Плачете за ОМО Илинден а вижте какво пишува при вас:
Атентаторката на Прелиќ не живее во меморијата на Македонците
На панихидите доаѓаат тие што се чувствуваат Бугари и ја негираат македонската нација
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ
Панихидите на Мара Бунева повеќе од десетина години ја брануваат македонската јавност и речиси секој јануари, денот кога таа во 1928 година го изврши атентатот врз Владимир Прелиќ се разгоруваат страстите на луѓето кои различно го прифаќаат и доживуваат тој настан. Годинашниот инцидент што се случи крај нејзината плоча, поставена илегално на кејот на Вардар, создаде сериозен проблем меѓу Македонија и Бугарија. Од највисоко ниво Софија остро побара да се пронајдат и казнат виновниците, обвинувајќи ги македонските медиуми дека постојано водат антибугарска кампања. Неодамна, по повеќе од еден месец од настанот, бугарскиот премиер Сергеј Станишев се закани: „ Ја повикувам Македонија да направи вистинска анализа и да ги преземе сите неопходни мерки виновниците за инцидентот во Скопје ... да бидат казнети“.
На другата страна се млади момчиња, патриотски настроени, задоени во македонскиот дух, кои одбележувањето на годишнините на атентатот го доживуваат како провокација и демонстрација на бугароманство среде Скопје, што за нив е неприфатливо, зашто тие што доаѓаат да и' оддадат почит на Мара Бунева ги сметаат за наследници на Михајлов, познат по тоа што и' нанесе многу зла на македонската кауза. Особено ги револтираат демонстративните прошетки на приврзаниците на делото на Бунева по кејот на Вардар, кои често го веат и бугарското знаме, каков што беше случајот минатата година за време на панихидата на Владо Черноземски, кој исто така беше терорист на Иван Михајлов и кој го застрела познатиот македонски деец Димо Хаџи Димов, голем пријател на Гоце Делчев.
http://www.utrinskivesnik.com.mk/?ItemID=F414049860D3DD4C944956A9B79430AB
Е значи при нас може да се развиават македонски знамена а при вас б'лгарски не може.
На всиако дејствие има противодејствие. Кога регистрирате "Радко" и тук ште се регистрира ОМО.