Се јавив во Македонски Шуми на телефон 2621 446
Таму ми рекоа -
Дрва нема ниту ќе има
На Алфа ТВ, пред две недели, е објавен напис дека дрва има во приватните складови но поскапо
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=97064#.Vcr9InGqooI
приватните складишта има дрво за огрев ама е поскапо од лани за 10 евра по кубик. Во едно скопско складиште каде побаравме понуда, дабот чини 3700 денари, а буката сто денари помалку. Друг приватник пак со се превоз и сеча нуди бука за 3650, а даб за 3750 денари. „Ако сте за купување побрзајте оти за две недели можеби ќе го продавам дрвото поскапо“, сопственикот не ја гарантира актуелната цена...
- „Јас купувам дрво од македонски шуми а тие прават лицитација на интернет па не знам до каде во иднина ќе оди цената“-вели сопствени на склад за огревно дрво
Во повеќето од складиштата на македонски шуми за сега нема дрво. Така во подружниците во Битола, Тетово и Свети Николе не знаат кога ќе добијат нови количини бидејќи сега се снабдувале пензионерите кои имаат приоритет. Цената во Јавното претпријатие е различна во зависност од подружницата односно градот каде се продава - дабот некаде чини 2660, некаде пак 2450. Метар кубен бука се продава во еден државен склад 2580, а во друг за 2370.„
Ситуацијава е алармантна - помогнете да собереме информации каква е ситуацијата со снабдување со огревно дрво низ другите градови