Ожени ме или ќе те оставам?!

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Прочитав еден прилог во едно списание, па ме натера да размислам на темава. Ова често се случува, имам слушано за милион примери за вакви ултиматуми. Врска со години и на крај пука затоа што мажот се уште не сака брак. Потоа истата особа влага во брак после само три месеци, за ова имаше и тема на форумот.

Мене она што не ми е јасно е прашањето, зошто да се упропастува врска од толку години, во која има љубов, разбирање и почитување, само затоа што еден од партнерите (најчесто машкото) не сака брак во моментот? Ако двајцата се сакаат, зашто едниот би го напуштил другиот само затоа што не сака да стави потпис? Зарем треба голема љубов да заврши заради таков ултиматум?

Жени, каков е вашиот став по ова прашање? Дали би поставиле ваков ултиматум? Иако ви е убаво во врската, го сакате човекот, би ја ставиле ли врската на таков ризик?

Мажи, како би реагирале вие доколку ви биде поставен ваков ултиматум? Би ја одбиле понудата или сепак ќе понудите брак?

Како беше она народната: Со сила убавина не бидува... или сепак бидува?

Јас лично сум против вакви ултиматуми, според мене апсурдно е да се принудува да стапува некој во брак, обично таквите работи се контрапродуктивни за целиот однос помеѓу двајцата. Кога ќе е време, ќе си дојде, со силување на работите нема да се постигне ништо.

А вие?
 
За да дадеш ултиматум некому во истиот момент си даваш до некое дознаење дека и нети значи човекот баш, бидејќи ако толку ризикуваш за да те остави ако не те земе треба да не те „боли“ баш за таа личност со која си, мислам дека потпис ништо не зацврстува и не гарантира, сем што зимаш/додаваш презиме, умреа времињата кога бракот беше нешто „свето“ што не се кине сите сега знаат дека тоа е само парче харитја и дека лесно се кине и дека доколку нема нешто цврсто што ве држи заедно џабе од сите циркуси и малограѓанштини само без потребно после тоа фрлање пари по адвокати, и да да си кажам никад не сум поставувала ултиматум за нешто што ми е драгоцено и го сакам и ќе е во иднина татко на мојте деца (веќе е :) ), бидејќи после тоа нема назад, а цената на таков излет е доста скапа.
 
Традицијата вели дека дечкото мора да ја ожени девојката по 2-3 години идење за по 20 год. мажот да брка швалерки оти жената не му дава и да си ги уништуваат нервите меѓусебно со разводни парници и сл. Љубов - ДА, Брак - НЕ
 
Жената сака сигурност. Таа бара маж кој ќе ѝ вети дека ќе биде покрај неа и ќе ѝ помага околу децата.
Во денешниот свет на технологија, интернет, фејсбук... искушенијата кај двата пола се зголемени за десетици пати.
Зјапаме профили на непознати девојки, ги “боцкаме“, пишуваме... Повеќе не е исто како пред 50, 100 години... каде можностите да искомуницираш со повеќе девојки биле мали.

Жените се свесни за тоа. Затоа си ја бараат сигурноста назад. Потполно ги разбирам, посебно заради свеста дека вредностите денес се целосно пореметени, а меѓучовечките односи во најголем дел се сведени на глума.
 
Девојка која искрено го сака својот дечко никогаш не би ја употребила благоретардиранава фраза ''ожени ме или ќе те оставам'' Ако е спремна да го оставни, значи не го сака ВИСТИНСКИ а единствено вистинската љубов може да се круниса со брак, бидејќи бракот не е заебанција(ако не ја бива ќе се разведам and shit..)
А како би реагирал лично јас? Прво никогаш не би имал сериозна врска со девојки од овој тип(за да го постави прашањево треба нешо да и фали:)), секако дека ако врската е сериозна и постои вистинска љубов(сродни души), бракот е неминовен порано или подоцна...
 
Ожени ме или ќе те оставам?
Веднаш во главата на машкото му светнува дека жената бара начин да се отараси од него и по брза постапка да најде друг зашто секоја жена е свесна дека никое машко нема да прифати таков ултиматум.
Тоа е одбранбен механизам на жена што дозволила нејзината врска да изгуби смисла и таа да стане само секс објект или роб на навики.
 
Мажи, како би реагирале вие доколку ви биде поставен ваков ултиматум? Би ја одбиле понудата или сепак ќе понудите брак?
Види вака
Доколку на девојката бракот и значи многу, тој мој потпис со сведоците и е ептен битен јас ќе го дадам.
Но доколку сме добро ситуирани. Кога се влегува во брак се гледа и од финансиски аспект не е само љубота предиспозиција за тој чекор. Во спротивно ќе кажам не, сеуште не е времето. Ако не сака да чека може да ме остави.
 
