- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 1.952
- Поени од реакции
- 14
"Само Брокинг нека спие на тоа уво дека ќе биде прв"
Ја освојува земјата на ветерниците и оваа година. Со својот Орион блеска во една од најсилните европски одбојкарски лиги, им пркоси на сите искушенија во еден тим во кој дојде со скромни амбиции, а годинава е на добар пат да стигне и до врвот. Гордо кажува дека е Македонец, ја предводи екипата која е сплет на младоста и искуството, незаменлив на примачката позиција, суров во нападот.
Горан Алексов, капитен на македонската одбојкарска репрезентација, од Дотинхајм за "Македонски спорт", направи анализа на групата во која се најде нашиот национален тим за следните квалификации за ЕП 2007, во кои за противници ќе ги имаме Холандија, Словенија и подобриот од двомечот Шведска/Грузија.
Како ти изгледа групата, еве неколку недели по ждрепката. Имаше време да легнат работите, да видиш малку и пореално на противниците?
"Не само за групата, туку и за целиот дел од квалификациите мислам дека ќе ни биде ист како пред две години. Не ми се верува. Па, ги добивме и Холандија и Словенија, со кои веќе имаме негативно искуство. Третиот ривал ќе биде различен, а можеби и не, ако Швеѓаните ја победат Грузија. Значи, повторно 'старо друштво'... О. К., силна група, со познати ривали. Холанѓаните се фаворити за првото место, но тоа не значи дека и останатите три репрезентации ќе бидат во сенка. Ние со Словенците и Швеѓаните ќе се бориме за второто место. Ќе биде голема борба."
Ако Холандија е фаворит, тоа значи дека ние ќе се "тепаме" со Словенија за втората позиција која води во баражот?
"Па, словенечката одбојка е на доста добро ниво. Знаејќи дека имаат две екипи кои играат во таа средноевропска лига и дека имаат еден куп интернационалци кои играат во реномирани екипи од Франција, Австрија, па и Италија, јасно е дека се квалитетен состав. Репрезентацијата, покрај тоа, веќе неколку циклуса игра во А-дивизијата, тоа само по себе кажува дека имаат искуство од вакви средби, но и квалитет. И ние тоа го видовме пред еден циклус."
Што велат Холанѓаните за групата. Имаше реакции?
"Сметаат на сигурен пласман на ЕП. Нема некои посебни реакции, како да се пласираа на ЕП пред време. Сметаат дека групата е лесна и дека ќе ја поминат."
Реално, имаме шанси против "лалињата"?
"Не се непобедливи. Не се она што некогаш беа. Мое лично мислење е дека ќе има некое изненадување. Можеби во Холандија, но многу поверојатно во Скопје."
Нивниот селектор не е омилен кај новинарите и воопшто во одбојкарската јавност?
"По доаѓањето на Хари Брокинг се сменија и работите во репрезентацијата. Сега истата се подмладува, има нови играчи, но нема резултати. Не се задоволни многу на резултатско ниво, но упорно форсираат подмладување на тимот. Мислам дека и до дуелите со нас ќе има нови промени. Брокинг се најде на удар на јавноста со неколку потези, особено со враќањето на ветеранот Клок и покрај тоа што се бореше за шанса на помладите."
Со Орион имаше неверојатно добра сезона. Втори сте зад Неселанде. Изненадени сте или...?
"Не би рекол дека сме изненадување. Минатата година овој тим имаше значителен пораст на квалитетот. Амбициите беа и сега се за да се најдеме меѓу првите четири. Искрено, во клубот се задоволни и со третото место. Останува да продолжиме како што почнавме и да видиме што ќе биде на крајот."
Можна е титула?
"Подобро да кажам дека очекувам финале, во Купот или во првенството. Ако тоа го реализираме, потоа с$ е можно."
Ти си таму до јуни. Потоа?
"Имам договор на 1+2 години. Завршувам со обврските во јуни, па потоа седнувам на маса со управата. Ако се задоволни од мене, останувам уште една или две сезони."
Лани во репрезентацијата имаше улога на капитен, но не влезе на турнирот во Скопје. Догодина ќе мора да помогнеш со искуството.
"Се вратив во репрезентацијата и тоа со капитенската улога. Не играв од тактички причини, што не значи дека не бев подготвен. Ако требаше, ќе дадев с$ од себе. Знаете дека секогаш сум тука за националниот тим. И следнава година ќе бидам на располагање на селекторот."
Те чекаме дури за подготовките во мај. Годинава ни требаат ли посилни контролни средби?
"За ваков вид натпревари ќе ни требаат добри контроли со добри репрезентации, но не се исклучени ниту некои силни екипи. Мислам дека ни требаат уште малку поорганизирани подготовки. Мислам дека и ОФМ го знае тоа и ќе го оствари."
С. Кузмановски
ЦИТАТИ:
"Велат дека имаат лесна група и сигурно ќе одат на ЕП, што е шанса за нас и да ги изненадиме, па ако е можно и на нивни терен на првиот турнир"
"Овде одбојката е пасија. По фудбалот таа е број 1. Првенството е силно, салите се полни"
Алек ме следи на секој натпревар
"Мојот син Алек има само 20 месеци, но не пропуштил ниту еден меч на Орион оваа година. Редовно е со мојата сопруга Марија на трибините и, верувајте, тоа е само мотив повеќе да играм добро. Мислам дека како тргнал со спортот, најверојатно ќе го наследи татко му..."
Холанѓаните се подмладија со 36-годишниот Клок!?
"Медиумите и тоа како му забележаа на селекторот Брокинг за состојбата во репрезентацијата. Почна да ја подмладува, да носи нови играчи и цело време играше на таа карта. На крајот го викна во овој подмладен тим 36-годишниот Марко Клок. Можете само да претпоставите што пишуваше по весниците."
С$ ќе се "скрши" на првиот турнир
"Најбитен, според мене, за пласманот на првите две места ќе биде првиот турнир. Јасно ми е дека ќе биде тешко бидејќи ќе се игра во Холандија, но мислам дека многу зависи и од тоа во кој град ќе се игра. Ако овде направиме добар резултат, шансите за ЕП ќе бидат и реални и големи."