Област - Азот

  • Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
И јас имам потекло од Богомила по дедо ми,а пред две години си направив нова куќа таму.Перфектно место да избегаш од Скопскава гужва.Што може да се каже за Богомила?Уфф Ѕидан Мост,Тасески Вир(Тасос),Говедарникот,Омец,Петар Поп Арсов,Богомилско Движење,Транс Журките кои ги праат Богомилчани,Пиво во Коперација...Водопадите на Бабуна,се посебно доживување,онака во шума нема никој и ништо и одеднаш пред тебе гледаш водопад со тиркизна боја,милина.Мислам целото место е магично и во лето и во зима.Кога одам одам на викенд најмалку или 10-15 дена.Едвај чекам сеа за бадник-божиќ да му ја спукам натаму.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
ако можете и некоја слика да дадете од село Војница,
цело село и околина и куќата на Јосиф Ѓорев,
татко на Милан,(кој го имаше хотел Београд во Велес.)
 
M

MrzaRules

Гостин
ако можете и некоја слика да дадете од село Војница,
цело село и околина и куќата на Јосиф Ѓорев,
татко на Милан,(кој го имаше хотел Београд во Велес.)
Ако најдам обавезно ќе ставам :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Човек да реши и да сака да си купи куќа или викендица,
за пензионерските денови,просто да не може да се одлучи,
во кое,да се вдоми, од овие преубави места.
Не кажувам „села“- нарочно,зашто село асоцира на селанец,не.Па баш овде ако сакате е најголемата концетрација на тој народ,сигурно 300.000 роден во с.....“
Кој сака да си поживее некоја година повеќе и да има безгришна старост,без многу инкасатори и сметки,само таму му е мајката.Јас сигурно ќе го направам тоа и ќе избегам од оваа џунгла наречена метропола,која само може да ти го скрати животот до таа мерка да и недочекаш пензија.
Но за жал тоа е вистината.А луѓето се уште не го сваќаат тоа.
 
C

cige

Гостин
ако можете и некоја слика да дадете од село Војница,
цело село и околина и куќата на Јосиф Ѓорев,
татко на Милан,(кој го имаше хотел Београд во Велес.)
Каде се наоѓал тој хотел?
Прв пат слушам за него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom