Јас сум од Тетово и тука немам некој омилен бутик. Во албанските бутици има прилично спортска гардероба, а и таа што ја има не ми прави ќејф, така да тие не ги ни рачунам кога идам у шопинг. Македонските се ок, ако видам нешто што ми се допаѓа а има пристојна цена го купувам, независно од бутикот.
Во Струмица чим стигнам идам во Пар, ми се чини дека пола Струмица од таму пазарува, ама и тој на моменти знае да ме разочара. Инаку долна облека од Глобал еден бутик.
Во Скопје, во ГТЦ - Калиопе, Теранова, Еуроазија редовно ги шетам. Во Еко порано појше идев ама сега е катастрофа. Една иста роба со години седи. А исто и во Рамстор има еден бутик на кој не му го знам името ама има супер евтини и убави работи. И секако, Шутче.