- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Возобновена партијата ОМО Илинден Пирин
25.06.2006 Над петстотини македонци од повеќе бугарски градови и организации ја возобновија денеска партијата ОМО Илинден Пирин.
Партијата која пред 6 години беше прогласена за противуставна од бугарските власти, сега се регистрира согласно препораките на меѓународниот суд за човекови права, кој утврди дека Софија нема никаква причина да ја забранува партијата на Македонците.
ОМО Илинден Пирин ќе се залага за правата на Македонците, но и на сите други национални малцинства.
„За постигнување на нашите цели ОМО Илинден Пирин ќе дејствува исклучиво со мирни и демократски средства врз база на уставот и законите на Бугарија и меѓународните конвенции за човековите права кои ги има прифатено оваа земја“, изјави Стојко Стојков.
Засилени полициски сили се грижеа за безбедноста на основачкото собрание, пред чиј почеток членови на бугарската ВМРО БНД на Красимир Карачанов протестирале со пароли „Македонија е бугарска“.
За време на прес конференцијата на ОМО Илинден Пирин бугарската полиција спречила обид на припадници на ВМРО БНД и десничарската партија АТАКА да се пресметаат со македонските активисти.
Градчето Гоце Делчев во Бугарија е местото каде што повторно формално се обединуваат Македонците во оваа земја.
Ќе ги послушаат ли бугарските власти сугестиите од Стразбур или повторно ќе останат неми за правата на Македонците во Бугарија?