Омилена/ни марки на автомобили

clip87

Mivec fq400
Член од
27 септември 2008
Мислења
67
Поени од реакции
0
1. lancer evo X FQ-400
2. lancer evo X FQ-360
3. lancer evo X FQ-320
:salut:
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Audi на врвот, па потоа, сладуваат, BMW, Mercedes, Volkswagen, и да не продолжувам (моделите на Ferrari, Lamburgini, Porche намерно ги изоставив, зошто многу одрипнуваат и по цена и останато)
 

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Audi, Mercedes Benz, Volkswagen, Opel, Toyota, Ford. Дефинитивно најдобрите марки според мене.

Знаевте ли дека воопшто не е случајно кога некој ќе се одлучи за Mercedes, а некој за Opel или Peugeot? Нормално, изборот на автомобилите е најчесто условен од финансиската ситуација, но кога го тргнаа тој фактор на страна, психолозите добија интересна анализа на сопствениците на овие возила.
Mercedes - амбициозни

Сопствениците на овој автомобил гордо седат позади воланот на својот миленик и секогаш се трудат да го привлечат вниманието кон себе. На патот често пати се арогантни спрема останатите возачи, а такви се и во приватниот живот, секогаш склони на авантури. Возачот на овој автомобил е амбициозен и секогаш се труди да биде најдобар во се'.
Citroen - сонувачи

Уживаат во крстарењето со својот удобен автомобил по патиштата богати со живописна природа. Кога се во друштво на својата сакана личност, најверојатно не може да се најдат посреќни возачи на патот од овие. Маана на овие возачи е тоа што се расеани и лесно даваат ветувања, кои потоа тешко ги исполнуваат. Духовити се, но на моменти баш поради тоа делуваат и несериозно.
Mazda - конзервативци

На овие луѓе квалитетот им е побитен од дизајнот. Потребен им е автомобил кој нема да ги изневери, а по истиот критериум ги бираат пријателите и партнер(к)ите во животот. Сакаат да возат брзо, но ретко се впуштаат во предизвикот. Каде и да тргнат на пат, на овие возачи најбитно им е да стигнат безбедно на целта. Во љубовниот живот не се премногу склони кон романтични и моменти исполнети со нежност.
Peugeot - романтичари

Прво нешто што ќе го забележите позади воланот на овие автомобили е широката насмевка на сопственикот. Кога ќе излезе од автомобилот, ќе го забележите беспрекорниот стил на облекување, средената фризура и самоуверениот став на држење на телото. Сепак, ова е само една "фасада", затоа што станува збор за маж со романтична душа и деликатни чувства, кој најверојатно е сеуште во потрага по неговата сродна душа.
Audi - лутко

Уште на прв поглед на сите им дава до знаење дека не треба да се возат со него. Најчесто е на висока позиција и во друштво со сите можни средства се обидува да го покаже тоа. Не сака да се шегува и ако станува збор за млада личност - најверојатно делува премногу сериозно за своите години. Но, позади опасниот изглед психолозите гледаат несигурен маж кој секојдневно води битка со сопствените "демони".
Alfa Romeo - фалбаџија

Жените, автомобилите и добриот провод се на прво место на листата на приоритети на овие возачи. Мажите кои возат Alfa се речиси секогаш опкружени со убави девојки, излегуваат на фенси места и носат само брендирана облека. Нивната "машина" мора да биде секогаш беспрекорно чиста и "напумпана" со разни додатоци, со кои се обидуваат да привлечат внимание каде и да се појават.
Volkswagen - стабилен

Мажот кој вози Volkswagen за многумина изгледа како да залутал во 21. век. Не е љубител на нови трендови, слуша стари хитови и со својот автомобил никогаш не брза на пат. Не е амбициозен, делува бавно, но затоа пак е стабилен партнер и секогаш приврзан за фамилијата. Автомобилот (исто како и неговата партнерка) ја менува само во исклучително ретки и итни случаи.
Jeep - авантуристи

Овие возачи не се плашат од предизвици и во животот секогаш тежнеат кон промени и авантури. Станува збор за спортски тип на маж кој е секогаш хиперактивен и во потрага на жена која може да го следи неговиот стил на живот. Не знае за компромисни решенија и толеранција. Неретко, овие луѓе проблемите ги "решаваат" на тој начин што ќе седнат во своето возило и без да се поздрават ќе заминат во некој непознат правец.


Еве нешто интересно од Кајгана. Не видов дали го има во друга тема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom