Одгледување Гоџи

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
што е гоџи?
Гоџи е жбунесто дрвенесто растение, со вкусен плод во форма на црвени бобинки. Во тие мали, но моќни плодови се крие тајната на долговечноста на луѓето од Тибет, од каде што потекнува. Го нарекуваат „волчја бобинка“, „среќна бобинка“, „црвен дијамант“, „лициј“ (Lycium barbarum). На Хималаите, со векови се користи не само како храна, туку и како природен лек. Расте 1,5 до 2 m во височина и до 2 m во пречник. Цвета од шестиот до осмиот месец, а плодовите сукцесивно созреваат од деветиот до десетиот месец во годината. Плодовите се големи од 1 до 2 cm и се јадат свежи или сушени. Од гоџи се прават сокови, сирупи, чаеви, ликери, овошни јогурти, а во кулинарството е многу често употребуван додаток, особено на салатите.

На почетокот од овој век, нивната популарност расте, кога резултатите од медицинските истражувања го потврдија нивното благотворно дејство врз здравјето на луѓето. Американските стручњаци го сметаат за овошје на векот! Во светот не постои толку силен додаток во исхраната против стареењето!

Според американската скала што ги мери антиоксидантните својства на храната (ORAC scale -Oxygen Radical Absorbance Capacity scale), гоџи е супериорно прв! Да појасниме дека, колку што е позицијата повисока на ORAC скалата, толку повеќе храната има способност да ги уништува слободните радикали, кои го нарушуваат здравјето, предизвикуваат хронични заболувања и го забрзуваат процесот на стареењето.

ОДГЛЕДУВАЊЕ
Плантажното одгледување на гоџи е мошне профитабилен бизнис. Гоџи успева на секакви почви до шеста категорија, со pH вредност од 5 до 8. Земјиштето не смее да содржи тешки метали.

Се препорачува употреба на пластична фолија која заштитува од трева и ја чува влагата во текот на годината и до 60 mm. Во првите три години се препорачува наводнувањето да биде по систем капка-по-капка.

Садниците од гоџи, со врвен квалитет и со меѓународен сертификат, кои за само неколку месеци после засадувањето, ќе го дадат првиот род! Растението дава плод 30 години!
Садниците се контејнерски, со добро развиен коренов систем. Се садат во текот на месец мај, но истите треба да се резервираат најдоцна до крајот на октомври.

Негата на посевите се врши на пролет, кога растението се обликува и крои, а заштитата е минимална, во главно со бакарни препарати.

Комерцијалниот интерес за гоџи, во светски рамки, е огромен. Направени се инвестиции за милијарди долари, кои вклучуваат одгледување, чување, обработка, пакување и дистрибуција на гоџи. Има интерес за сите видови гоџи продукти: свежи или сушени плодови, преработки како сок, слатко, екстракт и др.

http://bioplant.mk/index.asp?odgleduvanje=1

Оваа фирма од Скопје врши откуп,се потпишува договор, гоџите за кило се откупуваат по цена од 2,5 и 5 евра зависно од сортата.Едно растение дава просечно од 3-5 килограми,берба може да има 2-3 пати годишно велат.Една садница е 5 евра,гоџите не бараат бог знае какво оддржување..Имаат и понуда на нивниот сајт за склучување договор.
http://bioplant.mk/Goji_Berry.pdf
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Дали некој знае колку е големопродажната и малопродажната цена на овие бобинки ?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Дали некој знае колку е големопродажната и малопродажната цена на овие бобинки ?
Пишав погоре,фирма од ск кај нас ги откупува по 2,5 и 5 евра.Али на запад се многу поскапи,сушени достигнуваат цена и 20-30 евра за кило незнам колку е точна информацијава ама така прочитав негде.Кај нас дали има по пазари и маркети стварно не сум запознаен.
 
Член од
16 октомври 2013
Мислења
80
Поени од реакции
58
Прво прочитав одгледување Грци :D

Интересно, ако е поздраво од аронија што е многу здрава за се' тогаш мора да се проба. Ова цената, 2.5 и 5 евра за кило е? Ако е, не е скапо да се земе.
За конзумација, колку се конзумираат на ден?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тотално ќе не исфрикаат по барањето лек од рак и долг живот. Ако не прекине лудилово, за година дена половина од населението на земјината топка ќе станат диви кози.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Тотално ќе не исфрикаат по барањето лек од рак и долг живот. Ако не прекине лудилово, за година дена половина од населението на земјината топка ќе станат диви кози.
.........незнам зошто се ова ме потсеќа на: јапански препелици, па шитаке печурки, па оние пацовите за бунди и деликатесни кобасици,па брзорастечки дрва од кои се користи се од кора, преку корен ...до лист, па ноеви и нивните трепки....итн.итн. Бизниси на кои прават пари само оние кои ја продаваат илузијата....;)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
.........незнам зошто се ова ме потсеќа на: јапански препелици, па шитаке печурки, па оние пацовите за бунди и деликатесни кобасици,па брзорастечки дрва од кои се користи се од кора, преку корен ...до лист, па ноеви и нивните трепки....итн.итн. Бизниси на кои прават пари само оние кои ја продаваат илузијата....;)
Се изнабркаа луѓето ноеви и полжави по нивите пред неколку години. На ред е да садат волшебни дрва, кои раѓаат лековити овошки кои го сузбиваат ракот и алергиите. На тв е уклучена баба Рада со тревите и настанува комплетно лудило во МКД. Барајќи го чарето луѓето се ќе купат.

Од бизнис страна очекувам следна година да се појават специјални прочистувачи на воздух и вода, потоа извитоперени овошки и зеленчук кои сигурно се на некоја листа на антиоксиданси ако живееш во најзагаден град на свет, овошката волшебно ќе те спаси и трет изум би бил флаширана магла.

Следните години ако се вложи во „здрава храна“ ќе има пари, лудилото само што започна, толку години кампања вроди со плод.
 
Koлку е лековито кој ти знае,дали е исплатливо вака површно изгледа да.А дали ќе има будали или паметни да купуваат веројатно и тоа да.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Koлку е лековито кој ти знае,дали е исплатливо вака површно изгледа да.А дали ќе има будали или паметни да купуваат веројатно и тоа да.
Биди уверен дека ќе купуваат. Тргнувам и од себе си лично. Иако знам дека е тешка машинерија уклучена за перење мозок за „здрава храна“ сепак купувам аронија, а пушам по пакла цигари на ден.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Биди уверен дека ќе купуваат. Тргнувам и од себе си лично. Иако знам дека е тешка машинерија уклучена за перење мозок за „здрава храна“ сепак купувам аронија, а пушам по пакла цигари на ден.
Ете видиш.Ајде да садиме,ја имам 2 декара нива ќе насадиме гоџи и ќе живееме 100 години :icon_lol:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Се изнабркаа луѓето ноеви и полжави по нивите пред неколку години. На ред е да садат волшебни дрва, кои раѓаат лековити овошки кои го сузбиваат ракот и алергиите. На тв е уклучена баба Рада со тревите и настанува комплетно лудило во МКД. Барајќи го чарето луѓето се ќе купат.

Од бизнис страна очекувам следна година да се појават специјални прочистувачи на воздух и вода, потоа извитоперени овошки и зеленчук кои сигурно се на некоја листа на антиоксиданси ако живееш во најзагаден град на свет, овошката волшебно ќе те спаси и трет изум би бил флаширана магла.

Следните години ако се вложи во „здрава храна“ ќе има пари, лудилото само што започна, толку години кампања вроди со плод.

....е па и ти....а таман ја финиширав бизнис идеата и прототипот....шумлива таблета пиво....раствораш во вода и имаш инстант пиво...секаде и секогаш ...плус нема да смета забраната за продажба на алкохол

на тема
секоја храна во умерена количина е здрава и лековита...но секоја година се појавува некој чудесен и семоќен производ кој лечи повеќе болести и од Иван Исцелител и после пола година е заменет од некој помоќен

гоџито како и сите други билки е ОК да се одгледува за свои потреби или комерцијално доколку имате вишок земја и работна сила....но не очекувајте чуда...после 2 години ќе биде сеедно дали на истата површина сте засадиле дренки или гоџи

кога сме кај дренките....дали во МК некој одгледува комерцијално дренки?
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ovie se mnogu vkusni nesto kako drenki se ama se dosta slatni i so jak vkus...dodeka aronijata e totalno sranje nema vkus samo sobira usta i e mnogu kisela. Inaku vo Kina gi stavaat vo zelen caj kako dodatok. Kineska stvar se.
--- надополнето: 16 ноември 2013 во 20:25 ---
Inaku gi ima SP market nesto prodavaat ova ona prodavackata mi rece bile neznam sto lek za sve...a i se nasmeav zosto bas mi gi donesoa od Kina za vo caj.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom