Од секоја тастатура, не бива „новинар“

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Еве како „новинар“ го раскажува раѓањето на Исус Христос:

Православните христијани се подготвуваат за Божиќ


Божик е Господски празник и се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.
Евангелието го опишува настанот кога се родил Господ Исус Христос. Настанот ни сведочи дека римскиот император Август заповедал да се изврши попис на населението во Империјата. Тогаш праведен Јосиф и Света Дева Марија пристигнале во Витлеем, бидејќи биле од родот Давидов.
Немајќи каде да преноќат, тие отишле во пештерата каде ноќевале пастирите. И токму тука се роди Господ Исус Христос. Светлината и гласот на ангелите беа првите вести што ги видоа и слушнаа пастирите „Не бојте се! Денеска се роди Спасителот, кој е Христос Господ: и еве Ви знак: ќе најдете Младенец повиен во јасли“. И ангелскиот хор веднаш ја запеа песната „Слава на Бога во висините, а на земјата мир меѓу луѓето со добра волја“ (Лука.2-14). Оваа радосна вест, пастирите ја потврдија веднаш и пристигнувајќи во пештерата му се поклонија на Младенецот.
На поклонение дошле и тројца вавилонски мудреци, носејќи му дарови: злато, ливан и смирна. Овие дарови симболизираат: ливанот - бог, смирната - човек и златото - цар.
Во Црквата овој празник почнува да се празнува при крајот на третиот век, затоа што дотогаш Црквата не му придавала многу значење на телесното раѓање. Многу поважно го сметала духовното раѓање, односно крштението и затоа овој празник се славел заедно со крштевањето на Господ Исус Христос и бил наречен Епифанија.

Oбичаи кај македонскиот народ

Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божик, кој започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик. Со него се поврзани многу обичаи и симболи. Рано наутро, на Бадник децата одат по куќи и пеат разни песни пред домаќините. Тие ги симболизираат ангелите, а пеењето по куќи значи дека веста за Христовото раѓање ќе се прошири насекаде. Децата ги симболизираат пастирите, а домот, каде што одат ја симболизира пештерата во која е роден Младенецот. Постои уште една симболика. Децата се Господ Исус Христос и затоа добиваат дарови, а домаќините се симбол на мудреците кои ги принеле даровите пред Младенецот.
Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.
Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.
За време на овој празник се пали и коледарски оган, кој е поврзан со обичајот, наречен Коледица или Коледе. И денес и во минатото во селата и градовите во сите краишта во Македонија, поголеми или помали групи на луѓе палат огнови и пеат песни, а денес се избира и кум, кој меси погача со паричка. Оној, кај кого ќе падне паричката, наредната година станува кум. Вечерта на Божик некаде се става и слама во собата за спиење, што ја симболизира пештерата во која се родил Христос.
На Божик, рано утрото почнува Богослужба во црквите. Причесната следува по службата кога искараните треба да се помират и да се поканат меѓу себе на гости.
Во некои села во Македонија по Богослужбата девојките одат по овоштарниците и ги врзуваат дрвјата, за да се сочуваат од разни болести и да бидат плодни. Овој обичај е проследен со песни.
Исто така, со Божик е поврзана и поговорката, „Пред Божик, зад Божик дома да си“, што има значење дека за време на Големиот празник треба да се биде дома во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот

извор: Прес24
--------------

Знам дека е малку подолго, ама вреди да се прочита. Не знам кој го пишува ова, нема потпис под текстот, иако сите новинари се потпишуваат, ама начинот на кој е напишан текстов е „Боже прости им, неуки се“.

пс. веќе 2 дена по ред на истиот медиум константно наоѓам текстови со печатни грешки, како текстот за Шумуликоски и за Аркан
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Имаат ли овие лектор во тоа редакциите ??? Вечер кога го читам исто како во маало со копиљана муабает да правам,уличен сленг употребуваат, ама Точка се врвот кај нив владее тотална неписменост.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Имаат ли овие лектор во тоа редакциите ??? Вечер кога го читам исто како во маало со копиљана муабает да правам,уличен сленг употребуваат, ама Точка се врвот кај нив владее тотална неписменост.
Очигледно немаат, а немаат ни основно познавање на македонскиот правопис и граматика, па си пишува кој што сака и како сака. :tapp:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Дали според закон мора да има лектор во медиум?
Ако нема нека направат да мора да има. Така нема да има и потреба за муабет дека ќе се стави во мирување катедрата по македонски јазик.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Дали според закон мора да има лектор во медиум?
Ако нема нека направат да мора да има. Така нема да има и потреба за муабет дека ќе се стави во мирување катедрата по македонски јазик.
Е да, се сложувам за ова (y)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Го прочитав текстот и глава ме заболе. Трагично е што луѓето упорно ги читаат ваквите „новинари“ и покрај неписменоста. Добро е што барем некои медиуми, како Дневник и Нова Македонија имаат лектор.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.996
Поени од реакции
84.583
Имаат ли овие лектор во тоа редакциите ??? Вечер кога го читам исто како во маало со копиљана муабает да правам,уличен сленг употребуваат, ама Точка се врвот кај нив владее тотална неписменост.

Епа дечко што очекуваш од весникот на Латас :icon_mrgr:
 
А

Антоние

Гостин
Исто така треба да се внимава и на содржината... од секој "доктор" по философија (АДХД болесник) не бива колумнист!

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=131292387&id=13&prilog=0&setIzdanie=22471

еве еден цитат од колумнава... ви препорачувам да ја прочитате целата...

„Ниту гладот, ниту неправдите, па дури ниту дискриминацијата (во која било форма, која најчесто произлегува од антимакедонскиот охридски рамковен договор) не треба да доведат до таква одлука, до бегство пред проблемите, состојбите во државава. Напротив, токму неподносливото секојдневие треба да поттикне ангажман за решавање на проблемите, поправање на грешките.“
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Епа дечко што очекуваш од весникот на Латас :icon_mrgr:
А другите весници и медиуми да не се поарни нешто, једино МТВ држи до стандарди и 90% од денешните појаки новинари т.е искусни кои ги гледаш на телевизија се од таа куќа
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Епа дечко што очекуваш од весникот на Латас :icon_mrgr:
Тој весник е историја во државава ама таква сподоба како него,го направи со уличен сленг а не само тој прати ги fail.mk ќе се изненадиш на кое ниво е пишаниот збор.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Значи не им доаѓа памет и не им доаѓа. :tapp:

Им посочив на твитер да си најдат лектор и да се опраат, ама не ми вратија. Изгледа не нашле. :D
Ако им дојде памет и си најдат лектор, на шо ќе се смееме? :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom