- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.850
Некаде прочитав дека пазарот од пара-фармација е поголем од пазарот од продажба на опојни дроги (кои знаеме се вон законот, барем во 99,9% случаи)... тоа е трагично! Удираат таму каде што е најболно, најосетливо.... удараат најниско што може! Не само ‘‘тревките на баба Рада‘‘ ете и кај Јанко (бурекот) пред некој ден гостуваше една квази (пишман) докторка која всушност и никогаш не била Др мед... Слаѓана Велков, која паламудеше 2 саати за завери во Светот за медицината како слуга на некои ташак групации кои сакаат да го контролираат Светот и популацијата како Билдерберзи, Илуминати, Масони и незнам какви не трици... и големите профити на фармако картелите Pfeizer, Roshe, Sanolfi, Novartis, Merck Jonson (на квадрат) ... и тн и тн. За тоа зошто популацијата е нагло зголемена во 20-тиот за разлика од 18... или (1805 од 1 милијарда 1926 на 1,6, а од 26 до денес на 7,2, не било благодарение на развојот на науката: медицината, фармацијата... туку благодарение на фрижидерите! незнам дали да кукам или да се смеам... Вели понатаму како ‘‘стручњак‘‘ од областа, леб не треба да јадеме и се што содржи глутен (сите тестенини добиени од пченка пшеница) ништо значи од тоа (сукано месено, тестенини.... НИШТО!... натаму ништо и од месо (освен риба за која знаеме дека е чиста) ништо од јајца или млеко и млечни производи сирења, кашкавал...! Вели на децата не им давајте млеко за да добијат калциум во фаза на растот... и досетливиот Јанко многу елоквентен и начитан: Па да, и жирафата не порасна толкава пиејки млеко и јадејки млечни производи) точно Јанко! И морков треба да јадеме, за видот го подобриме да ‘‘видиме‘‘ ваква свиња дава коментар за жирафите и онаква опајдара како гостин која тресе глупости... да! морков за очите! Па кој зајак носи наочари!?... Вели на тоа Велков па исто и кравата не пие млеко а преполна е таа со калциум и млеко кое го дава... Е значи заклучокот би бил калциум и други витамини, минерали ќе најдете во тревата! Користете за исхрана САМО зеленчук и тоа сиров и тоа со зелена боја највеќе.... Како шлагфорт (заклучок) само и само зелено - би можел да заклучам дека порача: пасете трева и јадете банани! Ееее лудаци бре свуда вас има! Кошула со ептен долги ракави за вакви!Тотално ќе не исфрикаат по барањето лек од рак и долг живот. Ако не прекине лудилово, за година дена половина од населението на земјината топка ќе станат диви кози.
Исто од такт ме вади една реклама која оди во флаерот на ЗЕГИН, а додуша Механџиски се потрудил и како прилог да оди и на многу сајтови портали и списанија... http://mkd-news.com/graviola-bilka-10-000-pati-posilna-od-hemoterapijata/
вели Гравиолата (растение од дождовните шуми) има 10,000 пати појако дејство од сите досега познати цитостатици и хемотерапија за третирање на малигни заболувања! Ееееј луѓе ова е злостор! Како можат таква блувотина, таква (лажна надеж) да им дават на најунесреќените луѓе... каква совест имаат овие...како само и властите и оние што треба да спречат дозволуваат вакви превари! Па жителите од и околу ‘‘Дождовните шуми‘‘ нели оболуваат од канцери? Колку живеат тие во просек 150 години? Животниот век таму е едвај 50 години додека во ЕУ (над 75) Јапонија 80... па зарем го третирава и спасива Чавез со Гравиола? Будалаштини!.... Исто така познатите капки ‘‘Вендоксин‘‘ кои лечат од шуљеви проширени вени, висока температура и настинки, срќеви маани... Рекламине им се шоу... Олгица вели страдала многу како мала од бронхитис, па докторот и рекол да си земе Вендоксин кој е правен од чудотворни тревки, па вели Олгица натаму ете сега кога ги користам исчезна модрилото од нозете! Заборавила Олгица (или тие што ја спремале) да проверат дали се капките и за Алцхајмер!? И ‘‘шипоно‘‘ е добар како и младиот земјоделец кој вели по третман со капките немам повеќе проблем со циркулацијата!? Е да ви кажам право јас незнам како се осеќа тој проблем? Кои се симптоми на слаба циркулација? Зарем млад активен човек може да ги има!? Мизерии!
И ред други примери за иљачи и храна кои ќе ни го продолжат и направат поквалитетен животот... Сосема си во право Леандра, толку се агресивни што ќе не побудалат!
И уште нешто (ма да изнервиран претерав)... интересно е тоа што се (или скоро се) што се пласира како чудотворен лек билка, иљач.... расне или го има на милион километри одовдека! Кактус од Мексико, Шитаки печурки од Јапонија, Омега3 од сардини ама само уловени во ‘‘норвешкото море‘‘ (ништо од Ева сардина), Гравиолата од дождовните шуми на Амазонија и во ЗЕГИН за само 900 банки 50 грама... уште една ‘‘чудотворна‘‘ печурка од Јапонија ‘‘Агарикус блазеи‘‘ (погодувате пишува во флаерот на споменатата компанија го спречувале ширењето на малигните клетки) и уште еден ‘‘уништувач‘‘ Црн кумин (немам појма каде расне прв пат слушам за ова, не е Nigel Sativa)...па некојси Корицепс (не е мускул ама за еден мускул го препорачуваат! ) за ерективна дисфункција (повторно од далечниот исток на Азија, како што старите дупачишта се лажева на времето со ЖенШен....Комбуха габа Спирулина, Фиберс... ништо (или скоро ништо) бре од овдека антиканцерогено, многу лековито! Се што е корисно антиканцерогено и борец против стареење и радикали, го има на десетици иљади км од овдека..... Па како доживеава нашите баби и дедовци по 80-90 години? Како се бореле за здрав живот, како се справувале со слободните радикали? Знаеле ли тие всушност за нив? Со Спирулина? ГЕ-132... Или опаш од Тасманиски Ѓавол (ова јас го измислив) но нека не ве изненади да извадат овие ‘‘мрачни профетерски сили на злото‘‘ дека лечи нешто од опасните болештини! Живееле долговечно и се лекувале со автохтони растенија: Нане рузмарин, камилица, маточина... и тн и тн..... Јас секој ден се поголем скептик станувам кон агресивните кампаљи за чудотворните лекови....
Така и со ова растение Гоџи.... од пм дојдено овдека, па сега тука да го одгледуваме против стареење и против слободните радикали.... на Шешељ!?