PSYtisfaction
Царевата ќерка
- Член од
- 30 јуни 2006
- Мислења
- 3.922
- Поени од реакции
- 527
Од мали, претесни лифтови, не е баш клаустрофобија, зошто само во лифтови ми се јавува. Немам проблем со широки лифтови кај што собира да речеме над 5 луѓе, ама со малите, па уште ако треба и повеќе спратови да се возам- кома.
Имам и фобија од осаменост, напуштеност, отфрленост. Фобија од губење на луѓето што ги сакам.
И страшна фобија имам од езерски/морски треви. Знаете, оние долги треви што ги има во некои води „во подлабокото“, пливаш, пливаш и ти се замотува некое чудо на нога. Имам чувство дека ќе ме повлече надоле и ќе ме удави. Кога одиме во Охрид на педалинка обавезно „возиме“ дур не најдеме место без ниедна единствена трева на дното, иначе нема влегување во вода за мене.