Од септември првоодделенците ќе учат англиски - паметно или жива глупост?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Бацилус друже, нема магистри по англиски да ги правиме и родени Енглези. Ај реално кажи ми, што ќе добијат повеќе ако почнат од прво, кога до возраста кога ќе наполнат 20 години ќе го познаваат јазикот исто (а може и полошо, сепак способноста за учење е индивидуална) со некој кој почнал да го изучува од второ или трето.
 

JASMIN

Шехерезада
Член од
10 април 2006
Мислења
480
Поени од реакции
19
Бацилус друже, нема магистри по англиски да ги правиме и родени Енглези. Ај реално кажи ми, што ќе добијат повеќе ако почнат од прво, кога до возраста кога ќе наполнат 20 години ќе го познаваат јазикот исто (а може и полошо, сепак способноста за учење е индивидуална) со некој кој почнал да го изучува од второ или трето.
Глеј..знам што ти е поентата, збориш за образованиево наше каде од прво им сервираат на децата се и сешто, што не им е погодно за возраста, и ги малтретираат децата.

Ама јазикот е друго. Дете од 6,7 години, не може да го разбере значењето на зборот, на странски јазик. Али мозочето му е толку пластично, да е идеално за да вежба фонеми, гласови. Да си игра всушност. Играта кај нас на школо е многу малку застапена,а е најважна за развој на логика. За да се развие дете, интелектуално и социјално, треба да му се нуди нон стоп стимул, така учи тоа. Јазикот ќе биде само звучен стимул.
А играта, приказната, цртанот се измислени за тоа, за таа возраст. Дете така се развива, тоа фантазира, ќе се обидува да манипулира, да комбинира, да истражува.
 

zoko

tralalalla
Член од
12 јуни 2006
Мислења
80
Поени од реакции
0
Mislam deka e prerano i preterano ambiciozno zosto sepak ne zaboravajte so voveduvanjeto na devetoletkata vo prvo oddelenie ke se zapisuvaat ucenici so napolneti 5-6 godini. Zarem 5 godini ne e premalku? Tie deca za prv pat se srekaavat so skolo so redot vo nego, so nastavniot cas, ne se socijalizirani, nemaat trpenie da sedat, se setaat, stanuvaat, imaat poteskotii so socijalizacijata, nekoi se emotivno privrzani i sepak ne zaboravajte toa e prviot dopir so ucilisteto. se slozuvam deka 9-10 godini e optimalna vozrast za pocetok na izucuvanje na stranskite jazici, vo prodolzenie na ova sakam da kazam deka od septemvri ke startuva devetoletkata so 1 oddelenie i prvo oddelenie po strata programa po koja ne se izucuva angliski jazik do 4to oddelenie, sto znaci deka ova voveduvane e izbrzano i nastavnata materija e razvlecena i so toa se sozdava dodatno optovaruvanje na decata. seto toa znaenje sto ke se uci vo 1,2 pa i 3toto oddelenie moze da se nadoknadi za 1 mesec vo 4to oddelenie. I tuka se gleda plus dopolnitelni trosoci i za roditelite i za budzetot zatoa sto so dopolnitelni 191 vrabotuvanje budzetot bi se olesnil za krupna cifra mesecno! taka da smetam deka potegov e malce izbrzan i premnogu ambiciozen, nebare makedonecov ima nad prosecen iq
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Конечно некоја паметна одлука на министерството.
Подобро нека учи јазик од 1 одделение,него некојси глупи предмети како Демократија што сакаа нас да ни го воведат.
 

Dragana <><

Daydreamer
Член од
18 јуни 2006
Мислења
1.130
Поени од реакции
8
Убаво е да се почне порано со странски јазици ама мислам дека прво одделение е ептен рано. Ај второ трето ама прво не. Во прво е она основното, азбуката ја учат, бројки учат, буквите ги учат. Мислам дека не им треба да почнат со англески толку рано
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Бацилус друже, нема магистри по англиски да ги правиме и родени Енглези. Ај реално кажи ми, што ќе добијат повеќе ако почнат од прво, кога до возраста кога ќе наполнат 20 години ќе го познаваат јазикот исто (а може и полошо, сепак способноста за учење е индивидуална) со некој кој почнал да го изучува од второ или трето.
Никој не вика да ги првиме енглези, туку укажувам на тоа дека со тоа се овозможува порано апсолвирање на еден странски јазик еве јас на 15 години го апсолвирав, и веднаш потоа продолжив да учам германски, и кога се префрлувава во гермнаија да студирам ми фалеше уште малку еве да речеме уште една година која се замени со еден семестар во гермнаија, бидејќи кога со во земјата многу побрзо се учи јазикот. И со други зборови да го завршев англискиот една година порано немаше да изгубев цела година студирање ради јазикот.
Освен тоа знаеш и ти дека во денешниот свет кога комуникацијата помеѓу луѓето од технички аспект се одвива супербрзо и без пречки, што ја остава само јазичната бариера, а колку повеќе странски јазици знаеш толку подобро, бидејќи познавање на јазик е бесценето богатство, и не, немораш да бидеш роден талент за да знаеш три -четири странски јазици. Еве со ваквото почнување на изучување на англискиот уште од прво одделение, многу се добри шансите за 8 години да се апсолвира јазикот, особено што сите филмови кај нас се титлувани што ја создава можноста секојдневно да се слуша јазикот, како и големо количество на материјалите што се на интернет се на англиски, така да и од таа страна се создаваат тие реални шанси за апсолвирање на англискиот јазик во основното образование исто како што јас го апсолвирав за седум години идење во приватно, за да се отвори можноста за втор странски јазик да се изучи во средно. А од лично искуство ти кажувам дека за мојот прв странски јазик (англиски ми требаа 7 години) за вториот (германски) ми требаа 3,5 години, а сум сигурен сега доколку сега имам време да фатам поинтензивно да учам да речеме шпански дека за 2 години ќе го апсолвирам.
Дали ми ја разбираш поентата? колку порано толку подобро бидејќи после изучувањето на друг странски јазик иде многу побрзо без разлика дали човекот е талент или не, бидејќи јазик е само вежбање и вежбање односно слушање, говорење, читање и пишување на тој јазик а не некоја логичка проблемтаика која треба да ја мозгаш, јазик едноставно се учи, јазик не се разбира затоа и децата можата јазици како малки многу лесно и брзо да учат додека за логички проблематики како математика, физика, хемија им треба време за развивање на способноста за размислување.
Кога би ти е понудено да се придобиеш со едно бесценето богатство како јазикот и тоа на сосема безболен начин ли би направил се тоа да го сториш што е можно побрзо?
И немој да тргнуваш од твоја моментална гледна точка дека секој дополнителен предмет е дополнително замарање, бидејќи сигурен сум дека до кај четврто или петто одделение не си ни бил свесен дали тоа што го учиш ти било премногу или не, едноставно си го учел, исто како што тоа беше кај мене, како и кај сите останатаи тука на форумов.

А искрено сум изненаден од непознавањето на способностите на детскиот ум од страна на голем дел од членовите на форумов.
 

KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Конечно некоја паметна одлука на министерството.
Подобро нека учи јазик од 1 одделение,него некојси глупи предмети како Демократија што сакаа нас да ни го воведат.

Подобро да учат англиски од прво отколку во петто и шесто да учат која хидроцентрала колку моќност има и колку енергија извезува државата, колку увезува... Глупави бројки што треба само да се запамтат, а далеку од тоа дека се корисни.
И јас мислам дека е океј одлуката да се изучува јазикот од прво одделение.
 

Coca-Cola1981

uzivaj vo nepovtorliviot vkus Always CocaCola
Член од
27 јануари 2007
Мислења
417
Поени од реакции
1
ова е фина работа јас сметам дека секое едно дете потоа ќе има добра основа а и воља за од 5то одд да изучува веќе уште еден јазик. башка што се учи најлесно додека си дете, башка од познавање на повеќе јазици никогаш лошо неможеш да видиш туку само арно. камо да можев од прво да учам а не од 4то до сега сигурно ќе знаев многу повеќе јазици отколку денес, ама што е тоа е!
 

Fluffy

Hellraiser
Член од
6 мај 2007
Мислења
1.373
Поени од реакции
16
Mногу паметна работа!Абе треба од градинка да им текне да ги учат.Детскиот мозок е најперцептивен помеѓу 2-рата и 3-тата година,и најбрзо учат тогаш,како сунѓерчиња се.Малиот на братучетка ми од тогаш зборува македонски,англиски и полски.Кешки да беше така и ја коа идев прво одделение,ич немаше да ми биде досадно у школо!
А и не за џабе викаат:"Колку јазици знаеш,за толку народи вредиш"!
 

Marchence

In love with Ssss
Член од
17 мај 2007
Мислења
483
Поени од реакции
1
ja sum za , i ne samo angliski neka si ucat i uste nekoj jazik. Zijan nema od znaenje jazici. A za da ne bidat preoptovareni so ucenje neka skinat od toa glupostite u koja zemja kolku ovci i kozi imalo, na koe pristaniste najmnogu se rastovaralo, i kade ima najgolem prinos na pcenica po glava na zitel. Gluposti koi mora da se naucat i nikoj ne gi pamti, a jazikot barem ke go koristis vo mal milion situacii vo zivotot.

p.s. zboram tecno dva stranski jazici i se sluzam so eden lokalen i mnoooogu mi pomognale vo zivotov. a blagodarenie na roditelite sum pocnala so ucenje na angliski vo prvo.
 
N

NeMiRnA

Гостин
Fakt e deka stranski jazik pobrzo se uci dodeka e deteto na pomala vozdrast,megutoa prvo oddelenie e rano,zatoa sto treba da ja nauci nasata azbuka,da pocne da uci kako da se izrazuva pravilno,sugrno deka nema vednas da pocnat da gi ucat citanje i pisuvanje na angliski.Sepak mnogu e,ima drugi raboti na koi treba da se stavi akcent za da deteto ima dobra osnova za ponatamu,a angliskiot jazik moze da go nauci i ponatamu,da e nekade od vtoro oddelenie koga veke se uci i latinica e veke nesto drugo,pa taka da nema da mora da bidat casovite ispolneti ete kako sto kazavte so slikicki i boenki,zatoa sto ne e vo gradinka pa da bide toj nacin na ucenje,tuku veke ke pocne i da cita i da pisuva na angliski...toa e moe mislenje...
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Па баш добра одлука, супер е.Ете јас почнав од негде 3 одд. и почнав да го совладувам брзо јазикот, не е прерано. Сега се разбира нема уште во 1 одд. одма да почнат со учење на граматики и др. Ќе си пеат песнички, ќе цртаат, и сл. Преку игра да се заинтересираат да го привлечи самиот англиски. А досега од 5 одд. што се почнуваше мислам дека беше предоцна, на таа возраст би требало да се почни да се учи 2 јазик. Едино што ми е мака што во мое време не се почнуваше од 5 одд. да се учат 2 странски јазици. И сеа следи ...излишено е веќе ама колку повеќе јазици ќе научат толку подобро за нив:) ииии то.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Абе сега ми текна вие се буните рано им е прво оделение, а што треба да кажат албанците кај нас кои од прво одделние треба да учат македоснки јазик, паралелно кога ќе ги научаи двете азбуки и да пишуваат на двата јазици?
Да знам ќе речете не им е проблем пошот од улица го слушале јазикот па не им е толку проблем, епа тоа е потполно истото што се прави со тоа аудио/визуелно запознавање со јазикот, односно тоа што сакаат да го прават од септември со првачињата.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Абе сега ми текна вие се буните рано им е прво оделение, а што треба да кажат албанците кај нас кои од прво одделние треба да учат македоснки јазик, паралелно кога ќе ги научаи двете азбуки и да пишуваат на двата јазици?
Да знам ќе речете не им е проблем пошот од улица го слушале јазикот па не им е толку проблем, епа тоа е потполно истото што се прави со тоа аудио/визуелно запознавање со јазикот, односно тоа што сакаат да го прават од септември со првачињата.
Не ги мешај работите. Македонскиот јазик е службен јазик на Р. Македонија. Албанците учат на албански со задолжителни 3 до 5 часа неделно македонски јазик.
Сосема ти е погрешна ваквата споредба, англискиот не е службен јазик кај нас.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Дефинитивно најдобра одлука, дојде време едноставно кога човек не може да живее во Македонија без поснавање на Англиски, а камоли да отидеш некаде во странство
 

Kajgana Shop

На врв Bottom