Област - Азот

  • Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Каде се наоѓал тој хотел?
Прв пат слушам за него.
Мора да прашаш некој од моја генерација.
Зградата се уште сигурно е истата.Милан го игзубил цел имот
Се работи за времето под Српско и Бугарско,тие години.
 
C

cige

Гостин
Мора да прашаш некој од моја генерација.
Зградата се уште сигурно е истата.Милан го игзубил цел имот
Се работи за времето под Српско и Бугарско,тие години.
Абе мајсторе те прашав за локација да ми кажеш.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Абе мајсторе те прашав за локација да ми кажеш.
Неколку пати отварав тема за Милан-ми ја бришат.
Семејната куќа им била веднаш до школото „Кирил Методи“
Друга зграда на ул. „Крал Александар-бр.54.
Во Истирискиот Архив во Велес има фонд на овој поет.
А бидеиќи е Велес „една улица“- вероватно и тој хотел е на таа.
Да не барам сега по книгите,точна локација незнам,и што е таа зграда сега и чива е.
Од киното проугоре од лева страна се тие згради од бивша ЈУ.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Е ова погоре го сакам и дали е приватна куќа тоа,давам стан-два на скопскиот асфалт за неа.
(ако имаш и фотки од Домот Чемплес постави, ама и други фотки,повеќе од тамошните села)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Уште 15 до 20 години. После тоа 30 овци, 6 кози, една крава, две свињи , 10 коњи , 4 шарпланинци , рибник, градина и куќарче како она на сликата погоре
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Е ова погоре го сакам и дали е приватна куќа тоа,давам стан-два на скопскиот асфалт за неа.
(ако имаш и фотки од Домот Чемплес постави, ама и други фотки,повеќе од тамошните села)
Анчо на сликата мислам е Домот Чеплес. Еве неколку слики од мијачкото село Папрадиште. :)







Село Ореше.















Црквата Свети Ѓорѓија, Ореше.





 
Последно уредено:

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Со подршка на Градоначалникот Горанчо Пановски и администрацијата на Општина Чашка изминатиов викенд се сними репоретажа за селото Ореше.

Ореше е село во Општина Чашка.. Селото Ореше е се уште населено село иако половина од жителите го напуштиле и заминале на печалба во други земји и градови.

Соседно село на селото Ореше е селото Папрадиште, иако овие села се со иста приказна за населувањето тие се чиста спротивност на живеењето. Ако Папрадиште нема жители ги има повратници само преку летото, а пак Ореше брои околу 200 жители и лето и зима. Во него има 25 семејства со деца,а другите се старци. Шеесетина од нив се пензионери и тука ги поминуваат последните години од животот. Другите се иселени, претежно во Скопје, во Драчево.

Селото Ореше има и училиште од прво до четврто одделение исто така тоа има и продавница.

Ова село се наоѓа околу 800 метри надморска височина и неговите жители немаат можност за земјоделието па тешко се живее. Некои одгледуваат стока, од која за жал нема кој да и го откупи млекото.

Жителите велат дека живеат од социјална помош, иако рака на срце тешко може да се примети тоа. Машката работоспособна популација заминува од селото и работи како молери, по тоа се познати надалеку во Македонија и пошироко.

Орешани се Мијаци, нивните предци се доселиле од Гари, а тука, кога селото било во подем, многумина правеле дрвени садови. И сега неколкумина постари го работат овој занает. Сите саделе тутун и чувале стока. Немало парче земја што не било обработено. Големата преселба започна во шеесеттите години.

Селото Ореше има богата и длабока историја, тоа постоело уште во турското време и доказ за неговото тогашно постоење претставуваат стилот на градење на куќите и сведочењата и прераскажувањата на старите луѓе од ова село. Во ова село живеат и луѓе кои во периодот на турската власт учествувале во движењата за ослободување.

Од 1941 до 1945 година жителите од ова село учествувале во Народно ослободителната војна против германскиот и бугарскиот окупатор.

Една од најкарактеристичните специфичности која што ја одбележува традицијата на населението во село Ореше е народната носија која претставува културно богатство и наследство на населението од Ореше.

Селото Ореше се наоѓа во областа Азот или Бабуна. И покрај тоа што целата област е населена со Македонци, најголемиот дел од нив се идентификуваат како Брсјаци. Луѓето од селото Ореше како и од соседното Папрадиште, пак, се припадници на друга локална заедница Македонци наречени Мијаци. Токму поради тоа во етнолошката наука за овие две села се вели дека се мијачки оази во брсјачка етнографска целина.

Како резултат на исламизацијата и притисоците кои ги вршеле муслиманите во нивната матична територија, Мала и Долна Река, во XVIII век доаѓа до иселување на некои семејства од селата Галичник и Лазарополе кои, главно, се населуваат во планинската област Азот. Оваа област е избрана пред се` поради фактот што тука некои мијачки семејства имале имоти на кои ги напасувале овците и кои претставувале база за создавање постојани живеалишта. За етимологијата на името (етнонимот) Мијаци има повеќе теории. Секако, значајно место му се придава токму на народното толкување: Мие (ние) сме јаки; или зашто биле чисти и измиени се наречени Мијаци (оние што се мијат). Некои автори нивното име го поврзуваат и со нивниот бистар ум (наводно името Мијак го имало тоа значење), но Ѓорѓија Пулески, покрај тоа наведува дека Мијаци значи исто што и Македонци.

Карактеристично за оваа мијачка оаза во Велешко, и покрај блискоста и комуницирањето во секој поглед со населението од соседните села, е тоа што во минатото не се ородувале меѓу себе, па дури и постоеле чувства на нетрпеливост и натпревар меѓу овие две етнички групи.

Имено, Мијаците себеси се сметаат за нешто повеќе од Брсјаците, а пак Брсјаците за нив потсмешливо велат: Мијаци, Тријаци, три камења белутраци.









































РАЈ :) Сликите се превземани од фејсбук страната на Општина Чашка. Во албумот се поставени повеќе слики.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom