Video killed the radio star.
Така и сегашните „Ди-Џеи”.
Јас би бишал дека голем дел од форумџиите над мене пишале уствари Кој Ди-Џеј има најбољи Пи-аР!
За да се оцени дали некој е добар ди-џеј треба да се преслушаат снимки од настапи. А не Ијјј Трафик е луда песна од Тиесто и он е најбољи. Кој ви бре ххххх.?! :lud:
Пред се треба да се направи разлика помеѓу ДЏ и Продуцент (тоа е зборот за луѓето кои ПРАВАТ музика).
Има ситуации кога добар продуцент е лош ДЏ (Браќата Бенаси) само поплаки слушаф после нивниот настап у летниот Колосеум пред 2 години, или Вајб Трајб, Извонреден транс продуцент ама ужасен сет зимово во МСУ.
Има ситуации коа е обратно, лош продуцент, а одличен ДЏ (Жан Борели, уствари и не знам дали уопште продуцира, ама два пати доаѓа у СК и два пати останува длабоко врежано у меморија, сеќавањето на неговиот настап.
И пред се луѓе... слушајте различна музика. Ако веќе терате само 1 правец (техно, хаус, транс, днб) било кој од нив слушајте сфе што можете да најдете, од различни луѓе.
И прочитајте ја Електрошок од Лорен Гарние, книга напишана од првиот ДЏ од Франција.
Ви посакувам многу клаберски уживања. Така пред се се истенчува вкусот, нели.
Е сеа мое мислење на темава: (транс) Жан Борели, Дино Псарас,Брејнсел, Вања, Бушава Азбука(техно) Горан Кан, (хаус) Зоки Бејбе, (днб) Иљче.
Уште една забелешка (постов стана километаски ама да си отворам душата до крај): Астрал Проџекшн, едни од пионерите на транс музиката, бенд кој заедно со Инфектид Машрум највеќе придонеле да популаризација на Психоделичниот Транс, не ги вметнувам како ДЏ бидејќи најчесто настапуваат како стандарден рок бенд (ја свират својата музика). Тука како најдобри според мее би ги ставил САН Проџект. (мој вкус, индустријално металски), хахахах