Ожени ме или ќе те оставам?!

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.653
Поени од реакции
13.130
Еx machina има и
4. Кажување дека е спремна за свадба. Ако он се осеќа неспремен, се помага за да неговата доверба во неа се зголеми. Afterall aren`t they getting ready for a holy matrimony?

Шо стануе со светов лееј.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
После 7годишна врска љубовта не е иста и затоа не се согласувам дека тоа е врска полна со љубов,разбирање и почитување. Потребна е само минимална ситница за да ја прелие чашата и врската да заврши. Ваквите врски не завршуваат заради овој ултиматум, обично во позадина има мал број милион ситници кои чекаат да се распрснат на сите страни, само што овој ултиматум е единствената разумна причина за да се заврши врската. Не можеш да завршиш долга врска за ситница, ти треба некоја поголема причина.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А што е алтернативата за да жената го добие она што го сака (во ситуацијава, брак):

1) Да седи и да чека додека партнерот одгледува гулаби писмоноши за да по нив и ја испрати понудата за брак?
2) Да испраќа суптилни пораки (хинтс) дека сака да биде нееста и повторно да чека?
3) Или да си каже јасно и гласно што сака, да каже рок до кога ќе чека и ако не биде задоволена во зададениот рок, да си го преземе животот во свои раце?

Вака ко шо го склопив, јас сум за 3 :)
Јас лично не сум подготвена да го изгубам човекот што го сакам, само за да се омажам кога јас сакам. Бракот за мене е света институција, во која двајцата треба да влезат затоа што и двајцата го сакаат тоа подеднакво, а не со уцени и присилби. Преферирам вечна љубов, бракот ако даде Господ ќе дојде сам по себе. Подобро цел живот со човек што ме љуби и го љубам, без брак, отколку во брак со некој само заради вредноста на хартијата.

Лично многу сакам брак и се надевам дека ќе имам убав брак, со 3-4 дечиња и човек кој го сакам повеќе од се на светот, но тоа нема да го добијам со уцени. Срцето нема да ми даде да давам ултиматум на човекот кој го сакам.
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
735
Поени од реакции
704
Па според мене тоа причината се и финансиите кој се еден оо поголемите проблеми,пр. идеш со девојка дечко 2-3 години супер ви е во иднина планирате брак .... се тоа ок . живеете далеку еден од друг не сте од исто место, и за да се гледате почесто треба и финансии за гориво ,искачање... и ете твојата плата или ако и заедно учествувате во трошоците не ви останува за ништо друго. И едниот реши дека е подобро да се оженат отколку залудно потрошени пари кои и така нема потреба да се фрлат за џабе . Ама тука едниот ете не сака баш во моментов , сака подоцна, тука настануват и кавгите. е сега ок е се сакате али спремни сте да ги издржите трошоците ? Не велам дека не треба да се жртвувате али што ке добиете ако идете уште една година?.Што ке промени кога и така веке планирате да се ожените.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Јас лично не сум подготвена да го изгубам човекот што го сакам, само за да се омажам кога јас сакам. Бракот за мене е света институција, во која двајцата треба да влезат затоа што и двајцата го сакаат тоа подеднакво, а не со уцени и присилби. Преферирам вечна љубов, бракот ако даде Господ ќе дојде сам по себе. Подобро цел живот со човек што ме љуби и го љубам, без брак, отколку во брак со некој само заради вредноста на хартијата.

Лично многу сакам брак и се надевам дека ќе имам убав брак, со 3-4 дечиња и човек кој го сакам повеќе од се на светот, но тоа нема да го добијам со уцени. Срцето нема да ми даде да давам ултиматум на човекот кој го сакам.
Епа тогаш зашто тој човек е во врска со тебе ако не те сака? Љубовта не започнува после бракот, туку љубовта треба да постои пред неа за подоцна да се овековечи во брак.
Ако некој со кој сум во врска не ме сака тогаш зашто да се продолжи со таа врска?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Епа тогаш зашто тој човек е во врска со тебе ако не те сака? Љубовта не започнува после бракот, туку љубовта треба да постои пред неа за подоцна да се овековечи во брак.
Ако некој со кој сум во врска не ме сака тогаш зашто да се продолжи со таа врска?
Има безброј пример на луѓе кои се по 20-30 години заедно, имаат и деца, но не се во брак. Не е тоа доказ секогаш за љубов.

Јас како што кажав, сакам брак, се надевам дека ќе имам убав и хармоничен брак, но не сакам тој брак да се случи заради ултиматум.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Јас лично не сум подготвена да го изгубам човекот што го сакам, само за да се омажам кога јас сакам. Бракот за мене е света институција, во која двајцата треба да влезат затоа што и двајцата го сакаат тоа подеднакво, а не со уцени и присилби. Преферирам вечна љубов, бракот ако даде Господ ќе дојде сам по себе. Подобро цел живот со човек што ме љуби и го љубам, без брак, отколку во брак со некој само заради вредноста на хартијата.

Лично многу сакам брак и се надевам дека ќе имам убав брак, со 3-4 дечиња и човек кој го сакам повеќе од се на светот, но тоа нема да го добијам со уцени. Срцето нема да ми даде да давам ултиматум на човекот кој го сакам.
Тогаш ќе си чекаш и ќе му бидеш златна резерва додека не најде нешто подобро (може и да не најде) :).

Зарем не ти кажале дека машко кој е „луд“ по некоја девојка САМ и нуди брак за да не му кидне со друг од што многу чекал или се колебал?

Спомнав претходно, чим не сакам брак си чекам подобра прилика а кој тоа не го знае или не го сфати на време ќе си плати пенали во загубено време и лажни надежи.

Има безброј пример на луѓе кои се по 20-30 години заедно, имаат и деца, но не се во брак. Не е тоа доказ секогаш за љубов.
Каде се тие безброј примери во Лас Вегас или кај нас? Тука се бројат на прсти на една рака а примери од пропаднати врски што се влечкале со години имаме безброј.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Би го оставила ако видам дека си го губи времето со мене, а и ако го губи моето време. Ако мисли дека во моментот не е спремен за таков чекор никогаш не би извршила притисок. Но ако забележам дека само ми ги троши годините, а нема намера некогаш било кога да сподели некој заеднички живот со мене тогаш нема никаква смисла да сме заедно.
Ако јас ја замислувам мојата иднина со него, а тој никогаш не ја замислува својата со мене, тогаш нема потреба да го губиме времето кое е скапоцено и за двајцата.
Секој треба да почувствува кога му досаѓа на некој и кога не е добредојден во нечиј живот и да се повлече, а притисоци и уцени не носат ништо добро. Секоја одлука треба да се темели на своја сопствена желба и добра волја.
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Еx machina има и
4. Кажување дека е спремна за свадба. Ако он се осеќа неспремен, се помага за да неговата доверба во неа се зголеми. Afterall aren`t they getting ready for a holy matrimony?

Шо стануе со светов лееј.

Кај мене е 4) е помалку суптилно подмножество од 2). Ќе си каже и после ќе си чека док на него му се зголемува довербата. А на неа кој ќе и ја зголеми довербата? Море марш.


Јас лично не сум подготвена да го изгубам човекот што го сакам, само за да се омажам кога јас сакам. Бракот за мене е света институција, во која двајцата треба да влезат затоа што и двајцата го сакаат тоа подеднакво, а не со уцени и присилби. Преферирам вечна љубов, бракот ако даде Господ ќе дојде сам по себе. Подобро цел живот со човек што ме љуби и го љубам, без брак, отколку во брак со некој само заради вредноста на хартијата.

Лично многу сакам брак и се надевам дека ќе имам убав брак, со 3-4 дечиња и човек кој го сакам повеќе од се на светот, но тоа нема да го добијам со уцени. Срцето нема да ми даде да давам ултиматум на човекот кој го сакам.
Не знам како другите сакаат, ама јас кога сакам, сакам да го направам среќен (во рамките на моите можности). Реципрочно, и тој ако ме сака, очекувам да сака да ме направи среќна (во рамките на неговите можности). Ако едната страна не може да биде среќна ако не е во брак, тогаш има два начина на развој на ситуацијата: или да се земат, или да раскинат што е можно побрзо за да можат и двајцата да си продолжат со животот со свој ритам.

Да се разбереме, јас овде си искажувам теоретски ставови. За мене бракот нема големо значење освен правно олеснување (се имам изјаснето и на други теми), но тоа не значи дека не ја почитувам и разбирам желбата на другите да стапат во брак.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772
Доколку ми постави ваков ултиматум би ја одбил, додека пак доколку ме побара за маж би прифатил. :D
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.576
Склучување на брак во вакваформа како што е, е најглупото нешто што може да постои.
Ако двајца се сакаат, тие можат да си живеат заедно без да докажуваат на некој дека тисе се сакаат. Тоа е најважно, двајцата си се најважни сите други традиции религии, матичари се пропратна работа, т.е глупа работа.
Се додека се сакаш со некој биди заедно, а ако со тек на време се јави некакво несогласување, незаинтересираност и т.н може слободно двајцата да си се раздвојат, без тие глупости по судови трошоци сл.
И колку глупа работа е тоа со ветувањето дека ке сакаш некој до крајот на животот. Не може тоа да се вети, од кај да знаат тие двајца дали цел живот ке се сакаат, можда некогаш нема повеќе да се сакаат и што правиме сега? Ради ветувањето треба да се мачат и да останат во брак и заедно да живеат, да спијат во ист кревет ама да не сакаат да се погледнат. Тоа е најглупавата работа. Па уште па и во црква ветуваат. Љубовта не е нешто што може со сила или ради тоа што некогаш си ветил да ја одржиш. Таа едноставо или ја има или ја нема.
Човекот е суштество кое многу тешко прифаќа промени и затоа ние настојуваме на некаква традиција, да не менуваме многу затоа што одамна било така и тн но никој не се запрашува дали таа традиција е исправна?
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
201
Поени од реакции
117
Епа тогаш зашто тој човек е во врска со тебе ако не те сака?
Очај? Duh. Има безброј примери кајшто луѓе или еден партнер останува во врска поради тоа што мисли/знае дека неможе да најде подобар/подобра.
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Доколку ми постави ваков ултиматум би ја одбил, додека пак доколку ме побара за маж би ја прифатил. :D
А овој пристап:
Таа: Ајде да се земеме! Сакам да ми бидеш маш!
Тој: .....(збун)....
Таа: Не мора веднаш да ми одговориш, ти давам една година да размислиш.
-------------------------------------
Следната година на истиот датум:
Таа: Се сеќаваш на муабетот од лани? Имаш ли одговор?
Тој: ... (се праи луд)...
Таа: Чао!

Ова не е ултиматум зошто нема услов; има рок, што овозможува луѓето да не си ги трошат живототе во чекање. Дали вака поставената понуда за брак е ОК?
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Ова не е ултиматум зошто нема услов; има рок, што овозможува луѓето да не си ги трошат живототе во чекање. Дали вака поставената понуда за брак е ОК?
Исто ти е сакаш ултиматум сакаш рок наречи го .Пак личноста ја ставаш под некој притисок и свршен чин.Ако сакаш да не трошиш живот во чекање со самото тоа што си со таа личност во врска ќе и ги научиш сите доблести и мани и ќе знаеш каков/каква е.Ако ти треба време од една година да знаеш на што си ,тоа само значи дека ти воопшто не ја познаваш таа личност со која си.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Ако ми биде поставен ваков ултиматум, без размислување ќе и кажам јас те оставам, иако не сакам да ја оставам, но знам шо ќе се деси после неколку дена, ќе свати дека погрешила и ќе ме бара да ми се извини и да се смириме, и да ќе се смириме но целта ми е да ја научи лекцијата уште пред брак дека вакви ултиматуми ја уништуваат врската и дека никаде не водат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom