави ?

и уште нешто, град Скопје ги праќа решенијата за данок на имот однапред, сега во Април за 2013... што ако некој плати а го продаде имотот во Мај ?? ќе го чести новиот купувач ??... решенијата ги оставаат во сандаче без доставен потпис , а имаат правна напомена 15 дена од примање ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom