Титулата повторно во рацете на Работнички Ф.
МАКЕДОНИЈА ЏИО - РАБОТНИЧКИ Ф. 2:3
(27:25, 17:25, 25:20, 21:25, 13:15)
Струмица, сала: Парк, Гледачи: 500, Судии: М. Тасев и М. Трајков, Делегат: Т. Мисовски
МАКЕДОНИЈА ЏИО: К. Михаилов 11 поени, Семенковски 25, В. Михаилов 6, Јорданов (л), Делевски, Атанасов, Димовски 13, Славков 5, Панов 8, Милев 10, Н.Ајтарски и Ј.Ајтарски 1.
РАБОТНИЧКИ Ф.: Ѓорѓевски 2, Маџаревиќ (л), Јосифов 10, Трајчевски, Деспотовски, Милков 20, Симоски, Митев 1, Ристоски 11, Гинов, Ајети 10 и Модев 16
Дванаесетта титула за одбојкарите на Работнички Ф. во домашното првенство. И во третиот финален меч од пресметката со екипата на Македонија Џио, "железничарите" успеаја да слават иако најтешко, но на крајот се чини заслужено.Во еден одличен меч кој траеше повеќе и од два часа, екипите на Македонија Џио и Работнички Ф. одиграа еден одличен меч полн со неизвесности и пресврти, во кој подобро на крајот се снајдоа гостите и ја реализираа третата победа во ова финале со кое ја осигураа шампионската титула.
Мечот почна со израмнета игра на двата тима. До 5:5 и двете екипи играа внимателно, за Македонија Џио да се наметне со серија од 4 поени и водство од 9:5. Следуваше одржување на водството од 4 поени константно некаде до финишот на сетот. Македонија Џио водеше и со 18:14, а потоа и со 22:20. Во финишот Македонија Џио влезе во криза и дозволи гостите да се вратат дури и за освојување на сетот. Поведоа со 25:24, но Макеонија Џио успеа да се врати со два одлични поена на Славков и Семенковски за водство од 1:0.
Во вториот сет сосема друга слика. Работнички Ф. почна одлично и направи огромна предност кон средината на сетот. Водството од 17:10 за "железничарите" беше недостижно за домаќините, кои единствено што можеа да направат е да се подготвуваат за следниот сет.
Во третиот сет повторно добра игра на струмичани. Играа добро во првиот дел од сетот и имаа предност од два до три поени (10:8 и 13:10). Потоа следуваше добра игра на гостите и израмнувањ ена резултатот на 15:15. Македонија Џио повторно се врати со серија за водство и од 5 поени на 22:17. Потоа беше илузорно да се очекуваат пресврти, па домашните стигнаа до водство од 2:1 во сетови.
Во четврттиотс ет нова драма. Работнички Ф. почна лошо и се чинеше дека домаќините одат на победа. Македонија Џио поведе со неколку поени 11:7, 12:10, но потоа следуваше и криза кон средината на сетот. Шампионот заигра како што знае, ја искористи невнимателноста на домашните и многуте направени грешки, направи пресврт и стигна до 25:21 за израмнување на 2:2.
Во решавачкиот сет одбојкарите на Работничи Ф. имаа одлична игра уште на стартот. Водеа и со 5-6 поени разлика, за да стигнат на меч-топка со 14:9. Но, неочекувано, гостите паднаа во играта и дозволија Македонија Џио да дојде на 13:14. Сепак, радоста ја скрати Милков, кој со смеч во противничкото поле на Работнички Ф. му донесе нова титула.