Благодарам за туторијалот. Сега имам друго прашање. Гледам овде се зборува само за буковка и шитаке, што стана со шампоњоните? Инаку да кажам дека јас немам искуство со одгледување печурки ама затоа имам доста искуство со собирање диви печурки имам пробано повеќе од 15 видови
и можам да кажам дека нема лоша печурка туку има само луѓе шо не знаат да ја спремат
Јас би сакал да почнам со шампињоните(имам убав простор 50м2) меѓутоа ме интересира дали има од некаде во Македонија да се купи готов супстрат, комплет спремен за производство? И нормално дали има каква била можност за пласман? Дали има преработувачки капацитети за шампињони кои вршат откуп?(Бонум, Ким, Драква) која е цената и нормално дали некој има некое искуство???
Сега знам дека одма ќе ми се турите со коментари од типот виртуелен производител, сакаш гаранции, не сакаш ризик, треба сам да дистрибуираш и така натаму. Затоа однапред ќе ви кажам дека јас веќе се бавам со еден свој мал бизнис(производство на храна) во кој го сносам ризикот(вложив околу 40 000 евра) и сам почнав дистрибуција со само 1 производ и сум комплетно свесен за позицијата на сила која ја имаат дистрибутерите, синџирите на супер маркети и останати „бизнисмени“ кои ја користат негативната позиција на производителите во Македонија и ги користат сите финти за да не ти платат, да те заебат и да си работат со твоите пари што е можно подолго.