Традицијата вели дека дечкото мора да ја ожени девојката по 2-3 години идење за по 20 год. мажот да брка швалерки оти жената не му дава и да си ги уништуваат нервите меѓусебно со разводни парници и сл. Љубов - ДА, Брак - НЕ

Мене навистина никад нема да ми се разјасни болдов... како бе може на маж и да не му дава, треба да му бара плус а не да не му дава ... знам дека отидов оф топик ама секад тоа накако ме боде у очи, и на крај кој к му ставала ултиматум ако не сака да се е*, нек си живее сама така и нека апситинира аман.
 
Мене навистина никад нема да ми се разјасни болдов... како бе може на маж и да не му дава, треба да му бара плус а не да не му дава ... знам дека отидов оф топик ама секад тоа накако ме боде у очи, и на крај кој к му ставала ултиматум ако не сака да се е*, нек си живее сама така и нека апситинира аман.
Стварно незнам зошто е тоа така но факт е дека тоа е главната причина поради која мажите изневеруваат.
 
Не знам некои кај толку се брзаат.. и зошто толку многу напињаат за брак. Како да е нешто што ете мора да се направи до 25 .. оти па после стара мома ќе останела.. срамота било или шо ти ја знам.
За брак треба и двајцата да сакаат... некогаш машкото е тоа што не е подготвено, некогаш девојката.. тоа е нормално затоа што и двајцата си имаат свои цели и се доволно свесни да одлучат дали ги поминале сите работи што после нема да можат да ги прават и дали е редно да се одлучат на таков чекор.

Избрзувањето од страна на женските мислам дека честопати доаѓа ради влијанието на околината.. тоа е многу лошо и обично кај женското се јавува несигурност, страв дека ете можеби другите другарки (што веќе се омажиле ) нема да и бидат толку блиски, дека нејзиниот дечко не ја сака доволно и ја мота 5 години само затоа што не нашол подобра од неа за да ја шутне.
Ваквото размислување доведува до постојана нервоза и кавги кои секако машкото не може да ги разбере затоа што вистината е сосема друга. Па или се случува да прекинат скроз.. или да попушти и да и предложи брак само за да не ја изгуби.
Секако тоа не ги решава проблемите... затоа што можеби понатаму ќе сватат дека избрзале и дека немаат доволно средства и дека седењето со родителите што на почеток изгледало како нешто интересно, уствари е прав кошмар.. па ете ти ги првите сериозни кавги..
после цацко е крив..
 
Ожени ме или ќе те оставам хммммм

Зависи од тоа кој каков е.Ако е традиционалист за неа тој лист хартија значи премногу,но заборава дека сакајќи по секоја цена да го добие тој потпис може да изгуби нешто повредно од тој потпис.
А да почекаш на пример некое време не сум спремен од некој причини (да речеме немам финансиски примања за да имаме каков таков живот,немам решено стамбено прашање итн итн) зарем потписот на хартијата и е поважен од чувствата кој ги имам према неа? Ова излегува не ме сака поради тоа каков сум и што чувства имам,ме сака поради потписот само со него е сигурна а инаку без него е несигурна.
Поради овие работи какви врски пукнале тоа е неверојатно.Зашто не е спонтано,полека така ќе биде поубаво.
Аман од таа традиција веќе.Ако си стапил во брак на 18 рано било ако си стапил на 40 касно било луѓето ќе зборат.Ми е гајле што ќе зборат за нив не живееме.
 
Идење 5-6 години без брак мене ми е бесмислено освен ако двајцата не сакаат да се венчаат. Зашто да се мафтам со години со некоја девојка ако не сум спремен со неа да имам фамилија а ако сум спремен и сакам фамилија бракот ми е логична последица и следен чекор.

Ако врткам за брак а идам со неа значи не ми е баш нај нај а девојката секако има право да си знае на што е со мене.

У секој случај не ми паѓа на памет да се лутам (кога би се случило) си се бори девојката за тоа што и е важно.
 
Секој вид на ултиматум е покажување на егото на тацна. А егото кај што доминира во големо количество - ја сведува врската во пропаст.
Зборам за сериозни врски.
 
Јас лично сум против вакви ултиматуми, според мене апсурдно е да се принудува да стапува некој во брак, обично таквите работи се контрапродуктивни за целиот однос помеѓу двајцата. Кога ќе е време, ќе си дојде, со силување на работите нема да се постигне ништо.

А што е алтернативата за да жената го добие она што го сака (во ситуацијава, брак):

1) Да седи и да чека додека партнерот одгледува гулаби писмоноши за да по нив и ја испрати понудата за брак?
2) Да испраќа суптилни пораки (хинтс) дека сака да биде нееста и повторно да чека?
3) Или да си каже јасно и гласно што сака, да каже рок до кога ќе чека и ако не биде задоволена во зададениот рок, да си го преземе животот во свои раце?

Вака ко шо го склопив, јас сум за 3 :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom