Одлуката на Меѓународниот суд за правда по повод тужбата на Македонија против Грција (општа тема)

Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.660
Поени од реакции
4.300
Ова е морална победа ама со паметни политички потези може да биде и нешто поголемо од ова.Сега Хорхе,Грујо и Трајко имале средба на Водно по што треба да излезат со став што ќе превземат во иднина околу ова прашање.Мислам дека е време да ја прогласиме за неважечка пресудата во Хаг и да побараме гласање за прием во ОН под уставното име.Па ако Палестина можеше да победи покрај еврејското лоби мислам дека нашите шанси се многу поголеми.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Исто колку што влегувањето на Палестина во Унеско ја намали меѓународната моќ на Израел.
Нема да им помине на Грците повеќе да не претставуваат како неконструктивна страна во спорот насекаде низ Светот.Ќе имаме повеќе држави лобисти на наша страна после ова,на некој земји фактите им се од големо значење во дипломатијата.Палестина издвојува убедлива дипломатска победа над Израел која во изминативе 100 години не е видена во дипломатијата.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Многу ги потценувате Грците, ама и не е чудно тоа да се случува во земја која има пастир на власт. Мора да има едноумие. Ајде да влеземе во НАТО,ЕУ тоа ќе биде победа. Не, Грција сега не знам што. На Грција и простија 175 милијарди евра. На нас ако ни дадат 100 милиони Грујо ќе плаче јавно на телевизија. А тоа дека Грујо се сложил да го смени името 2008 не кажувате. Или веќе се сложивме дека е добро да се смени името па сега се договараме како курва за што ќе го смениме? Извинете ако навредив некои партиски војничиња на форумов, навистина сакам да мислам исто како вас, ама не можам. Ај ќе биде ќе ги протерате сите како нас од државата или ќе не затворите па ќе славите вакви пресуди на Скендербег плоштадот.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Битно Грујо каков таков го обели образот на државата и го врати моралот кај нацијата и да искочи фраер и си дигна уште повеќе рејтинг.

Кога го поведоа спорот го прогласија за будала и удрен а уште тогаш некој "експерти" мрчеа како ќе изгубиме и ќе ни се смее цел свет.

Да беа другите паметни и да си ги штитеа државните интереси немаше да дојдеме до овој степен.
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Многу ги потценувате Грците, ама и не е чудно тоа да се случува во земја која има пастир на власт. Мора да има едноумие. Ајде да влеземе во НАТО,ЕУ тоа ќе биде победа. Не, Грција сега не знам што. На Грција и простија 175 милијарди евра. На нас ако ни дадат 100 милиони Грујо ќе плаче јавно на телевизија. А тоа дека Грујо се сложил да го смени името 2008 не кажувате. Или веќе се сложивме дека е добро да се смени името па сега се договараме како курва за што ќе го смениме? Извинете ако навредив некои партиски војничиња на форумов, навистина сакам да мислам исто како вас, ама не можам. Ај ќе биде ќе ги протерате сите како нас од државата или ќе не затворите па ќе славите вакви пресуди на Скендербег плоштадот.
Дечко што ти е на тебе бе? Секој втор збор тебе ти е партиски војничиња и грујо. Дај не го тупи цело време истото па истото вртиш во круг цело време. Жими ку*ов на грција и простиле 175 милијарди евра.

Одлукава на судот е во секој случај позитивна и владата мислам дека е должна во следниов период да направи притисок врз ѓупцине и меѓународната заедница. Знае некој кога е НАТО самитот во Чикаго?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
зошто во секоја тема мора да мешаат партии? аман , грујо па грујо не ми се верува некои членови колку се опседнати и со вмро сдсм грујо бц.. знам дека не е моја работа и дека можат да ме казнат што реагирам но модераторите би требало да ги избришат сите тие коментари исто и мојов. ФАЛА
 
P

PewDiePie

Гостин
Добро бе нормални ли сте ? Мора ли секоја тема да ја усерете со политички препукувања ? Па ова е најопштата тема на која сите како Македонци мора да имаме едно мислење,не важно кој е сега на власт,кој бил и кој ќе биде.
Не бидете толку ограничени маме му,мислете на Македонија не на Грујо,Бранко,Трајко и Петко.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Се е ова добро што ја добивме битката во Хаг, но некој може да ми одговори дали во овој момент навистина ни се потребни еу и нато?
Сите сме за влез во овие организации и реално заради нив по судови низ хаг се маткаме, а дали навистина вреди да се тепаме за нив, јас уште пред 2-3 години почнав да се сомневам, и денес сум повеќе против нато и еу. Да не беа овие организации ние ке преговаравме со грција до денес? - Тикви, немаше ни да си го смениме името со оваа глупа референца. Nigel Farage е еден од ретките, кои ја кажува вистината за тоа колку смрдат овие организации.
 
Член од
27 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
42
Vo red grcija ja prekrshi vremenata spogodba i sega sto mislam shto korist nie makedoncite i nashata drzava od toa ?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Се е ова добро што ја добивме битката во Хаг, но некој може да ми одговори дали во овој момент навистина ни се потребни еу и нато?
Сите сме за влез во овие организации и за нив по судови низ хаг се маткаме, а дали навистина вреди да се тепаме за нив, јас уште пред 2-3 години почнав да се сомневам, и денес сум повеќе против нато и еу. Nigel Farage е еден од ретките, кои ја кажува вистината за тоа колку смрдат овие организации.
НАТО ни е преку потребен, ЕУ во моментов не. Од членството во НАТО Македонија само корист може да види, и на внатрешнополитички план, и на планот на надворешни инвестиции. Добро се знае дека членството во НАТО во финансиските кругови се смета за гарант за сигурноста на инвестициите.

ЕУ во моментов не ни треба, сосем ни е доволен статусот на членка кандидат.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.162
Поени од реакции
23.656
сега стварно се изгубивте во просторот и времето.
тоа што го добивме спорот во хаг не чини?? требаше да изгубиме??
мислам дај доизјаснете се , што ви е мислата. што сака авторот да кажи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom