Огревно дрво (проблем со достава на ЈП МП)

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ве молам погледајте го ова видео кое е објавено на ТЕЛМА а трае три минути
http://telma.com.mk/vesti/ogrevnoto-drvo-go-nema-gragjanite-vo-ochaj-pred-zimata
Послушајте го директорот ( не сакам ниту име да спомнам )
Тој вели дека во Скопје се троши 100 до 200 илјади кубици - очигледно тој не знае колку кубици се потребни за Скопје
Понатаму вели дека не треба сите да се грејат на дрво - имало алтернативи

Јас од се срце му порачувам - не треба секој да биде директор - има алтернативи
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Ee toa da vidis. Vo Veles so vagoni gi nosat,vodeni.Tie za da moze da se gorat, treba 1 mesec nadvor da se susat. Briketi kupi si
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Ee toa da vidis. Vo Veles so vagoni gi nosat,vodeni.Tie za da moze da se gorat, treba 1 mesec nadvor da se susat. Briketi kupi si
Сега ако ти донесат водени дрва, тие дрва немат да се исушат до другата пролет, чадилници ќе е цела куќа, другата година ќе требит да се преваросат и трипати поќе ѓубре ќе се чистит.
Каша попара им е ситуацијава во јавниве претпријатија и ко стално, проработвит македонското, место да се пристапит кон решавање на проблемот, топката си ја префрлаат едни на други.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве го написот од tirekovmirece.com

http://tirekovmirece.com/Novost/Со-товарни-вагони-се-превезува-огревно-дрво-за-велешани

Од написот се гледа дека испорачани се илјада кубици
Но нема ниту збор дека дрвата, кои доаѓат си вагони биле влажни . За овие дрва, веројатно доаѓаат од увоз и не би требело да се влажни
Но во написот има изјава од директорот кој вели дека и сега интензивно сечеле дрва. Вакви дрва, кои сега се сечат, се влажни и практично не можат да се користат оваа зима
http://alsat.mk/News/216919/problemi-za-snabduvawe-so-ogrevno-drvo

Но еве напис кој се однесува на ситуацијата во Скопје и во кој има изјава на директорот дека дрвата кои се пренесуваат со железница потекнуваат од Македонија
Јас на тој човек не му верувам
 
Последно уредено:

Gi nosea bas po dozdot,ziveam na glavna ulica i gi gledam kamionite kako nosat drva po dozdot. Da se isecat vednas, da se piknat podsuvo i moze i kebidat za upotreba posle Nova Godina.
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Водени дрва или сурој, џабе ти е сега и сечење и цепење, а и ставање под суво. Многу поголеми се шансите да фатат мувла и да станет труљи него ли да се исушат. И стварно јас не ги разбирам овије луѓе шо платиле во Април, Мај месец со договор до Септември за да ти ги достават, а дрва или уште немет или гарант ги добиле после предвидениот рок, абе оди закачи им тужба шо ги тркаљаш.
Дно дна сме, буквално во сите сфери во државава, абе за свинска пичка не не биват, е то ме нервират и уш некој копиљ ќе ти излезит ќе ти кажвит дека неморало сите да се греет на дрво дек имало алтерантиви. ццц
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Gi nosea bas po dozdot,ziveam na glavna ulica i gi gledam kamionite kako nosat drva po dozdot. Da se isecat vednas, da se piknat podsuvo i moze i kebidat za upotreba posle Nova Godina.
Toa што се дрвата покиснати не е опасно. Таа влага се суши за ден или два
Проблем е влагата што е во клетките на дрвото
Тие сега во септември или октомври сечеа дева. Во тие месеци дрвата се во вегетација и клетките се полни со вода.
Проблем е сушење на оваа влага. За да природно се исуши ваква влага и да се одведе да биде под 20 % потребни се повеќе од две години природно сушење, а при тоа може да мувлоса дрвото ако лошо се чува
Затоа дрвата се се рушат ( обараат ) зимно време, кога не се во вегетација. А летно време само се изнесуваат од шумата.
 
Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Toa што се дрвата покиснати не е опасно. Таа влага се суши за ден или два
Проблем е влагата што е во клетките на дрвото
Тие сега во септември или октомври сечеа дева. Во тие месеци дрвата се во вегетација и клетките се полни со вода.
Проблем е сушење на оваа влага. За да природно се исуши ваква влага и да се одведе да биде под 20 % потребни се повеќе од две години природно сушење, а при тоа може да мувлоса дрвото ако лошо се чува
Затоа дрвата се се рушат ( обараат ) зимно време, кога не се во вегетација. А летно време само се изнесуваат од шумата.
Не ми кажувај мене,баш такви дрва мене ми донесоа пред 2 години,ни гореа ни ништо..Ги донесоа,стоеа во двор една-две недели и ги исековме и под суво ги ставив..Кога дојде време за горење само чадат,никаков пламен,никаква топлина..Само таа година промашивме да купиме дабови и габерови дрва..Се досега строго на бука,ем сум стоплен како што сакам,ем нема чад,ем оџакот чист..
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.989
Поени од реакции
3.720
Веке 3-4 месеци барам дрва за огрев. Во ЈП Македонски Шуми нема дрво ниту змија да отепаш а почнаа и да ги враќаат парите на оние кои уплатиле за дрва. Незнам што е куршлусов и со приватните, не има двале дозволи, тендери..... Цената стигна и до 4.000 денари за кубик и пак нема дрва. Слушнав муабети многу дрва се извезиле во Грција... Има ли некој разумен во оваа држава да ги повика на одговорност воловите од ЈП МШ! Изнапикаат таму и криво и сакато и пак нема дрва! Што е нивната дејјност? Да вработуваат плакатолепачи или да обезбедат дрва за граѓаните. Срамота! Па оној волот од директор на МШ има храброст и се лигави на телевизија прво како ке имало дрва за сите а после кога се виде нивната срамота се лигавеше дека неморало сите да се греат на дрва. Место да си поднесе оставка и да одговара за тоа што нема огрев во државата тој се лигави па дури и се смее. За таквите паразити и тие што треба да го контролираат треба казна, цела зима под камен мост без огрев. Срамота.
Темава не ја отворам за политички коментари. Конкретно само за снабдување дрва и ЈП Македонски шуми. Некој ако знае каде има дрва нека пишува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom