Одбојка

Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
marketar напиша:
ВТОР НАТПРЕВАР:

ДЕНЕСКА:

МАКЕДОНИЈА ЏИО - РАБОТНИЧКИ Ф. 18:00

Струмица, сала: ДТВ Партизан

Судии: М. Тасев и Н. Мицевски

Делегат: Ј. Мисовски
имено победи фершпед со 3-1 и поведе со 2-0 во серијата кој попрв до 3 победи. наредниот натпревар се игра исто така во салата партизан во струмица во четврток во исто време 18.00.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Титулата повторно во рацете на Работнички Ф.

МАКЕДОНИЈА ЏИО - РАБОТНИЧКИ Ф. 2:3

(27:25, 17:25, 25:20, 21:25, 13:15)

Струмица, сала: Парк, Гледачи: 500, Судии: М. Тасев и М. Трајков, Делегат: Т. Мисовски

МАКЕДОНИЈА ЏИО: К. Михаилов 11 поени, Семенковски 25, В. Михаилов 6, Јорданов (л), Делевски, Атанасов, Димовски 13, Славков 5, Панов 8, Милев 10, Н.Ајтарски и Ј.Ајтарски 1.

РАБОТНИЧКИ Ф.: Ѓорѓевски 2, Маџаревиќ (л), Јосифов 10, Трајчевски, Деспотовски, Милков 20, Симоски, Митев 1, Ристоски 11, Гинов, Ајети 10 и Модев 16

Дванаесетта титула за одбојкарите на Работнички Ф. во домашното првенство. И во третиот финален меч од пресметката со екипата на Македонија Џио, "железничарите" успеаја да слават иако најтешко, но на крајот се чини заслужено.Во еден одличен меч кој траеше повеќе и од два часа, екипите на Македонија Џио и Работнички Ф. одиграа еден одличен меч полн со неизвесности и пресврти, во кој подобро на крајот се снајдоа гостите и ја реализираа третата победа во ова финале со кое ја осигураа шампионската титула.

Мечот почна со израмнета игра на двата тима. До 5:5 и двете екипи играа внимателно, за Македонија Џио да се наметне со серија од 4 поени и водство од 9:5. Следуваше одржување на водството од 4 поени константно некаде до финишот на сетот. Македонија Џио водеше и со 18:14, а потоа и со 22:20. Во финишот Македонија Џио влезе во криза и дозволи гостите да се вратат дури и за освојување на сетот. Поведоа со 25:24, но Макеонија Џио успеа да се врати со два одлични поена на Славков и Семенковски за водство од 1:0.

Во вториот сет сосема друга слика. Работнички Ф. почна одлично и направи огромна предност кон средината на сетот. Водството од 17:10 за "железничарите" беше недостижно за домаќините, кои единствено што можеа да направат е да се подготвуваат за следниот сет.

Во третиот сет повторно добра игра на струмичани. Играа добро во првиот дел од сетот и имаа предност од два до три поени (10:8 и 13:10). Потоа следуваше добра игра на гостите и израмнувањ ена резултатот на 15:15. Македонија Џио повторно се врати со серија за водство и од 5 поени на 22:17. Потоа беше илузорно да се очекуваат пресврти, па домашните стигнаа до водство од 2:1 во сетови.

Во четврттиотс ет нова драма. Работнички Ф. почна лошо и се чинеше дека домаќините одат на победа. Македонија Џио поведе со неколку поени 11:7, 12:10, но потоа следуваше и криза кон средината на сетот. Шампионот заигра како што знае, ја искористи невнимателноста на домашните и многуте направени грешки, направи пресврт и стигна до 25:21 за израмнување на 2:2.

Во решавачкиот сет одбојкарите на Работничи Ф. имаа одлична игра уште на стартот. Водеа и со 5-6 поени разлика, за да стигнат на меч-топка со 14:9. Но, неочекувано, гостите паднаа во играта и дозволија Македонија Џио да дојде на 13:14. Сепак, радоста ја скрати Милков, кој со смеч во противничкото поле на Работнички Ф. му донесе нова титула.
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
Сега ја видов темава и гледам никој одамна не пишал нишо
Иначе јас сакам одбојка во основно играв многу.....сеа послабо скоро ич ама пак си го сакам спортот.....
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
Одбојка на плажа во Охрид

На иницијатива на компаниите "Промо дизајн" и "О3", а во соработка со Одбојкарската федерација на Македонија и со поддршка на градот Охрид и АРМ, претстојните десетина дена (22 - 29 јули) во Охрид, на охридското крајбрежје, за првпат на вакво ниво ќе се одржи турнир во одбојка на плажа.

За таа цел вчера беше одржана прес-конференција на која присуствуваа А. Георгиевски и М. Саздов, иницијатори на ваквата идеја, и А. Тасевски, поранешен одбојкар и член на репрезентацијата на поранешна СФРЈ а сега тренер на Блискиот Исток, поточно во Саудиска Арабија, на која беа изнесени интересни податоци околу целиот настан. Беше речено дека целата манифестација покрај спортско-рекреативниот има и забавен карактер, што привлече посебно внимание. Значи с$ на едно место.

