Огревно дрво (проблем со достава на ЈП МП)

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Не знам кај вас како е во шумското, али во Прилеп, ако не фатиш некој од шоферите или вработените во шумското за пријател, ќе си платиш прва класа, а ќе ти донесат стапови за змии да тепаш.
Незнам како е кај вас,али кај нас САМ си товараш во шумското или било каде..Ќе те однесат до купот дрва,и ќе ти речат од овој куп можеш да си одбереш 10-15-20 кубици,без разлика колку ти треба.Тракторот до тебе,и товарај си.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.223
Поени од реакции
36.441
Незнам како е кај вас,али кај нас САМ си товараш во шумското или било каде..Ќе те однесат до купот дрва,и ќе ти речат од овој куп можеш да си одбереш 10-15-20 кубици,без разлика колку ти треба.Тракторот до тебе,и товарај си.
Не ваму си ги порачуваш и си чекаш на ред да ти ги донесат.
Документ добиваш за да можеш да ги однесеш до дома?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.911
Поени од реакции
41.875
Па не може сите да ги одберат најубавите дрва, пак ќе остане некое тенко. :D
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.223
Поени од реакции
36.441
Па не може сите да ги одберат најубавите дрва, пак ќе остане некое тенко. :D
Ако плаќам за прва класа, треба и да добијам прва класа, затоа и тенките имаат една цена, а дебелите друга цена.
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Не ваму си ги порачуваш и си чекаш на ред да ти ги донесат.
Документ добиваш за да можеш да ги однесеш до дома?
Па секако..Во спротивно може да ти викнат шумска полиција,и да ти ги товарат од дома..Покварен народ сме.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.223
Поени од реакции
36.441
Најдов дрва,по 2450 денара од кубиче од Шумското,потегнав врски,си купив бука прва класа 5 кубици..
Фрли некое трупче накај Прилеп оти ќе еволуирам во пингвин на зима :D
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Фрли некое трупче накај Прилеп оти ќе еволуирам во пингвин на зима :D
Абе и една греалка да си купиш,пак нема да измрзнеш..Огинот кога ќе го запалам од сабајле од кај 10,мора да гори до кај 8 навечер..Дали ќе гори само за мене,или за цело семејство е сосема исто,дрвата си одат..А овака ако сум само ја дома,уклучи греалката,нека грее еден саат,ќе се затопли собата..А огинот кога ќе се приберат сите тогаш се пали..
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Огревното дрво за да има влажност помалку од 20%, природно треба да се суши најмалку 2 години. Најдобро е дрвото да биде исечено и исцепено
Еве примери на сушари за дрво












 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.087
Поени од реакции
1.193
абе како немало дрва ами оние што ги примија 1500-1600 колку беа на лотарија што ги влечеа на МТВ нека одат во планина нека дрва нека сечат а не да се :sekcza: , :masa:, :kafence:денеска по 10 дрва минумум тоа се 15-16 иљади дрва дневно за неколку месеци ќе има и за извоз.
Ама по се изгледа друго е проблемот и така ќе биде се додека ДИРЕКТОРИВЕ НА ЈАВНИВЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА КОИ И КОГА ДОШЛЕ БИЛЕ :гомце: ЗАГУБАРИ А КОГА ДОШЛЕ НА РАКОВОДНА ФУНКЦИЈА ГИ НАПРАВИЛЕ БАНКРОТ не одговараат :uzi:(лежат по затвори)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во медијумите се појави првиот напис за состојбата со огревно дрво.
На 24 вести е објавено:
Рекордна цена на огревното дрво, побарувачката расте, складиштата полупразни
http://24vesti.mk/rekordna-cena-na-ogrevnoto-drvo-pobaruvachkata-raste-skladishtata-poluprazni
Во написот може да се прочита:
„ На складиштата од ден на ден се помалку дрва. Сопствениците јавно не сакаат да коментираат, но велат постои недостаток на дрва за греење а побарувачката е зголемена. Во дел од скадиштата дабовото дрво достигна цена од 4.000 денари за кубен метар. Цената на буката во приватните складишта е 3.200 денари. Во Македонски шуми, цената за кубен метар буково, односно дабово дрво со се превоз, чини од 2.500 денари. “
Како што најавив: Очекувајте вистинска бура на вести по медијумите околу ова
Да ја оставиш Македонија без огрев, да дрвото биде поскапо во Скопје одколку во Берлин и Њујорк и да го нема, е ескандал без преседан
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Два написи за ситуазијата со недостагот на дрва
http://faktor.mk/2015/08/30/drvata-za-ogrev-skoro-dvojno-poskapi-od-lani/

На пазарот моментално цените се зголемени за 40% до 45 % од минатата година. Па така, кубик дрва сега може да се купи за цена од 3 400 до 3 600 денари.

Истовремено, и понудата на огревно дрво е намалена скоро за половина од лани. Оваа година на пазарот се понудиле од 120.000 до 150.000 метри кубни дрва.

http://telma.com.mk/vesti/poskapeno-ogrevnoto-drvo-vo-istochna-makedonija
Граѓаните од Источна Македонија се жалат дека во моментов не можат да набават дрва за огрев за оваа зима, а она што се нуди во моментов на пазарот цените се зголемени за 40% до 45%, така да кубик дрва, сега може да се купи за цена од 3 400 до 3 600 денари. Кризата, но и високите цени на огревното дрво најмногу ги чуствуваат граѓаните со пониски примања и пензии.

На Сител други вести - Недостатокот на дрва за огрев произлегува од ниските и достапни цени
http://sitel.com.mk/na-baranje-na-zhitelite-na-zhirovnica-se-reshava-problemot-so-gorevno-drvo-i-tv-signal

Јакнење на капацитетите на Македонски шуми, преку соработка на претпријатието со Владата. Недостатокот на дрва за огрев и огромната побарувачка што произлегува од ниските и достапни цени ќе се решава со низа мерки кои беа донесени на последната владина седница. Целта на Владата е сите баратели да добијат огревни дрва пред почетокот на грејната сезона.
 
Последно уредено:

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Тие Сител лажачи невидени..Ќе ги седнам во кола кај мене,ќе ги прошетам низ сите складови за дрва низ Велес,и нека кажат по колку пари се дрвата..И чудна работа,се жени работат по складовиве,и тоа жени прва класа,да не речам девојчиња по 23-24 години.Плавуши,мислиш работи во Викторија Сикрет.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Abe Vladata resava problemi, gradi patista, vrabotuva! Vie ne ste znaele?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom