Не знам.
Веројатно не се плашам од ништо.
Не оти сум некој бестрашен херој,туку едноставно,ретки се ситуациите кога има вистинска потреба од страв.
Погрешно е сватен концептот на страв.
Мислам дека тоа чувство не се појавува за да се чувствуваме лошо(како што е прифатен од луѓето),и да се трудиме по секоја цена да го избегнеме и да го оставиме зад нас.
Напротив,тоа би требало да биде индикатор,нешто што треба да ни покаже дека е потребна анализа за некоја,можеби нова и непозната ситуација,личност,предмет(а нормално,познато е дека стравот од непознатото е најрасширен) и со расклопување на состојбата,да ја запознаеме подобро,за подоцна да научиме како да реагираме кон неа,дали да ја прифатиме или не...
На пример,ако некој има страв од пајаци,неговиот мозок ја наметнува потребата за разгледување и проучување на нивниот вид,нивните навики,системот на одбрана и слично...Со таквото запознавање,стравот полека исчезнува,од проста причина што,причините што го предизвикуваат,се повеќе и повеќе се намалуваат,па сето тоа може да премине дури и во симпатија кон тој одреден вид.
Ова е само прост пример,но истиот може да се примени во огромен број различни ситуации во кои постои страв и со самото тоа да го разбереме подобро и да сфатиме дека е далеку покорисен од нас,отколку што сме мислеле на почеток.