Што се однесува, пак, до натпреварувачкиот дел, тој опфаќа неколку категории - компании, аматери, професионалци.

"Според програмата, турнирот ќе го отворат екипите кои доаѓаат од компаниите, и тоа в сабота, на 22 јули, а ќе се натпреваруваат и в недела, на 23 јули. Потоа, следните два дена, на 24 - 25 јули планиран е настапот на аматерите, а на 28 - 29 јули ќе настапат професионалците", рече А. Георгиевски.

На тоа се надоврза М. Саздов, кој истакна дека финалните мечеви, кои ќе завршат со голема забава, планирани се на 29 јули, следната сабота.

"Интересни ќе бидат дуелите на аматерите во чии редови ќе има јавни личности од забавниот живот во нашата земја. Засега имињата остануваат тајна", истакна Саздов.

Турнирот ќе се игра на два терени, со место за публика, со дел на кој гледачите ќе можат да се освежат, а во вечерните часови ќе има и забави за кои е задолжено Антена 5 радио, многу награди, забава на брод за победниците... Локацијата е именувана како "Бафало бич" во близина на "Билјанини извори" кај езерската полициска станица.

Инаку, целиот настап има и свои финансиски поддржувачи како што се Амстел, Канон, Космофон, ИК банка... А, пак, што се однесува до наградниот фонд, тој е комбиниран - финансиски и стоков и е во нормални рамки имајќи предвид дека оваа манифестација е прва од ваков вид во нашата земја.
 
Член од
2 мај 2007
Мислења
50
Поени од реакции
0
ОДБОЈКА

Би сакал овде малку да позборуваме за одбојката...​
мене ми е омилен спорт и тренирам веке 3ипол години....
се надевам ке има доволно заинтересираност (од страна на членовите на форумов) за оваа тема...
поздрав________________________________
 
П

Паспарту

Гостин
brat ubavo sto treniras odbojka no ako vaka se prodolzi(mislam vo ligata) crno ni se pisuva zatoa sto kvalitetot vo nasata lia e vakov:

1. rabotnicki fersped





2. makedonija gio



































3 - do kraj site ostanati ekipi

se nadevam razbiras sto sakam da ti kazam :) nemame kvalitet vo ligata toa e golem problem ako se ostvari idejata za organiziranje na balkanska liga ke bide mnogu podobro,a vaka rabotnicki pred sekoj natprevar vo evropskite kupovi mora da ide nadvor od makedonija ili da igra prijatelski vo gradski park so ekipi od sosedstvoto zaradi katastrofalniot kvalitet na ostanatite ekipi od prvata liga
 

Zic

Dragon Slayer
Член од
24 март 2007
Мислења
114
Поени од реакции
1
Јас тренирам одбојка прилично сум добар, завчера игравме во Кичево но за жал изгубивме.Инаку одбојката е многу интересен спорт.
 
Член од
5 април 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
Vo koj klub igraas ?

Stom si igral vo Kicevo, znaci ste igrale so Sutova, a posto Sutova imat ekipa samo za Seniorsko prvenstvo, znaci...

Sepak, ovoj vikend e finaleto na kupo. :zlo:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
И јас едно време тренирав, ама се откажав...Зошто, и самиот незнам
 
Член од
27 февруари 2006
Мислења
1.356
Поени од реакции
9
да не беше работнички фершпед немаше ни да знаеме дека има одбојка кај нас
 
П

Паспарту

Гостин
Aleee напиша:
да не беше работнички фершпед немаше ни да знаеме дека има одбојка кај нас
да! ама сепак мора да се признае дека одбојката е закон спорт! барем мене многу ми прави мерак (посебно женска одбојка на плажа) :)
 
Член од
2 мај 2007
Мислења
50
Поени од реакции
0
Хехе...знаеш ти што сакаш...:)
Добро точно е дека немаме многу квалитетни екипи но одбојката е доста интересен спорт и ако нема многу квалитет во лигата не значи дека неможеме да дискутираме на таа тема....
и освен Работнички и Македонија-Џио се добра екипа а исто така доста квалитетна екипа се и Струмица...кој котираат високо а играат со многу млади играчи...
поздрав
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
dobro e odbojka osobeno ako igras,a inace rabotnicki fersped i mak. reprezentacija ze zverovi treba da produzat taka za da opstane odbojkata kaj nas
 

Potato

Cold hearted
Член од
18 мај 2007
Мислења
4.924
Поени од реакции
86
Hahahaha, Koki, ako sakas fali si ja sopstvenata ekipa :P

Dobro, ima 5-6 " deca " od koi moze da bide nesto, ama ima i nekoi koj ... :)

Sepak, vo finaleto na play offot , prviot natprevar se odigra vo skopje. Rabotnicki Fersped protiv Makedonija GIO.

3:0

Ne znam tocno za setovite ama bile nesto kako 25:18 ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom